Тоа шо е секојдневието во медиумиве моментално мислам дека се огледа и на самите граќани кои гледам дека толку многу имаат попримено и веруваат во тоашто телевизиите константно го тврдат дека судиите се политизирани односно се под политични притисок. Голем број од слушателите односно гледачете се толку нерабрани и неписмени односно не ни ја разбираат судската постапка па мислат така е тоа и дека политиката ке делува или дејствува во судските одлуки. Прво тие коишто се задолжени да оценат дали има политизација се адвокатите кои знаат дали одлуките кои ги носат судиите се целисходни и исправни, па затоа ако не се во тој случај можат да ги користат законските правни лекови како жалбата и ревизијата во посебни случаи. Но тоа нашиот македонски глупав народ не го знае и ке слушне од А1 Сител или останатите помали телевизии дека нешто што од штабовите на ВМРО или на СДСМ ке биде оспорено, тоа мора да биде политичка одлука или нешто слично. И сега што е поентата, глупавиот македонски народ пак ке кажам дека си прави една свија слика и со тоа ја ствара својата одлука, одлука која е со политичка цел. Затоа ве молам тие што ја разбираат проблематиката нека ме оспоруваат или нека ме поддржат во мојата намера дека во никој случај судството не е политизирано. (Сем оние кои навистина сосамото избирање биле контраверзни пред изборот, ги следат корупциски скандали и завршуваат неславно)