Дали луѓето се менуваат?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ме интересира, што мислите, кога ќе кажете за некој човек дека се сменил, дали тој човек навистина се сменил или само го покажал своето вистинско лице?

Не мора да биде само менување за лошо, може и за менување кон добро...

Прашањето е колку луѓето навистина може да се сменат?

Велат: Волкот го менува влакното, но наравот не.

Дали се согласувате со тоа или сепак не?

Дали мислите дека е можно човек да се смени на подобро или полошо?
Или сепак, луѓето не се менуваат, туку едноставно им паѓаат маските. Маски кои некого го прават заштитен од повредување и маските кои служат за манипулација.

Може ли да се случи човек да го поттиснува својот карактер и чувства во себе и одеднаш да изплива се на површина, а околината да мисли дека тој човек се променил?
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Многу релативно е ова, јас мислам сепак зависи од капацитетот на тој човек, од неговата желба да се смени, да се промени (мислам пред се' на подобро).
Познавам многу другари кои биле тепачи, насилници, злобници, револтирани од се и сешто, бунтовници без причина кои денес се посмирени и позрели, со посериозен пристап кон нештата. Е сега дали тука влијаел и пубертетот (бидејќи повеќемината се помлади од 18 год.), не знам, но сепак мислам дека сфатиле дека неможат со старата реторика, со стариот начин, дека така само се уништуваат, се излолираат, не добиваат ништо.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Луѓето се менуваат, учат нови работи, забораваат на старите, се мислат и премислуваат. Човек можи да се смени на подобро и на полошо. А дека постојат маски постојат, и тие нешта им се одбранбен систем.
Волкот е волк, а човекот човек :icon_lol:.
 

Fama

Bombin' thru the speakaz
Член од
10 февруари 2009
Мислења
518
Поени од реакции
19
Да, луѓето се менуваат. Секојдневниот живот е главен фактор. За да ги оствариш своите цели и да се прилагодиш на условите од кои зависи твојата иднина треба да промоениш некои работи. Но тие работи со себе повлекуваат и други работи. Па кога ќе погледнеш на крајот сепак луќето се менуваат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Значи вака.... се` зависи од самата личност. Постојат луѓе кои се менувааат поради тоа што мораат, други поради тоа што сакаат, трети несвесно..... Има многу одговори тука. Ќе речам, човекот се менува. И како и секое живо битие тоа го прави поради инстинктот за преживување. Посотјат дури и случаеви кои сакајќи да се смениме нешто во нашиот карактер, пронаоѓаме сосема нови тајни кои се скриени внатре и несвесно се менуваме во трет правец.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Живите, да се менуваат. Промените настануваат во периодот на биолошкото оформување на човекот или речено во пубертетот. Во тој период во зависност од капацитетот на инелегенцијата на човекот настанува и толкава промена кај самиот човек. Во тоа оформување на личноста, некои не се ни свесни за тоа оформување како личност, па се менуваат толку колку што природно трае пубертетот или биолошкото оформување. Додека пак кај луѓето со поголем капацитет на интелегенција самите пубертетски промени се на едно повисоко ниво и таа промена е поголема. После овој период на пубертетот настанува зреење на личноста или дооформување или речено блага промена. Понатаму поголем дел од промените се само визуелни, а не суштински и тие настануваат повремено. Во поголем број на случаи таквите промени се нарекуваат лицемерие.
 

Mrs. Vedder

red cloud at sundown
Член од
12 февруари 2009
Мислења
984
Поени од реакции
66
Да, се менуваат т.е менуваат некои свои стари навики,дел од карактерот, некоја блага промена од корен секако не.Најчесто луѓето се менуваат несвесно за тоа и без да го приметат искоренетиот дел од себе.Со текот на времето и самиот развој како личност луѓето увидуваат повеќе работи и тоа е сосема нормална појава.А има и особи кои како што се вика иста песна тераат цел живот...Ако им е убаво зш да не:toe:
 
Д

Демијан

Гостин
Човек никогаш неможе да се смени.Не правам муабет за менување во пубертетот,зборам за оформена личност па да се промени во текот на животот.Човекот останува ист цел живот.Има и случаеви кога изгледа дека се променил,другите мислат дека се променил,дури и тој,ама ќе дојде ситуација кога ќе се види дека се останало исто.

Има филм The clockwork orange.Се обидуваа да го променат во болници во затвори со најразлични психо експерименти.И на крај кога сите мислеа дека е сега добар човек.На крај вика"К*р што се променив.":)
Според мое мислење созреан човек никогаш нема да го промени својата личност.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Според мене,човек тешко се менува......
После пубертет,кога се оформува карактер на една особа,тешко се менува.Можеби со тек на животот учи многу работи,созрева но сепак карактерот останува.
Колку и да мисли некој дека може да се промени,се лаже.Таа промена трае кратко,а после тоа повторно е истата особа која била и пред да почне да се "менува":toe:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
и јас не мислам дека луѓето се менуваат.
може да ги сменат ставовите или гледиштата на работите, да се научат поинаку да го доживуваат, ама тоа не значи промена на карактерот.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Дали луѓето се менуваат?
Хммм...има некои кои се менуваат само кога ќе бидат "фатени на дело" (ветуваат ќе бидам подобар нема веќе да грешам;да крадам или да лажам итн.) и тоа трае многу кратко се додека не почнат да се однесуваат како порано.

Карактерот е составен дел на секој човек и колку луѓе има на Земјата толку карактери постојат-секој е различен.Сепак никој не е совршен,а вербата во човечката трансформација е базирана на нашата култура и општествени верувања.
Купуваме книги за самопомош верувајќи дека може да не променат од мекуши во силни личности;од депресивни во најсреќните луѓе на светот.Посвојуваме деца мислејќи дека можеме да го промениме нивното минато или во најдобар случај да го избришеме од нивните глави.Се пријавуваме во Анонимното друштво на Алкохоличари верувајќи дека ќе станеме трезни граѓани.
И понекогаш успева сето ова.
Нашата етика ни налага да веруваме дека човекот може да се промени.Но понекогаш претеруваме.

Прост пример: затвореник-дадена му е втора шанса-поминал одредено време во затвор и поради добро однесување и каење за стореното дело дозволено му е сослушување за да го ослободат.
Тој вели:жал ми е,сега сум подобар човек,се променив,никогаш повеќе нема да силувам девојки и да им ги сечам рацете :icon_eek:
И секако ќе биде пуштен на слобода,а ние несвесни за пропустите на нашиот правен систем и за таканаречената втора шанса ги загрозуваме животите на нашите деца ВЕРУВАЈЌИ дека тој човек навистина се променил.

Се е релативна работа.Можеби луѓето се менуваат,сепак уште од самиот почеток треба време.Време за да може секој еден да се пронајде себеси и да се изгради во вистинска личност.Секоја трансформација на себеси,на нашите врски не е инстанта.За се треба време.
На крај водејќи се од разумот не верувам дека карактерот на човекот може да се промени.Единствено што ми преостанува е да ја почитувам желбата за промена на таа личност и да верувам дека ќе исполни барем некое од ветувањата кои си ги наложува секојдневно.
А за мене лично можам само да се надоградувам секој ден за да станам подобра личност сепак карактерот ќе ми остане тој што ми е сега.
Неможе ако сме пудлици да сонуваме да станеме германски овчари.


"Дејствијата кои што го дефинираат човекот,го опишуваат неговиот карактер,се дејствија кои што биле повторувани постојано и кои со тек на време станале релативно независен модел на однесување."
 

Zeng

Thinking inside the box
Член од
9 април 2008
Мислења
1.103
Поени од реакции
31
Луѓето се менуваат и таа промена е еднакво пропорционална на стравот, траумата или стресот што го доживеале.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Луѓето се менуваат. Таа промена најчесто се случува при промена на групата на луѓе во која се наоѓа. Така да луѓето се однесуваат со еден карактер со другарите од средна школа, со друг со колегите од факултет, со трет со блиските пријатели, со четврт со фамилијата итн.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Според мене луѓето во текот на животот не се менуваат суштински. Се менуваат во тоа што растат, созреваат, го менуваат мислењето за нешто, но добрите луѓе остануваат добри, а лошите - лоши. Мислам дека малку звучи грубо, но тоа е јас што мислам.
Доколку некој ве изневерил, ве повредил..., а вие сте мислеле дека таа личност е позитивна и не сте очекувале некогаш да се деси тоа, тоа не е некаква промена кај него, туку ваша неспособност правилно да ја проценете личноста или пак неговата способност да ја прикаже лажно и да изиграва гуд гај.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17
Поени од реакции
0
znaci vo zavisnost kako se smenile nadvoresno ili vnatresno


mislam deka postoi menuvajne na karakterot kaj nekoi lujde


tie mislam dek go menuvaat karakterot pod odredeni uslovi

ili za odredeni pricini na dobro ili na loso


i mislam deka karakterot se menuva spored sredinata vo koj prestojuvate

pr ako odreden period ziveete na selo i ako go prifatite mentalitetot na tamosnite

lujge koi se smireni vo sekoj pogled

togas ppo vrajkajneto nazad vo gradskata sredina ostavate vpecatok na drug covek
:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom