Дали и како ги искажувате/покажувате чувствата?

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?
Не искажувам многу чувства,поладнокрвна сум.Мислам сега,по лице или по очи може да се познава дека сум среќна, ама јас да го искажувам јавно тоа нееее.

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?
Пораки секој ден и лигавење многу во врската не сакам,доволно ми е еднаш ако не се видиме да ми пише или да ми се јави,а на секои 5 минути јавување ме нервира. За гушкање и бакнување може тоа,сакам, ама не претерано да ме гуши.

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?
Не мора да значи дека не е заљубен,дека не го/ја сака партнерот/ката,туку едноставно понезгодно му е да се опушти,можеби му е потребно повеќе време.

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?
Па би сакала некој поемотивен од мене,некој што ќе ми кажува дека ме сака,ама не претерано,не сакам некој да ми се лигави со срце,душо и такви ствари постојано,еднаш дневно ми е доволно :) А кога сме сами може и да ми повторува цело време:angel:

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?
Па искрено не сакам многу искажување љубов во јавност,незгодно ми е во друштво сите да зјапаат во мене,пак ќе кажам не сакам кога не сме сами да ме нарекува со било какви прекарчиња.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Мртвило.
Покажувам расположенија, емоции, ноуп.
Или ги немам или навистина не сум во можност да ги распознаам.Едноставно е.Можам да зборувам со денови за една определена емоција, но за да ја почувствувам ... треба векови да поминат или ќе биде тука уште на самиот старт.
:retard:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Навистина те сакам!

Како ја покажувате љубовта? Мислам.. Не само да кажеш - Те сакам.. Туку треба и да покажеш и докажеш со дела. Како љубите без зборови или бакнежи. Дали се тоа изненадувања, поклони, целосно подарување на себеси или незнам.. Баш како ја покажувате љубовта и ете најлудото или најубаво нешто што сте го направиле или ви го направиле за да се покаже љубов.
Како ви ја покажува партнерот љубовта со дела?
Или како сакате да ви биде покажана?:pipi::pipi:
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Спонтаното и природно однесување со партнерот докажува колку го/ја љубиш/сакаш.Доколку се понашаш неспонтано,неприродно и ако глумиш лудило тогаш што и да направиш нема да докажеш права љубов и сакање.Сите постапки и дела(купување/подарување предмети и билокаков вид на обрнување внимание спрема партнерот се прават случајно со мал дел свесно размислување).Значи ти на партнерот/партнерката ако си наумил/а да го/ја изненадиш со купување на чоколадо,нема ни да помислиш на тоа туку едноставно сами нозете ќе ти одат накај продавница да го купиш и да го подариш - ова го наведов како прост пример.Можда само јас така си ја сваќам работата на сакање/љубење.....Шо знам,мене така ми иди :smir: :kesa: :pipi: .......
А и мене сакам на таков(сличен) начин да ми биде искажувано некој дека ме сака.Исклучиво со природно понашање,однос и без бламирање и глумење лудило :smir:
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Уметност е да ја покажеш својата љубов кон оние кои го заслужуваат тоа.
Кога знаеме дека е вистинска и чиста треба да знаеме и да ја покажеме.
Секогаш сум своја.Сметам дека само така најдобро би ја искажала мојата љубов.Оставам моите дела да говорат за тоа што го чувствувам.
Кога се работи за љубов,според мене зборовите се излишни-секој може да ги каже.
Непредвидлива сум,сакам да изненадувам.Знам да го погодам моментот кога ќе му биде потребно тоа.
Се трудам колку што можам да бидам спонтана(ова ми оди малку потешко со оглед на тоа што сакам се да ми биде однапред испланирано).
Ја бирам ситуацијата кога и како да ја покажам љубовта.Не го правам тоа постојано и кога треба и кога не треба.Не дозволувам да се засити.
Покажувам интерес за тоа што му е важно на него.
Сепак,секој е различен и на различен начин ги искажува своите чувства.
Најбитно е сослушувањето и грижата према саканиот.Ретко,а скоро и никогаш,би рекла дека “пали“ незаинтересираноста.
Дела а не зборови.Зборовите губат значење,особено кога се кажуваат често и механички.
 
