Дали кога сте во врска имате додворувачи?

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Темава ја стаив затоа што ми се случува стварно глупава работа.
Сите знаат дека имам дечко, дека одиме подолго време и се сакаме,а многу често се случува да ми се додворуваат повеќе машки дури и пред него! Истото се случува и кај него, девојки доаѓаат на маса и прашуваат кога е слободен, и сл.
Инаку не ме изневерува, а ни јас него ама луѓето ни ја имаат врската сватено како на заебанција.
Ви се има нешто слично ситуација, и како сте изреагирале или како би изреагирале доколку ви се случи?
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
Темава ја стаив затоа што ми се случува стварно глупава работа.
Сите знаат дека имам дечко, дека одиме подолго време и се сакаме,а многу често се случува да ми се додворуваат повеќе машки дури и пред него! Истото се случува и кај него, девојки доаѓаат на маса и прашуваат кога е слободен, и сл.
Инаку не ме изневерува, а ни јас него ама луѓето ни ја имаат врската сватено како на заебанција.
Ви се има нешто слично ситуација, и како сте изреагирале или како би изреагирале доколку ви се случи?
За болдираното никогаш не можеш да знаеш, баш работата е ти да не знаеш!!:smir:
А иначе на темава, да ми се случило.... како сум реагирала...никако, му давам на знаење дека не сакам ништо, имам дечко и готово:toe:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Темава ја стаив затоа што ми се случува стварно глупава работа.
Сите знаат дека имам дечко, дека одиме подолго време и се сакаме,а многу често се случува да ми се додворуваат повеќе машки дури и пред него! Истото се случува и кај него, девојки доаѓаат на маса и прашуваат кога е слободен, и сл.
Инаку не ме изневерува, а ни јас него ама луѓето ни ја имаат врската сватено како на заебанција.
Ви се има нешто слично ситуација, и како сте изреагирале или како би изреагирале доколку ви се случи?

Kako sto ti go posakuvas da e tvoj, taka i nekoja druga go posakuva, za izneveruvanjeto ne davam komentar bidejki toa e nesto najnesigurno u sekoja vrska , ali toa e realnosta, sekoj sekogas ima dodvoruvaci:pos:
 

^Кристи^

Dreamer
Член од
1 ноември 2007
Мислења
781
Поени од реакции
41
Ми се има случено исто така во долга врска, стојам јас со дечкото за рака фатена во дискотека, а отпозади доаѓа еден ненормален (извинете за изразов) и ме гушка за половина. Исто уште еднаш се случи, но овојпат друг лудак беше.
И нормално што сум јас тука крива?!
Немав никаков проблем со дечкото поради тоа, но нормално е да сакаат намерно да направат караница луѓето, такви се.
А на мене ми се нема случено, на него некоја да му се стави додека јас сум со него. А како би изреагирала? Врска немам.
Како и да е, ако идете толку долго, не треба да имате никаков проблем во врска со довербата.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Не ми се случило токму тоа, па сигурно неможам ни точно да одговорам што би правела во тој случај.
Ваљда би се нервирала што немаат контрола удварачите и што намерно предизвикуваат такви непријатни моменти. Покрај тоа, сигурно би убивала се` наоколу со поглед, бидејќи плескањето во лице тоа што треба во непријатни ситуации не ми оди баш.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Зависи од ситуација.
На пример ако на мојата девојка и се пушта друга девојка-во тој случај би ја поканил да седне со нас и би и нарачал пијачка.:wink:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па би рекол вака... На никој/а на чело не му пишува дека е во врска и доколку некој не те знае, а му се допаѓаш, логично е да ти се додворува. Муабетот е има разбрани луѓе, кои откако ке разберат дека си во врска, си се повлекуваат, но има и безобразни најчесто мамини-татини галеничиња кои мислат дека се со пари се купува, па си се упорни и едноставно досадуваат. Сепак колку ке бидат упорни зависи и од личноста на која и се додворуваат...
Ми се има десено, со 2 збора ги откачувам.

Она што го напиша Кристи е веќе екстремен случај, и би рекол дека тој тип е нецивилизиран, не се разбира од збор, па му требаат други (дивјачки) мерки.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Се дешава, се дешава...:) И дечко ми знае да испизди за тоа ако некој е многу директен и нападен, ама обично не трипа и знае дека колку и да имам додворувачи - тоа нема да влијае на мојата одлука да сум во моногамна врска со него:)
На него кога ќе му се запушта некоја реагирам ладно и ако сме во исто друштво само правам кучката да сфати дека сум подобра од неа:)))))
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Се согласувам со Dzish. Па на никого не му пишува на чело дали е во врска или не. А и секој сака да си проба на крај краева.

Реагирањето потоа е индивидуално. Како што ќе има онакви кои ладнокрвно ќе го одбијат додворувачот, така постојат и онакви кои можеби ќе го прифатат.
Сечие е да проба, зошто да не. Мое е да одбијам.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Кога ја отварав темава баш мислев да пишам дека секој има право да си проба, а одлуката зависи од другата страна, ама Кики била побрза :).
Само ќе додадам дека има луѓе кои иако се во врска се понашаат слободно и отворено ко да се сами и без врска. Тоа обично остава простор да се "посомневаш" во квалитетот на врската и да настапиш похрабро.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Јас обично не приметувам ако мене некој ми се пушти,но би била директна и ќе му кажам дека сум во среќна врска.Е сега ако е упорен не одговарам за моите постапки.Ако некоја му се пушти на мојот партнер ќе го оставам тој да го реши тоа.
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Па би рекол вака... На никој/а на чело не му пишува дека е во врска и доколку некој не те знае, а му се допаѓаш, логично е да ти се додворува. Муабетот е има разбрани луѓе, кои откако ке разберат дека си во врска, си се повлекуваат, но има и безобразни најчесто мамини-татини галеничиња кои мислат дека се со пари се купува, па си се упорни и едноставно досадуваат. Сепак колку ке бидат упорни зависи и од личноста на која и се додворуваат...
Ми се има десено, со 2 збора ги откачувам.

Она што го напиша Кристи е веќе екстремен случај, и би рекол дека тој тип е нецивилизиран, не се разбира од збор, па му требаат други (дивјачки) мерки.
Неможе некој да незнае дека сум во врска а секој ден ме гледа со дечкото како излегувам за рака, како се гушкаме , бакнуваме и слично...
Инаку муабетот ми беше кога луѓето знаат дека сте во врска...
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
А мое е да си поиграм малку пред да го одбијам :pipi:
Право на сопствен избор...притоа поигрувањето е само за забава или евентуално некој облог со дечкото, другарките можеби, а?:pipi:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Право на сопствен избор...притоа поигрувањето е само за забава или евентуално некој облог со дечкото, другарките можеби, а?:pipi:
За забава, а богами и вежба - тренирам флерт, за да не за'рѓам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom