Дали има потреба од закон или правна легислатива за регулација на опасни раси на кучиња?

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Е стварно веќе не можам да ти ја сфатам логиката.

Што има врска од која земја се земени фактите, пит-бул овде и во Франција нешто различно е, помеки заби имаат овие во Македонија?

Значи има дискусија и има конструктивна дискусија. Барање факти конкретно од Македонија е исто ко да викаш "Didn't see it, didn't happen". Аиде ако не ќе чекаме смртни случаи и напади овде, само за тебе и истомислениците да ве убедиме. :)
Ај и ти да ја прочиташ статијата јас што ја објавив. Има и линк, ако ти е полесно.

Можеби грото Пит Були се подобро дресирани во Македонија, од кај знаеш? Веќе кога мора за Пит Були да збориме - мада мојата студија покажува дека малите кучиња се поагресивни кон луѓе - ама ај, научници од Универзитет не знаат. Вие овде знаете.

И има врска од која земја се „фактите“. Исто ти се фаќа ако Америка рече дека пченката не им расне - па ајде во Македонија ќе садите пченка превише за да не ви секне? Или па ако процентот на морталитет во Франција е не знам колку, во МК што ќе правите? Ќе покушате животна водичка да давате? Која логика на тебе ти е таа? Статистики си се статистики за таа земја за која се направени. Точка.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Вака сеа читам долго време овде ама никогаш не сум коментирал. Сум немал питбул,ама според луѓево вака што зборуваат и слично. Како ќе го воспиташ такво ќе биде.Е претежно ваквите кучиња се агресивни,не се настроени како другиве кучиња, еве пример ќе ви кажам, одам во парк глеам питбул пуштен, самата психа те плаши дека ова куче може да те касни , да те убие и слично , се стаписав вместо.Тој поглед што го имаше а кизнај колку беше оддалечено од мене, за момент си реков дека ќе ми се загни.
Друга случка , си трчаше куче ретривер лабрадор, се стрча накајмене ама се познава самото куче дека не е опасно за средината, го погалив си поиграв со него.Додека пак питбулите и се опасни за животнава средина, извинете вака ќе навредам некој ама тоа е моето мислење ..... Питбулите се опасни.
 
Хахахааа.....затоа што се плашиш? Како се опасни за животна средина молим те? Шит Цу ќе те укаса баш затоа што не го очекуваш. Ќе му пријдеш да го погалиш и ап! Инаку, од кај знаеш дека и тој Пит Бул не би поиграл со тебе ако си му дал шанса? Чим бил пуштен, сигурно е безопасен.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ај и ти да ја прочиташ статијата јас што ја објавив. Има и линк, ако ти е полесно.

Можеби грото Пит Були се подобро дресирани во Македонија, од кај знаеш? Веќе кога мора за Пит Були да збориме - мада мојата студија покажува дека малите кучиња се поагресивни кон луѓе - ама ај, научници од Универзитет не знаат. Вие овде знаете.

И има врска од која земја се „фактите“. Исто ти се фаќа ако Америка рече дека пченката не им расне - па ајде во Македонија ќе садите пченка превише за да не ви секне? Која логика на тебе ти е таа? Статистики си се статистики за таа земја за која се направени. Точка.
Ја прочитав, само што ќе ти реплицирам кога знам дека нема да те убедам.

Како прво, целата логика, односно пристап на темата ви е погрешен. А јас не можам да помогнам околу тоа. Сте се фатиле за кучињата толку цврсто, што не ја гледате целосната слика. Веќе пишав една метафора на претходна страна со пиштол и AK 47 (такозвани калашников), ама ајде де, кој да ја прочита и да ја сфати?

Кажи ми ти, вака искрено, ја виде темава?

http://www.forum.kajgana.com/threads/Садистот-од-Штип-Средношколец-измачува-животни.56011/page-2#post-4574608

Затоа немој да спомнуваш бајки од типот дека "можеби кучињата се подобро дресирани", кој тоа ќе го контролира? Сигурно не владата, од кај па они знаат како ти го дресираш кучето?

Исто како кога ќе купуваш калашников, да ти го дадат без дозвола аутоматик, зашо ти си им рекол "Ве молам, ЖИМИ МАЈКА нема да го пукам!".
Која е логиката, пак прашувам?

Значи толку сте свртени кон бранење на тие кучиња, кога и 100 пати да повторам дека во луѓето е проблемот, а во расите е потенцијалот, пак нема да сфатите. Значи, луѓето ги прават кучињата опасни, а самата раса повеќе или помалце има потенцијал да биде смртоносна. За чивавите нема да дискутирам, тоа е комплекс на ниска вредност, личат на мачки па ајде ќе се курчат насекаде и на секого. Но, поопасно е да се курчи чивава или пит-бул?

И чисто ме интересира, женско си?
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.290
Поени од реакции
34.879
Инаку, еве и други стадии и студии (направени во Универзитетот на Пенсилванија, пази!!!):

http://indigorescue.org/?page_id=83

Seems the smallest dogs ranked the highest when it came to human aggression. The top three biters, in order, were the Dachshund, the Chihuahua, and the Jack Russell Terrier.

Интересно, кога ќе дојдам дома дефинитивно ќе ја прочитам подетално студијата.

На прв поглед гледам дека не обезбеден пристап до оригиналната студија, односно не гледам како се прибирани податоците и од колкав број примероци на кучиња итн, единствено пишува дека податоци давале десетина кенел организции ама не и како ги прибирале истите. Ова што ни го линкаш е интерпретација на студијата од страна на Индиго Рескју но самите бројки сепак се интересни.

Проблемот на оваа студија е во тоа што се бави чисто со степенот на агресија кај различни раси а не со последиците од агресијата.

Или да илустрирам, кога би морал да бирам, повеќе би одбрал да ме нападне чопор од стотина подивени и лути чивави одколку само еден пит или ротвајлер!

Студија што се занимава со последиците од кучешката агресија врз луѓе, чија заштита е всушност тема на дискусијава:
http://www.dogsbite.org/pdf/dog-attack-deaths-maimings-2010.pdf
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Хахахааа.....затоа што се плашиш? Како се опасни за животна средина молим те? Шит Цу ќе те укаса баш затоа што не го очекуваш. Ќе му пријдеш да го погалиш и ап! Инаку, од кај знаеш дека и тој Пит Бул не би поиграл со тебе ако си му дал шанса? Чим бил пуштен, сигурно е безопасен.

Искрено се надевам дека не го практикуваш ова, а и дека додека да имаш деца ќе сфатиш колку само грешно размислуваш. Верба во луѓето толкава, не е на арно.

Ако имаш деца, молим те, МОЛИМ ТЕ, смени го размислувањево под итно...
 
Немам намера да си го мерам овде со тебе на кого му е поголем , само си кажав што мислам .....
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Тачно,се дур не планираш Холокауст врз кучињата,е само твое мислење :)
Никако не планирам холокауст само кажав што мислам , не мислам да земам отров и да ги отрујам сите кучиња, ама ФАКТ е дека тие се опасна раса на кучина? Уште како сакаш да ти објаснам?
Ај земи ти пит бул, и пушти го водвор, ќе влези ли некој? НЕ!
Па камоли да го погали некој, то нема шанса !
Со тоа јасно станува дека е опасна раса. Позз
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Искрено се надевам дека не го практикуваш ова, а и дека додека да имаш деца ќе сфатиш колку само грешно размислуваш. Верба во луѓето толкава, не е на арно.

Ако имаш деца, молим те, МОЛИМ ТЕ, смени го размислувањево под итно...
Може имам превише верба во луѓе. Затоа што мислам дека сите како мене би постапувале. Во секој случај, јас не сакам ниедно куче пуштено слободно. Од ниедна раса. Нити им приоѓам, ни ништо. Одам од подалеку, Без разлика дали е лабрадор, пудла или доберман. Никогаш не сум сигурна што ќе го испровоцира да нападне.

Немам намера да си го мерам овде со тебе на кого му е поголем , само си кажав што мислам .....
Ш
Интересно, кога ќе дојдам дома дефинитивно ќе ја прочитам подетално студијата.

На прв поглед гледам дека не обезбеден пристап до оригиналната студија, односно не гледам како се прибирани податоците и од колкав број примероци на кучиња итн, единствено пишува дека податоци давале десетина кенел организции ама не и како ги прибирале истите. Ова што ни го линкаш е интерпретација на студијата од страна на Индиго Рескју но самите бројки сепак се интересни.

Проблемот на оваа студија е во тоа што се бави чисто со степенот на агресија кај различни раси а не со последиците од агресијата.

Или да илустрирам, кога би морал да бирам, повеќе би одбрал да ме нападне чопор од стотина подивени и лути чивави одколку само еден пит или ротвајлер!

Студија што се занимава со последиците од кучешката агресија врз луѓе, чија заштита е всушност тема на дискусијава:
http://www.dogsbite.org/pdf/dog-attack-deaths-maimings-2010.pdf
Ти си се фатил за една страна. Прошетај малку повише по интернетот. А за чивавите, dont underestimate them.

Немам намера да си го мерам овде со тебе на кого му е поголем , само си кажав што мислам .....
Па и јас само си кажав што мислам. Ти па одма натпревар некаков направи.

Ја прочитав, само што ќе ти реплицирам кога знам дека нема да те убедам.

Како прво, целата логика, односно пристап на темата ви е погрешен. А јас не можам да помогнам околу тоа. Сте се фатиле за кучињата толку цврсто, што не ја гледате целосната слика. Веќе пишав една метафора на претходна страна со пиштол и AK 47 (такозвани калашников), ама ајде де, кој да ја прочита и да ја сфати?

Кажи ми ти, вака искрено, ја виде темава?

http://www.forum.kajgana.com/threads/Садистот-од-Штип-Средношколец-измачува-животни.56011/page-2#post-4574608

Затоа немој да спомнуваш бајки од типот дека "можеби кучињата се подобро дресирани", кој тоа ќе го контролира? Сигурно не владата, од кај па они знаат како ти го дресираш кучето?

Исто како кога ќе купуваш калашников, да ти го дадат без дозвола аутоматик, зашо ти си им рекол "Ве молам, ЖИМИ МАЈКА нема да го пукам!".
Која е логиката, пак прашувам?

Значи толку сте свртени кон бранење на тие кучиња, кога и 100 пати да повторам дека во луѓето е проблемот, а во расите е потенцијалот, пак нема да сфатите. Значи, луѓето ги прават кучињата опасни, а самата раса повеќе или помалце има потенцијал да биде смртоносна. За чивавите нема да дискутирам, тоа е комплекс на ниска вредност, личат на мачки па ајде ќе се курчат насекаде и на секого. Но, поопасно е да се курчи чивава или пит-бул?

И чисто ме интересира, женско си?
Тотално те разбирам. Во кучињата е потенцијалот - а човекот е тој што ги прави опасни. Пак доаѓаме до тоа дека кучето не е родено убиец. Nature and nurture, not either - or. Ги бранам кучињата затоа што 99% не се они криви за начинот на кој се чувани, па станале агресивни. Затоа и Аргаси и јас велиме дека powerful breeds не се за секого. Не треба да значи дека ако го чуваш како бебе нема да биде агресивно. Треба строга дисциплина и лидер од страната на човекот. И вежбање за да се исцеди енергија. Јас многу образложив за ова во темата „Суди го делото, а не расата“.

Е сега, за она чивава вс пит бул....па баш затоа овие кучиња се на нишан. Не се они криви што можат поголема штета да направат. Мада и чивава ако ти скокне у лице не е мала работа.

Да, женско сум.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
10
Поени од реакции
1
Се регистрирав само за да го напишам моето мислење за темава! Мојот сосед чува американски стафордски териер (сигурно знаете за кое куче станува збор) веќе повеќе од 7 години , јас многу го засакав кучето , дури и сум спремен да купам и за мене. Ова куче не нападнало никого , ниту пак помислило на такво нешто и никој не се пожалил до сега, заразлика од пекинезерот на мојот другар кој е постојано агресивен и се обидел да ме гризне. Тоа што сакам да кажам е дека не треба да се има предрасуди кон кучиња што изгледаат по доминантни на изглед и физички јаки. Исто така не сум случнал ни прочитал негде да ова куче нападне човек без пред тоа да е изпровоцирано , и поради тоа не се сложувам со твоето мислење ни најмалку.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Да, женско сум.
Ова ми објаснува многу, бидејќи кога и да дојдам на вакви "животински" теми, секогаш девојките заземаат ист став. Затоа и те прашав.

Дозволувате емоциите да ви преовладаат, па луѓето како Ванлок ги гледате како дека ги напаѓаат кучињата, а вие имате потреба да ги заштитите. После има некое такво идеалистичко размислување, односно гледање на светот преку розови наочари. На пример, што ако се случува во светот, кога нема случаи во Македонија...

Треба малце оддалечување од ова и зборење за работите објективно. Нормално дека не е секој за powerbreeds, но дали е секој за чивава? Одговорот е да.

Вие ги нарекувате powerbreeds, ние ги викаме "опасни раси". Сето тоа е семантика, бидејќи на крај горе-доле се согласуваме на истото.
Навистина не знам што е толку тешко да се дојде до овој заклучок и зашто секое мислење различно од вашето е нешто како "напад врз животните".

Луѓето се проблем, кажав и на претходни страни, верувам и другите се согласуваат. Ама од кај ќе знаеме кој од нив што има powerbreed е будала, а кој нормален?
Не може, па затоа мора вакви радикални закони.
--- надополнето: Nov 21, 2011 6:33 PM ---
Се регистрирав само за да го напишам моето мислење за темава! Мојот сосед чува американски стафордски териер (сигурно знаете за кое куче станува збор) веќе повеќе од 7 години , јас многу го засакав кучето , дури и сум спремен да купам и за мене. Ова куче не нападнало никого , ниту пак помислило на такво нешто и никој не се пожалил до сега, заразлика од пекинезерот на мојот другар кој е постојано агресивен и се обидел да ме гризне. Тоа што сакам да кажам е дека не треба да се има предрасуди кон кучиња што изгледаат по доминантни на изглед и физички јаки. Исто така не сум случнал ни прочитал негде да ова куче нападне човек без пред тоа да е изпровоцирано , и поради тоа не се сложувам со твоето мислење ни најмалку.
Пак истиот муабет, "ако не сум видел, не се случило". Нели е малце детско ова размислување?

И јас не сум видел некој да ограбува банка, just sayin...
 
Член од
20 ноември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
7
Добредојде на форумот.

Митот за селективност на агресијата изгледа никој не им го објаснил на самите кучиња.
Сакам да те замолам за два искрени одговори.

- Дали и денес Вие сопствениците на расите Бул Териер, Стафордски Бул Териер, Американски Стафордски Териер и Пит Бул Териер... итн, ги убивате или исклучувате од приплод примероците кои ќе пројават агресивност кон човек?
Те прашувам тебе лично а воедно можеш да ги пренесеш и праксите на другите сопственици и одгледувачи.