M

marsovka

Гостин
јас сум во основа огледало на тие што ми се партнери,ако он е воздржан во емоциите тогаш сум и јас ,ако он слободно ги покажув емоциите тогаш и јас ги покажувам ....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас во принцип сум прилично неспретна во искажување чувства. Жива сум, топлокрвна, не знам да бидам ладнокрвна, никогаш не сум ни можела да бидам ладна, но сум малце смотана кога сум со дечко, не знам едноставно да покажам точно што осеќам и заради тоа често пати имало забуна дека не сум се замарала, а тоа не е точно, туку мојата срамежливост и неспретност игра голема улога.
Срам ми е да се јавам, срам ми е да го гушнам, за да не мисли дека сум досадна.
Сепак сметам дека се познава од 10 километри кога сум заљубена, таква сум, оддавам некоја енергија која се чувствува, иако често знам да реагирам...па во најмала рака чудно.
Знам да бидам fucked up кога се работи за изразување емоции.
Ја покажувам мојата љубов и моите емоции со одредени постапки кои не се точно фиксирани, стварно не знам како да објаснам.

А што се однесува на другата страна...повеќе сакам топлокрвни како што ги велам јас, што покажуваат емоции, што не се срамат да ме бацат или гушнат на сред улица, што ме држат за рака...што се однесуваат спонтано. Сепак, не сметам дека тие што делуваат поладнокрвно дека не осеќаат ништо, од причина што ете и јас знам да изгледам ладнокрвно, ама тоа е од причините што ги наведов горе.

Башка, се познава кога некој има емоции колку и да не е по искажување емоции...се осеќа. Барем јас мислам така.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво посветувам големо внимание кон врската и кон партнерот.Може да сум и до 12 на полноќ на работа,сепак во денот ќе најдам барем половина час да го видам,да го гушнам да го бакнам.Доколку ми дозволува времето,го носам на ручек или приготвувам ручек,вечера,го носам на кафе,на прошетка во парк,на викенд во најубавиот град на светот,Охрид:)
Она што знам дека го сака,целосно го подржувам или го придружувам за било каде да е.Ако му требам,нема ништо што ќе ме сопре да отидам,да помогнам,да му завршам некоја работа,без разлика на време.Во денот десет милиони пати му кажувам колку го сакам и колку ми недостига кога не е до мене.Кога ќе го видам буквално го давам со љубов и станувам локал манијак:)
Кога се карам гледам да не ја преминам границата и внимавам да не кажам нешто за што ќе се покаам подоцна (бидејќи јазикот ми е побрз од паметот).Кога е крив знам да го натерам да се почувствува виновен и да се извини,кога сум крива веднаш се извинувам.
Истото го очекувам и сакам од него,ладни луѓе несакам и луѓе кои си ги чуваат емоциите во себе а ти треба да си видовит дали му се допаѓаш или те мрази.Сепак љубовта се познава во очите,но потребно е да се каже и покаже на милион начини.
 

sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
Преку дела. (секс инклудед) :)
 
Член од
30 март 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
...na nekoi i treba da im nacrtash-naslikash, ali ne e problem toa...farbam so site boi jas...:tv:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Кои се индирекните знаци на свиѓање и љубов?

Кажете ми кои се знаците на љубов, ама без онаа дирекна реченица - Те сакам и слично, и како вие дознавате дека некој/а е заинтересиран/а или е вљубен/а во вас?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас никогаш не знам дали некој ме свиѓа или е заљубен во мене. Ама во тој поглед сум како мртов коњ. Никогаш не приметувам. И најочигледни знаци да дава, јас не бре. И да ми каже во лице дека му се свиѓам, јас будала го правам викам: Не бе, не што ти е, не ти се свиѓам (да, ми се има случено :kesa:).

Кај мене пали на препад да ме баци, да се тргнам, сигурно нема да се тргнам (ваљда:icon_lol:). Само така сум сигурна дека некој е заинтересиран, па дури и тогаш не сум баш сигурна.:)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Te гушка квалитетни 10 минути, цврсто. Без никаква вербална комуникација.
Така се чуствуваш сакан. Taка знаеш дека те.. љуби.

За свиѓање, ко минува „случајно“ ќе те допре наводно несакајќи, which will tickle your dick.
Тоа е хемија, right there!
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Кај мене у школо ако некоја девојка ти се свиѓа и правиш сопка или ја кубеш за коса.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Јас никогаш не знам дали некој ме свиѓа или е заљубен во мене. Ама во тој поглед сум како мртов коњ. Никогаш не приметувам. И најочигледни знаци да дава, јас не бре. И да ми каже во лице дека му се свиѓам, јас будала го правам викам: Не бе, не што ти е, не ти се свиѓам (да, ми се има случено :kesa:).

Кај мене пали на препад да ме баци, да се тргнам сигурно нема да се тргнам (ваљда:icon_lol:). Само така сум сигурна дека некој е заинтересиран, па дури и тогаш не сум баш сигурна.:)
Ме мрзеше да пишувам па ке кажам - same here. :kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom