Дали и театрот почна да произведува „турбофолк“

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Искрено, немам комплет податоци за да ја почнам дебатава со поткрепени факти до крај, но сепак ќе видам останатите што имаат да кажат.

Повод ми е претставата “Певај Брате“ која ја наполни универзална сала три пати, што е еден импресивен податок. Луѓето излегуваат од неа презадоволни велејќи дека никогаш повеќе не се смееле во животот. Јас, не ја гледав претставата и не можам да коментирам за тоа, а не можам да коментирам ни за нејзиниот квалитет. Сепак, можам да коментирам за една друга, наша, која се вика “Госпоѓа Министерка“. Претстава која е распродадена повеќе од една година ако не се лажам, но, и претстава која е апсолутен кич што е веројатно и причината зошто е толку многу гледана.

Пред извесен период морав да си заминам на пола претстава од “Буре Барут“ на Дуковски со Никола Ристановски во главната улога. Причина, салата беше речиси празна со 15тина малолетници во првиот ред кои мислеа дека Ристановски е маалскиот наркоман со кој можат да се шегуваат. Немав сила да го гледам тој хорор.

И сега, некои “мочковци“ од Србија доаѓаат со приватен театар и ја полнат универзална три пати (зошто, да бидеме реални, зашто домаќинките гледале еден од актерите на пинк/А1/сител телевизија), Весна Бејби која требаше да се прослави со ТВ емисија каде го глуми гласот на народот обожувајќи ја нејзината бајадера, прави три часовно шоу полно вулгарности зашто народот сака да слуша “безобразни“ комшиски муабети (а која претстава е подобра за тоа од Министерка), ама Никола Ристановски кој со самото појавување на сцена зрачи... не може да биде обожуван. Браво народе.

Исто така, Драмски сега има претстава 2012 - Последните Македонци во режија на Сашо Миленковски, директорот на МНТ, а знаете чива книшка треба да имате за да сте директор во денешно време, па го имате “Александар“ на Љубиша Георгиевски (исто така наш човек) и кој знае што се планира во иднина од овој патриотски тип.

За театрите од внатрешноста да не почнувам, тие имаат сосема поинаков концепт и пристап на работите. Би го нарекол, средношколски. Прво темата е како претставите кои ги правевме на 15 години за школските приредби. Кумановчани ми паднаа во очи со нивната “Не играј на англинчани“ со која се рпетставуваат дури и на реномираниот фестивал во прилеп Војдан Чернодрински. Мислам, каде е креативноста луѓе, правите претстава за кладилница... Во ред, читам дека се занимавал со битни работи од општеството, но хеј, и Куча Посо - Посо Куча збори за многу битен социјален проблем.

Станува ли театрот шоу бизнис кој форсира Турбофолк елементи, помалку уметност повеќе забава за широките народни маси?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ништо не е чудно. И во текот на образованието кога се споменува театарот на часовите по македонски јазик, заинтересираноста на учениците е на работ на успешност на часот, а крајното резиме од часот, кога наставникот/чката ги прашува децата што разбрале од часот, тие велат: „Наставниче/чке ја гледавте ли „Све за љубав“ ?“. Оттука не треба да биде чудно што, „Певај Брате“ три пати ја полни Универзалната сала. Друг аспект од кој може да се погледне загриженоста за претворањето на театарот во турбофолк театар е и вината на самите актери. Истите оние како што се Никола Ристановски, Бранко Ѓорчев Драган Спасов- Дац и др. докажани во својот занает, во ова силно време на медиумскта кампања и борба за поголема заработувачка, час се актери со уметнички предиспозиции, а час турбофолк актери од типот на г-дин Онур, Бурхан, Тркало на среќата итн. Играњето на таа карта е резултатот кој го имаме. Примената информација е полесна и побрза преку ТВ отколку преку одење во театар, па почитуваните наши актери повеќе се познати како г-дин Онур, отколку како некој лик одигран маестрално на штиците што живот значат ( ова болдираното се помалку е вистина). Оттука претворањето на театарот во турбофолк е вина и на самите театарски работници, кои како и многумина својата неплатена професија ја компензираат со големиот кеш кој се дава во турбофолкот театарот, па така зедоа активно учество кон негова промоција. А народот? Народот ним им ја оставил задачата за забава, што тие ќе му сервираат, тој тоа ќе гледа.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Греота е на Никола Ристановски салата да биде празна. Него би платила само да го гледам, не мора ни да глуми :)
Шала настрана, не само театарот. На Сител што има една емисија со Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушески и други докажани актери кои ни биле идоли во времето од македонските народни приказни, сега се облакаат како жени, во целофан, и пеат некои песни глупи. И народов тоа го гледа. К-15 има стил бе, ова на ништо не личи. За жалење се, многу ми е жал, на кое дереџе стигнаа.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Греота е на Никола Ристановски салата да биде празна. Него би платила само да го гледам, не мора ни да глуми :)
Шала настрана, не само театарот. На Сител што има една емисија со Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушески и други докажани актери кои ни биле идоли во времето од македонските народни приказни, сега се облакаат како жени, во целофан, и пеат некои песни глупи. И народов тоа го гледа. К-15 има стил бе, ова на ништо не личи. За жалење се, многу ми е жал, на кое дереџе стигнаа.
Сега, правете разлика од Балкан бенд и од турбофолк претстави. Сигурно имаш слушнато за Женски оркестар, па Балкан бенд е слична таква пародија само далеку понеуспешна од Женски оркестар.

Позната ми е целата фама околу Госпоѓа министерка и знам колку време стојат на репертоар таквите претстави, па сфатив дека веќе светот се движи кон таа насока и дека народот сè повеќе го прифаќа тоа. Многу полесно е да наметнеш турбофолк без разлика дали е тоа музика, литература или театар затоа што за ова не треба да се размислува, треба само да зјапаш и да се смееш, а длабоките суштински нешта станаа небитни. Народот веќе сака лежерен живот, не сака да си го тупи мозокот (народски кажано) несвесен дека со тоа оглупавува.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.578
Поени од реакции
2.563
Станува ли театрот шоу бизнис кој форсира Турбофолк елементи, помалку уметност повеќе забава за широките народни маси?
Станува. Сам кажа дека на Никола Ристановски имаше 15 тина души, а овие кич претставиве за една година се распродадени. И сега што очекуваш, гледаш дека нема интерес, и ќе си бараш чарето. Не можиш луѓето да ги фатиш за уши и да ги донесиш на претстава со сила. Тие бираат на каква претстава ќе одат. И нормално, ако увидат режисерите и глумците дека тука лежат парите, многу нормално дека ќе прават такви претстави. Од тоа живеат, и од тоа лебот го вадат. И немој да ми речиш, а каде е тука уметноста? - Оти глумците и режисерите во овие тешки времиња, и со право, курот ги заболе за уметноста. А тие како контра аргумент би прашале : - А кај ви е вас културата?:toe:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Незнам што се случува веќе низ театрите, ама предпоставувам дека е шит и турбо фолк "уметност"...
Јас сваќам дека не е секој за Диво месо, Бегалка, Печалбари, Црнила или Хамлет, Тартиф, Ревизор.. знам дека некој неможе да ги свати и неможе да ги поднесе органски, но ова со Певај Брате, Курсаџии е веќе претеризам...

Немам понатамошен коментар, жално е.
На фестивалот Ристо Шишков немаше толку луѓе колку сега (шунтот од северот).
Добивам чуство дека театрите во Македонија почнуваат да се претвараат во циркузи...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Dee_Jay, апсолутно се сложувам, глумците немаат некоја моќ за решавање, тие работат за пари, нивната актерска величина може да се види и на уличен театар а не пак во една театарска сала. Весна Петрушевска всушност и воопшто лошо не глуми само концептот на кој е изградена претставата е тотално моронски. Не дека претходните постави што го играле Нушиќ личеле на “Крал Лир“, претставата е саркастично доловување на општеството, секогаш актуелна тема, но очигледно е бркањето на кешот од публиката. Не обвинувам никого, освен можеби простотилакот на широките народни маси.

Инаку, Буре Барут се игра веќе сто години, нормално е да нема нешто особено публика. Само споредбата е крш. Некој опинци од србија доаѓаат, собираат 15 илјади народ за три дена, а Никола Ристановски игра пред 15 бубуљичави дркаџии кои го иссмеваат додека е на сцена. И као србендиве се супер - иди да ги гледаш, али не иди на Буре Барут, зашо ќе треба да трпиш копиљаци. Ебати системот.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Кај нас во Велес, пошто сум од таму и често идам на престави, сеуште не е навлезен турбофолкот во таа сфера. Сеуште преставите што се одржуваат се на ниво.
Имаме одлична актерска екипа која стварно се гледа дека од се срце сака да ја работи оваа професија.
Во Велес за жал се јавува еден друг проблем.
Велешани се таков народ што сака се да биде на гага. Како викаат, кога е на гага и киселината е блага. Е токму тоа се случува во нашиот театар.
Се делат гратиси низ фирмите и салата е преполна.
Ако не се тие, во театар многу малце луѓе би оделе. Ретко кој купува карта на лице место, а чини само 50ден.
Затоа и нема леб од оваа професија, затоа и не се инвестира во театарот, затоа е запустен, оти прво пари за актерската екипа нема, а не па за друго:toe:
Убаво е шо се гради нов театар во градов, ама како што знаеме се се почнува да се гради и не се довршува само поради тој недостиг на финансии.
Во секој случај, барем кај нас луѓето сакаат да гледаат престави и одат и по неколку пати на една иста што е доказ дека претставите се одлични за гледање и опуштаат.
Иако не е убаво што културата не ни е баш на ниво. Мали деца зборуваат, не гледаат, а дошле за тоа и им го нарушуваат мирот на останатите кои сакаат да гледаат.
Океј да не тупам, извинете за офф.
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Да, потрагично од тоа е што се помалку од актерите се уметници, и што се повеќе на театарот и глумата гледаат како одлика и орнамент, китење на себеси, отколку изразна форма, на своите највисоки воедно и најдлабоки интелектуални, уметнички, духовни сентенции.

Не знам како е таму некаде во Лондон, но кај нас во Битола, лека полека си ебаа мајка театарот, а важеше за еден од најдобрите не само во Македонија, не само во тогашна Југославија, туку во целиот Балкан.

Што и кои да се виновни, виновни се и се до крајност деструктивци со силниот нихилистички жезол, кој ја пара полека лека, и онаа крајна слоевитост на уметноста на овие простори, со некакви си "универзални" параметри и доживувања.

Едноставно е дами и господа, оној актер што дома го слуша Љамбе Аљабаковски, не заслужува да ја очистува (мете) бината, а камоли да игра главна улога.

По малце и оф топик. (од моја страна)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ова јас го знаев уште пред 10 години кога се појавија на концерт за Цеца во Скопје 20,000 со платени влезници и 5,000 рикаја надвор го магарина за да влезат без карта, додека за концерт на македонската филхармонија во Скопје 200 души не можиш да ги преброиш од разделени 250 карти гратис.
Едноставно нашиот народ сака да гледа сељачана зошто се препознава во неа, види го само хитот од јуттјуб куча-посо, па три милиони посети за неколку месеци зошто се самоидентификува популацијата.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Народот ќе сака да гледа тоа што ќе му се пушти, да му се пушта jazz по 24 часа, ќе видиш на кој ќе одат на концерт. Селјаци се уредници на телевизиите и радио станиците, со ретки исклучоци на добри радио станици како 103, jazz FM и club FM,и пуштаат селска музика под изговор го пуштаат тоа демек народот го сакал, а всушност они на крстат во тоа. Еден пример за тоа дека народот сака добра музика да слуша е Marga Sol. Пред неколку години на едно радио, млад дечко пушти едно некомерцијален албум на Marga Sol t.e албумот го има он и неколку други уредници по радио станиците и на пола албум дечкото прекинува со албумот, како мала пауза и вика дека телефоните се отепаа од ѕвонење, да прашаат каде може да го купат овој албум, и тој ги разочара дека е некомерцијален. Знае народот што е добра музика, само самонаречените уредници на радио и телевизиите не знаат тука е проблемот.
 

macaparket

Oфицијализиран Паркет!
Член од
16 јуни 2009
Мислења
281
Поени од реакции
14
Јас ја гледав Госпоѓа Министерка и мн ми се допадна. После тоа одење во театар всушност и ми се разбуди пак театарската пасија.
Инаку вистина е тоа што зборувате дека има ептен искомерзијализирани претстави. Од школо не носеа на Сомнително, Минситерка и јас после предложив на Суд. Ама Суд е малку по сериозна и од мојот клас бевме дури 2јца луѓе пријавени. А богами и тие што беа од другите класови не дојдоа. Салата беше празна. Имав карта за 6ти седев во 1ви ред. Претставата е одлична иако малку потешко сватлива за средношколци. Сепак страва претстава со ептен добри глумци.
Сашко Коцев кажуваше на една емисија за Никола Ристановски. Никола има освоено 13 награди со Белградскиот театар. После една претстава не знам дали таму или тука кога влегол во бифе некои дечки му дале порачка. Веројатно бил облечен слично како келнер па им заличел. А 5 мин пред тоа веројатно го гледале на претставата.
И верувајте најголем дел од мојата генерација не знае кој е Никола Ристановски, не знае кој е Александар Микиќ, а верувајте се срамам и што не знаат (барем тие да ги знаеа) ни еден мал дел од помладите актери како Борче Начев, Славиша Кајевски, Јелена Јованова итн. Кои се исто така одлични актери. Го знаат само Сашко и тоа ептен зошто води бубамара. Додека не се превземе нешто тетарот да се доближи на некој начин до средношколците, тие нема да одат во театар освен ако мораат.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
38
Поени од реакции
1
Бев и на Госпоѓа Министерка и на Суд... и на многу други претстави..И многу сум разочарана од посветеноста на некои актери на сцената. На една претстава еден од актерите додека чекаше да дојде на ред неговата реплика си разговараше со друг актер на сред сцена и ги коментираа луѓето од публиката, крајно непрофесионално!!! Многу сум разочарана гледано од таа страна... Исто така сум разочарана и од поголемиот дел од публиката... од невоспитаните разгалени "дечиња" кои невкусно коментираат на секоја реплика...Кога бев на Госпоѓа Министерка 3 баби седеа позади мене и константо коментираа и на тоа што треба и на тоа што не треба, ете колку ќе не биде нас... Ниво на култура -0... Би препорачала луѓево да почнат да одат на театар и да ги исполнат салите... и да почнат да се социјализираат, а да не запаѓаат у некои сељачки води...А воглавно сум задоволна од претставите кои ги прикажуваат скопските театри...
 
Х

Ханзо

Гостин
Секоја уметност има свој бизнис тумор, на секој уметник има по неколку турбофолкери. Музиката ги има Гранд и МТВ, филмот ги има Холивуд и Мајкл Беј, литературата ја има Стефани. Кичот почнува да се произведува кога бизнисмен ќе види потенцијал во тоа. Премногу сум млад за да знам каква била состојбата со театарот во Македонија пред пар децении, колку имало театар, колку кич, колку бил популарен и кај кои луѓе бил популарен, но од недостатокот од театар муабет кај стариве можам да претпоставам дека не бил баш нашироко распространет во свеста на народот. И тоа е дупката која може да се пополни со турбофолк, притоа носејќи добар профит. Па што сакате од домаќинката која секој ден се забавува со тркало на среќата и мењам жену, потребен и е турбофолк како ветување за подобар и полесен живот. Тоа е турбофолкот, исполнување на потајните желби на обичниот, со комшиски хумор и секс, секс, секс.
Нема место за разочарување, театарот ќе остане театар, бизнисот ќе остане бизнис, турбофолкот ќе остане ѓубре. Сега се продава театар (туморот на театарот де), за некоја година ќе се продава вајарство, па домаќинката ќе стои во некоја галерија пред стилизиран фалус и ќе мисли „Хмм, колку апстрактно“.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Исто така, Драмски сега има претстава 2012 - Последните Македонци во режија на Сашо Миленковски, директорот на МНТ, а знаете чива книшка треба да имате за да сте директор во денешно време, па го имате “Александар“ на Љубиша Георгиевски (исто така наш човек) и кој знае што се планира во иднина од овој патриотски тип.

Станува ли театрот шоу бизнис кој форсира Турбофолк елементи, помалку уметност повеќе забава за широките народни маси?
Стварно ужасна претстава беше "2012-последните Македонци", просто чудно беше како таква претстава наполни цела сала на драмски. Значи претставата се состоеше во играње ора, преиначување на текстовите на народните песни, рикање на луѓето од сцената, терање на публиката да пее со нив.... Имаше една добра сцена, сцената со радио Скопје, друга сцена на која искрено ми беше смешно, мислам немаше.
Целата фора е што тешко е да се направи комедија, толку тешко што, гледајќи ја претставата, гледаме дека тешко и очајно била правена, па морало да се оди во екстреми, разни црни хумори и перверзии... Може тие тоа го сметаат за оригиналност и дрзнување да се направи нешто похрабро, меѓутоа, станува... патетично смешно.
Веројатно самото тоа што се интензивира појавата на вакви претстави, значи дека има поголем интерес од публиката за нив.
Прво, се додека рандом човек од публиката не види некоја стварно добра претстава, нема да има референт за споредба и ќе мора да заклучи според насмеаните лица наоколу дека ова е добра претстава. Добри како, "Облачна исповед"-монодрама со Дац, "Шмизла"-Сашо Тасевски, "Сомнително лице", "Демонот од Дебармаало"
Второ, се додека не си развие критичко мислење, се додека има мали очекувања и оди во театар за да тепа време, тој рандом човек од публиката, практично ќе се смее на се што ќе личи на смешка од претставата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom