- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Искрено, немам комплет податоци за да ја почнам дебатава со поткрепени факти до крај, но сепак ќе видам останатите што имаат да кажат.
Повод ми е претставата “Певај Брате“ која ја наполни универзална сала три пати, што е еден импресивен податок. Луѓето излегуваат од неа презадоволни велејќи дека никогаш повеќе не се смееле во животот. Јас, не ја гледав претставата и не можам да коментирам за тоа, а не можам да коментирам ни за нејзиниот квалитет. Сепак, можам да коментирам за една друга, наша, која се вика “Госпоѓа Министерка“. Претстава која е распродадена повеќе од една година ако не се лажам, но, и претстава која е апсолутен кич што е веројатно и причината зошто е толку многу гледана.
Пред извесен период морав да си заминам на пола претстава од “Буре Барут“ на Дуковски со Никола Ристановски во главната улога. Причина, салата беше речиси празна со 15тина малолетници во првиот ред кои мислеа дека Ристановски е маалскиот наркоман со кој можат да се шегуваат. Немав сила да го гледам тој хорор.
И сега, некои “мочковци“ од Србија доаѓаат со приватен театар и ја полнат универзална три пати (зошто, да бидеме реални, зашто домаќинките гледале еден од актерите на пинк/А1/сител телевизија), Весна Бејби која требаше да се прослави со ТВ емисија каде го глуми гласот на народот обожувајќи ја нејзината бајадера, прави три часовно шоу полно вулгарности зашто народот сака да слуша “безобразни“ комшиски муабети (а која претстава е подобра за тоа од Министерка), ама Никола Ристановски кој со самото појавување на сцена зрачи... не може да биде обожуван. Браво народе.
Исто така, Драмски сега има претстава 2012 - Последните Македонци во режија на Сашо Миленковски, директорот на МНТ, а знаете чива книшка треба да имате за да сте директор во денешно време, па го имате “Александар“ на Љубиша Георгиевски (исто така наш човек) и кој знае што се планира во иднина од овој патриотски тип.
За театрите од внатрешноста да не почнувам, тие имаат сосема поинаков концепт и пристап на работите. Би го нарекол, средношколски. Прво темата е како претставите кои ги правевме на 15 години за школските приредби. Кумановчани ми паднаа во очи со нивната “Не играј на англинчани“ со која се рпетставуваат дури и на реномираниот фестивал во прилеп Војдан Чернодрински. Мислам, каде е креативноста луѓе, правите претстава за кладилница... Во ред, читам дека се занимавал со битни работи од општеството, но хеј, и Куча Посо - Посо Куча збори за многу битен социјален проблем.
Станува ли театрот шоу бизнис кој форсира Турбофолк елементи, помалку уметност повеќе забава за широките народни маси?