Јас во принцип сум прилично неспретна во искажување чувства. Жива сум, топлокрвна, не знам да бидам ладнокрвна, никогаш не сум ни можела да бидам ладна, но сум малце смотана кога сум со дечко, не знам едноставно да покажам точно што осеќам и заради тоа често пати имало забуна дека не сум се замарала, а тоа не е точно, туку мојата срамежливост и неспретност игра голема улога.
Срам ми е да се јавам, срам ми е да го гушнам, за да не мисли дека сум досадна.
Сепак сметам дека се познава од 10 километри кога сум заљубена, таква сум, оддавам некоја енергија која се чувствува, иако често знам да реагирам...па во најмала рака чудно.
Знам да бидам fucked up кога се работи за изразување емоции.
Ја покажувам мојата љубов и моите емоции со одредени постапки кои не се точно фиксирани, стварно не знам како да објаснам.
А што се однесува на другата страна...повеќе сакам топлокрвни како што ги велам јас, што покажуваат емоции, што не се срамат да ме бацат или гушнат на сред улица, што ме држат за рака...што се однесуваат спонтано. Сепак, не сметам дека тие што делуваат поладнокрвно дека не осеќаат ништо, од причина што ете и јас знам да изгледам ладнокрвно, ама тоа е од причините што ги наведов горе.
Башка, се познава кога некој има емоции колку и да не е по искажување емоции...се осеќа. Барем јас мислам така.