- На страна сите причини за нападите и убиствата на луѓе. Дали сметаш дека со закон кој ќе го регулира чувањето на кучињата од овие раси, ќе се заштитат самите луѓе од нападите? (неоспорни и статистички документирани напади)
Селекцијата во одгледувањето на расни кучиња, воопшто не е мит!!! За добивање на што подобра и поздрава единка од една раса се врши селекција на маните и врлините на секое приплодно куче. Од надворешниот изглед, преку карактерот и темпераментот, па се до здравјето. Сите овие работи се опишани со стандард на секоја раса. Од ниту една раса не се бара агресивност, а ниту плашливост, се бара сталожен карактер.
А прашањето твое е дали се исклучуваат од приплод агресивните кучиња?! ДА, агресивно куче на изложба добива недоволна оцена, а со самото тоа и нема право да оди во приплод! Друга работа, јас скоро и да не сум сретнал агресивни на луѓе кучиња од гореспоментатие раси, постојат но се многу ретки, тие не се прави преставници на расата!

На второто прашање и неможам конкретно да ти одговорам, затоа што неможеш да регулираш чување или нечување на одредени раси, туку треба да регулираш кој треба а кој не треба да чува куче од било која раса, што би рекол е невозможно. Втора работа, јас попрво законски би го регулирал начинот на кој се чуваат кучињата(од било која раса), што според мене е многу поголем проблем. Многу кучиња живеат врзани за ланци, никогаш не прошетани, живеат на влажно и провев, се хранат со остатоци од храна, стар леб и сл...
Многу повеќе кучиња живеат во лоши услови, во однос на кучињата кои нападнале луѓе!!!

Статистиките кои ги поставуваш скоро и да не ги погледнувам, затоа што денес на интернет може секој и сешто да постави, а немам доволно време да најдам статистики поставени на реална и фактичка основа.

Прочитав и коментари од типот се сретнуваат слободно пуштени и без корпа кучиња по парковите. Тоа е точно, но дали постои место каде би се пуштиле слободно кучињата? Дали треба кучињата својот живот да го поминат врзани?
Значи прво треба да се средат и оградат одредени делови во парковите специјално за кучиња, а потоа да се казнуваат несовесните граѓани кои надвор од тие простори ќе ги водат своите кучиња без поводник и корпа(евентуално).
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ова ми објаснува многу, бидејќи кога и да дојдам на вакви "животински" теми, секогаш девојките заземаат ист став. Затоа и те прашав.

Дозволувате емоциите да ви преовладаат, па луѓето како Ванлок ги гледате како дека ги напаѓаат кучињата, а вие имате потреба да ги заштитите. После има некое такво идеалистичко размислување, односно гледање на светот преку розови наочари. На пример, што ако се случува во светот, кога нема случаи во Македонија...

Треба малце оддалечување од ова и зборење за работите објективно. Нормално дека не е секој за powerbreeds, но дали е секој за чивава? Одговорот е да.

Вие ги нарекувате powerbreeds, ние ги викаме "опасни раси". Сето тоа е семантика, бидејќи на крај горе-доле се согласуваме на истото.
Навистина не знам што е толку тешко да се дојде до овој заклучок и зашто секое мислење различно од вашето е нешто како "напад врз животните".

Луѓето се проблем, кажав и на претходни страни, верувам и другите се согласуваат. Ама од кај ќе знаеме кој од нив што има powerbreed е будала, а кој нормален?
Не може, па затоа мора вакви радикални закони.
Хахахаа.....одма удри психологија на полот. Глупости. Не се сите жени емотивци и не се сите мажи не-емотивци и практични луѓе. Мислам стереотипи колку сакаш.

Ни чивава не е за секого, искрено. Тоа е куче што се приврзува за еден човек и може да стане агресивно кон другите членови од семејството ако му се приближат на „неговиот човек“. Така да, таа теорија ти е низ вода отидена.

Секој што гледа да посвои или купи куче треба убаво да научи за расата за која е заинтересиран. Не е секое куче за секого.

Мене лично не ми до толку битно како ги нарекуваш. Јас имам проблем со законот Breed Specific Legislation, затоа што сум сведок на она што се дешава како негова последица. Би било друга работа ако после изгласување на бан не се одзимаат домашните миленици - него само се забранува нов прилив на тие кучиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom