Дали знаете да чувате тајни?

Самара Морган

НЕ Е ВЕЌЕ ЧЛЕН НА КАЈГАНА
Член од
24 јуни 2009
Мислења
511
Поени од реакции
33
Тајните и мистериозноста се моја најјака страна. Никој ништо неможе да извади од мене и најважно од се , не трачарам како некои, туку тоа си го чувам за себе.Никогаш не би го предала така другарството и довербата.Во денешно време ретки се вистинските пријатели.Јас планирам моите вистински да ги зачувам, а не со издавање на нивната интима да ги загубам.
 

Gabby^Death

The..DeathGirl
Член од
27 јуни 2009
Мислења
13
Поени од реакции
1
Значи...коа мене некој ќе ми каже некоја тајна...ЌУТАМ,знам да ќутам,али проблемот е тоа што некогаш тие што ми ја кажале тајната ме изазиваат да ја откријам и без никаков проблем ке ми излета...Точно е дека пријателството се гради на доверба...али пак ако ств напињаат..:toe:Од секогаш сум ќутела кога некој нешто ке ми се доверел...некако кажано ЗНАМ СЕ...дури знам повише за другите отколку сама за себе !!! Не би било во ред да се открие тајната на вашиот/та другарка,зашто може да го/ја загубите !!!Значи моја тајна тешко искача од мене и ретко кажувам на другите,не сум од оние кои трачарат...и многу сакам кога некој ми се доверува...едноставно таква сум !!! Ама некад знам и да згрешам !!!:wink:
 

Викиче

Sarcasm is my best friend
Член од
27 ноември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Па, секој треба да ја цени пред се довербата на личноста која ти се исповедала...
И сметам дека не е праведно ти како алапача да земиш на сите да раскажуваш кога човекот ти верувал и ти кажал нешто што треба да остане тајна...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
261
Поени од реакции
28
Ако некој ти довери тајна, тоа значи дека има доверба и верува во тебе. И не очекува да ја кажеш на други без негова дозвола.
Мене искрено ми е драго кога ми доверуваат тајни, тоа значи ме сметаат за блиска и доверлива личност. И затоа никогаш не ги издавам. :wink:

Само многу се изреволтирав вчера...т.е. една другарка многу ме разочара. И кажав многу битна работа и ја доверив само на неа, никој друг не знаеше... И бев сигурна дека нема да каже на никој, бидејќи добро е девојчето...
Од при крај на школска година, цело време нешто крие со еден другар од класот, а он и се заканува дека ќе каже...и јас ја прашувам што е работата, што треба да каже и она на тоа цело време ми одвраќаше :ништо, само така се зеза. А ја видов дека беше во паника и знаев дека криеше нешто, а обично се си кажуваме.. Али ја оставив да видам до кога така. Заврши годината, неа никаде ја немаше. Ја викав за надвор - ме одбиваше. Помислив дека можеби за нешто ми е лута и цело време се преиспитував... И така, вчера на мсн се уклучи тој другарот и дојдовме до таа тема. И го молев цело време да ми каже што е работата и најпосле успеав. Она всушност на него му го кажала тоа што го знаевме само јас и она. Сама се издала. Не ми се веруваше, мислев дека пак ме зезаат и прашав што знае уствари и ми го потврди сомнежот... Премногу се разочарав... Веќе не можам да ја погледнам во очи. Но нема да и се налутам, не. Бидејќи сум самата крива што имам преголема доверба во луѓето. Само би и се заблагодарила што ми ги отвори очите и оваа грешка веќе нема да ми се повтори. :nenene:
:smir:
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Дефинитивно ДА некако често луѓето ми се доверуваат ,ама има еден мал проблем често пати тие кој се доверуваат ќа се доверат на повеќе личност и тогаш може да се случи непредвидена работа да излезе тајната .Јас не сум личност што се доверува ,кажувам колку мислам дека треба и најчесто нешто за кое не ми е важно и да излезе во јавност ,тоа е така и не го менувам . А и немам некој тајни тоа се може да биде и јавно .
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
Ако некој ти довери тајна значи дека верува во тебе и дека си заслужен за таа доверба затоа и ти се додворува.....и ако некој смета дека јас треба да бидам скришниот ковшег со многуте тајни тоа така и ке биде никогаш нема да го издадам без разлика на сите околности.
 

ani4e

mega star
Член од
12 јули 2009
Мислења
158
Поени од реакции
3
znam da 4uvam i ne sakam da sum neso popularna(tra4arka) zatoa so sum ispustila nekoja glupost, a nekoj iskreno i so namera mi ja kazal, se so cel poudobno da se custvuva...
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
чувам тајни или ако не можам да ја дочувам,ја кажувам на моја доверлива личност.Така и јас сум малку ослободена и тајната сигурна.
Една моја братучедка чуваше моја тајна две години и сеуште и се восхитувам.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
НЕ издавам тајни ама и не кажувам на секого тајни
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Никогаш не издавам тајни дури и да се скарам со тој што ми ја има кажано тајната...:toe:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.336
Поени од реакции
30.685
Некој кога ми доверува тајна, таа останува тајна. Од мене никогаш нема да се дознае. Не дека е морално да се чува кога некој ќе ја довери, туку некој тебе ти ја дава неговата приватност на тацна и твоја должност е да остане приватност.
 
H

HITCH

Гостин
ДА!!! Кога некој ќе ми каже нешто без разлика дали е важно или не не го каувам на никого!
 
Член од
10 март 2009
Мислења
1.300
Поени од реакции
1.161
Зависи од личноста која ми ја кажува тајната. Ако ми значи таа личност знам да чувам и тоа како. А ако не, одма кажувам. кој како си заслужил :toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Малку :eek:ftopic: или не...

Имам премногу тајни во мене, на премногу луѓе. Но што е со оние тајни, кои никој не смее да ги знае а ги имам за себе? Лесно е да не кажувам дека мојот најдобар другар ноќта не ја поминал дома, но пекол е да не смеам да кажам за моите маки, за моите мисли. А замисли, кога тоа би искочило на површина, колку би било страшно, колку би било хаотично, колку би било поразително...

И сега, што е полошо свету, да бидам јаден и тмурен од тајната страшна, или траорен, страшен ко мртовец жив?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom