Дали имате свој YouTube канал?

The_Master_NeptuNE >:D

Таканаречен космополит
Член од
15 јуни 2014
Мислења
250
Поени од реакции
159
И јас почнав со јт. Барам критики од вас поискусните за да се подобрам во наредните видеа.

https://www.youtube.com/channel/UCBHIm4YxnRPsH-ttZen_ruA

Sent from my iPhone using Tapatalk
Навистина добар вовед во видеата, чиста комуникација, интересно составени анимации и креативни и корисни совети, се гледа квалитет на прв поглед. Ти се претплатив на каналот и имаш поддршка за видеата, само треба да се води сметка на континуитетот. Се надевам дека ќе имаш успешен канал :)
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
43
Поени од реакции
20

Фала многу. Ми значат позитивни коментари за да продолжам понатаму. Ќе ти вратам суб од друг акаунт и да видам што имаш во видеата и што концепт имаш. :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Покрај стариот канал што го постирав тука кој сам си „ронка“ :ROFLMAO:, а кој што неможам да го одржувам заради мојот слаб англиски изговор, купив опрема и отворив нов канал и нов бренд со име Envox.

На овој канал е планирано да наоѓаме млади талентирани музичари и да снимаме квалитетно видео и звук и нормално да ги промовираме. Доколку знаете некој може слободно да не препорачате.

А доколку исто така знаете некој „магионичар“ кој би бил успешен комерцијалист на нашите видеа, препорачајте го па можеби ќе најдеме меѓусебна соработка.

Инаку каналот има само 1 preview видео засега додека за тој аранжман се спрема видеото, а во следниов период ќе снимаме со вокалите и другите инструменталисти, а најслаба алка ни е маркетингот веројатно. Се мислам како да го решам да барам инфлуенсери или да правам YouTube мрежа во дилема сум. Што мислите вие?
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
755
Поени од реакции
356
Покрај стариот канал што го постирав тука кој сам си „ронка“ :ROFLMAO:, а кој што неможам да го одржувам заради мојот слаб англиски изговор, купив опрема и отворив нов канал и нов бренд со име Envox.
Имам гледано некои видеа каде што има компјутерски генериран говор па можеш така да пробаш :)
 
Член од
21 март 2014
Мислења
511
Поени од реакции
375
Имам гледано некои видеа каде што има компјутерски генериран говор па можеш така да пробаш :)
Планирам летово со 3/4 другарки и 3/4 другари да напраам како кинеска фарма буквално штанцање на контент (2ца ќе работиме на дизајн и монтажа,2ца ќе истражуваат на темите слики материјал + текстови пишување,2ца ќе пишуваат текстови и 2ца ќе го позајмат нивниот глас комбиниран со добар англиски јазик) :) Па се надевам на едно 100ина видеа за 3 месеци со квалитетен материјал :)
 
Член од
4 декември 2011
Мислења
75
Поени од реакции
38
Здраво другари

Ми треба подршка, сега почнувам со youtube каналот, ве молам за subscribe

Ќе објавувам видеа со FUN содржина

Поздрав

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.128
Поени од реакции
2.768
Јас имам свој канал, ама не Јутјуб...

Имам канал длабок метро и пол ископан со багер...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom