Дали знаеме што јадеме?

Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Reč je o konzervi od 160 grama, na kojoj je kao datum proizvodnje označen oktobar 2012. godine, a rok trajanja je do oktobra 2015. godine. Zemlja porekla je Tajland

http://www.kurir-info.rs/hrvati-u-panici-povlace-i-otrovnu-tunjevinu-clanak-644179
Ха ха ха, и ѓаволот ја однесе шегата.

Речиси се што се продава од туна во конзерви во Македонија е по потекло од Тајланд.

Ја продаваат под различни имиња: Bruna Tuna, Magic Tuna, Happy Tuna, во КАМ ја продаваат како КАМ Туна или како КАМКО Туна, понекогаш ја продаваат и како Blue Sea Tuna, но на конзервата убаво си пишува Made in Thailand, исто срање во друго пакување.

Од туните во конзерви кои не се од Тајланд, а богами се и повкусни од тајландските, а се продаваат во Македонија, подостапни се хрватската ЕВА Туна и италијанската Рио Маре, кои несомнено се многу повкусни од тајландските, но истовремено се и отровно поскапи од тајландските.

Имав прилика да разговарам лично со роднина на главниот дистрибутер на Рио Маре за Македонија. Типот ми кажа дека нашинците ги молеле Италијанците да ги намалат цените за Македонија, бидејќи слабо им оди бизнисот во Македонија поради високите цени, но Италијанците одбиваат да попуштат, па затоа Рио Маре, а и ЕВА Туна ќе можат да си ги дозволат само тие со малку подлабоки џебови и малку подебел паричник, а јас не спаѓам меѓу тие, па затоа ќе морам да се задоволам со риба зготвена дома, со цел да ја избегнам рибата во конзерви.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Прво велеа дека немало млеко од Дукат во Македонија, а сега велат дека дури во четврток, 14 февруари 2013, ќе знаеме дали млекото Дукат кое веќе влегло во Македонија е токсично или не.

И ајде сега имај доверба во државата дека ќе те штити од штетни производи.

http://www.sitel.com.mk/chumu-ni-e-kampanja-za-bezbednost-na-hranata-nameneta-za-naselenieto

Чуму ни е кампања за безбедност на храната наменета за населението

12. February 2013 - 15:33

Ќе се едуцираат граѓаните како да купуват леб без стакло и отпушоци во него како и млеко без афла токсини. Агенцијата за храна и ветеринарство наместо за инспекторите со кампања за населението. Директорот Рунтевски вели дека неможат да воспостават комплетна контрола на пазарот па затоа анализите врз одреден производ ги зајакнувале откако некој ќе пријави неправилности. За млекото Дукат кое веќе влегло во Македонија ќе се знае дали е токсично дури за два дена.



Неможете да имате 100% безбедна храна без да ви се случат одредени инциденти. Дел од тие инцидеенти се по вина на самите шпроизводители, дел се настанати при транспорт на храната и ние како агенција неможеме да тврдиме дека Македонија е изолирана и неможе да се случат вакви инциденти со безбедноста на храната вели првиот човек на агенцијата за храна и ветеринарство која е надлежна за контрола на храна, Дејан Рунтевски.

Никој не даде одговор каде завршија 200 тона од пченицата со олово која пред една година влезе во државава преку Бугарија. Не се соопшти ниту името на фирмата која на пазарот пласираше пченкарно брашно со афла токсини. Казни нема иако за двата случаи пропустот на агенцијата беше потврден со анализи кои самата ги направи.

По добиените информации за одредени проблеми агенцијата прави засилени контроли во тој дел додава Рунтевски.

Еден милион и шестотини илјади денари за кампањата ги обезбеди јапонската агенција Џајка. Проект со кој ќе бидат опфатени детските градинки и училишта во 5 скопски општини.

Борче Пауновски
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Цел Балкан и делови од Централна Европа се на нозе поради хрватското канцерогено млеко, само кај нас во Македонија се е супер, немаме причини за грижа.

http://www.sitel.com.mk/avstrija-potvrdi-prisustvo-na-toksini-vo-makedonija-molk-0

Австрија потврди присуство на токсини, во Македонија молк

15. February 2013 - 16:38

Во Австрија потврдија дека хрватското млеко е токсично. Резултатите од референтната лабораторија во Виена покажуваат дека дури 11 од 15 испратени примероци содржеле канцероген токсин над дозволеното. И од 158-те анализи направени во Хрватска околу 40 проценти биле позитивни на канцерогениот токсин.

-Од 158 примероци околу 40 проценти покажаа незначително зголемување на микотоксини. Од 15 примероци кои беа испратени во Виена, 11 се позитивни, а 4 негативни, изјави Тихомир Јаковина, министер за земјоделство во Хрватска.



По добивањето на резултатите од Австрија надлежните во Хрватска на прес конференција пиеа од посоченото млеко за да покажат дека не е штетно.

Но и од 158-те анализи направени во Хрватска околу 40 проценти биле позитивни афлатоксин.

Во Србија уште во понеделникот излегоа со првични анализи дека кај нив млекото е безбедно.

И покрај најавите на македонската агенција за храна и ветеринарство дека до четврток ќе соопштат какво е увезеното млеко на Дукат, оттаму сеуште анализираат.

Во саботата информираа дека сомнителните 360 литри биле во магацините на увозникот.

-Сето она што беше увезено од страна на компаниите е предмет на испитување, до четврток ќе ги имаме резултатите, изјави во вторникот Дејан Рунтевски, диретор на агенцијата за храна и ветеринарство.

И додека се чека ставот на агенцијата за Храна и ветеринарство граѓаните се во дилема, а фирмите трпат загуби.

Александар Динев
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Zdravi moze da bideme ako jademe nasi proizvodi i organsko dae drugo se e otrov:tapp:
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 17:27 ---
Знаеме што јадеме. Прашањето е: што ќе направиме во врска со тоа?
Mnogu e lesno ako saka drzavata odma kese resi problemot.Nasekoj proizvod pisuvat so mnogu sitni bukvi za dane moze dase cita,se dodeka nema dagi palime so benzin taka kene ebat
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
На сајтот на нашата Агенција за Храна и Ветерина е поставена информација која дополнително може ја збуни јавноста затоа што е дадена листа на загадени производи, но во Србија, а не во Македонија. На страната на Македонската Агенција треба да читаме за производите во Србија или во Македонија? Затоа се сомневам за контролата, оти информацијата им е ...

Соопштение до јавноста
Четврток, 21 Февруари 2013 09:23
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија во текот на вчерашниот ден доби официјално известување од Управата за ветеринарство на Република Србија за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови на млеко од различни производители, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1 над дозволените граници.
По добивањето на известувањето, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш започнаа со контролите на терен (на продажните места и во магацините на увозниците), при што е утврдено дека од сите наведени видови на млеко, во Република Македонија е увезена одредена количина единствено од производот “MOJA KRAVICA 2,8%MM“, со рок на траење до 14.07.2013.4EN 10, од производителот IMLEK Белград.
Целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет. Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел потврдување на резултатот, и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај.
Во продолжение, а во насока на информирање на јавноста, ја даваме листата на производи во Србија кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин.
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Цел Балкан и делови од Централна Европа се на нозе поради хрватското канцерогено млеко, само кај нас во Македонија се е супер, немаме причини за грижа.

http://www.sitel.com.mk/avstrija-potvrdi-prisustvo-na-toksini-vo-makedonija-molk-0

Австрија потврди присуство на токсини, во Македонија молк
Neka pokusat kaj grcite so benzin kegi zapalat:vozbud:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Вистина или пропаганда...кој ќе го знае. Според процентот на извоз од оваа наша млекарница ми мириса веќе на она второто. Од испитувањата во лабораторија во Србија
Рибино масло во сирењето на Радово

Во сирењето „Кришка“на Здравје Радово е откриен висок процент на палмино, кокосово, рибино и билно масло. Ова го покажале испитувањата направени во референтна лабораторија кои Здружението на потрошувачите на Србија ги прави редовно.
-Во сирењето „Кришка“ на Здравје Радово се пронајдени дури 77 проценти на масти кои не се млечни. Производителот ги измамил потрошувачите наведувајќи во декларацијата дека во сирењето има полномасно кравјо млеко и јогурт, но никаде не пишува дека во него има палмино, кокосово, рибино и билно масло кои се пронајдени во испитувањата за квалитет на ова сирење се вели во соопштението на Здружението на потрошувачи.
Од таму потенцираат дека производителот бил должен на декларацијата да ги напише сите состојки кои ги содржи сирењето, а според Европската регулатива само производите кои не содржат ништо друго освен млечна маст можат да се декларираат и нарекуваат млечни производи.
-Ваков производ кој не ги задоволува критериумите за квалитет не може да се нарекува млечен производ бидеќи во себе содржи сосема други видови на масла велат во Здружението на потрошувачи на Србија.
Тие ги предупредуваат потрошувачите да го одбегнуваат Кравјото сирење „Кришка“на Радово се додека не биде повлечено од рафтовите на маркетите.


и демант од млекарата Здравје
Радово: Не сме ги измамиле потрошувачите

Никогаш не сме ги довеле во заблуда нашите потрошувачи, служејќи се со невистини велат во Здравје Радово откако НОВА ја објави веста дека Организацијата на потрошувачи на Србија предупреди на големо присуство на рибино и уште три вида раститетелно масло во сирењето „Кришка“.
-„Здравје“ Радово имало и порано и секогаш ќе има напади, но ние секогаш гарантираме за добриот квалитетет на нашите млечни производи, велат од компанијата.

Според информациите на НОВА дури 85 проценти од целиот извоз на млечни производи од Македонија во Србија се токму од овој домашен производител
 
Член од
15 октомври 2012
Мислења
193
Поени од реакции
49
Mnogu lesno moze kaj nas dase vnese,bilo kakov proizvod nema carinar koj ne mozes da go potkupis zatoa karajot nie go jademe:vozbud:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Проблем испадна и дали знаеме што пиеме...тукушто одеше на вести
ИЈЗ: Јавните комунални претпријатија не ја испитуваат безбедноста на водата за пиење

Јавните комунални претпријатија не ја испитуваат редовно безбедноста на водата за пиење – откриваат од Институтот за јавно здравје.. Директорот Шабан Мемети вели дека може да ја гарантира безбедноста на водата, но само за мострите кои ги анализирале, а тоа се 3 или 4.. Водата во останатите јавни водоводи, како што тврди Мемети никој не може да каже дали и колку е безбедна за пиење.
Јавните комунални претпријатија не ја испитуваат редовно безбедноста на водата за пиење – откриваат од Институтот за јавно здравје.. Директорот Шабан Мемети вели дека може да ја гарантира безбедноста на водата, но само за мострите кои ги анализирале, а тоа се 3 или 4.. Водата во останатите јавни водоводи, како што тврди Мемети никој не може да каже дали и колку е безбедна за пиење.
Според надлежните, анализа на водата прават само тие што тоа ќе го побараат од Институтот за јавно здравје.. Оваа институција нема право да ја испита водата за пиење самоиницијативно.
Кои јавни комунални претпријатија не го почитуваат правилникот за безбедност на водата не откриваат ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство.. Велат дека тоа биле стари податоци и дека понови би имале од следната контрола која треба да ја спроведат во април..
Последните истражувања на Институт покажале недостатоци и во водата во шишиња.. Од домашните производители, 5 мостри биле небезбедни, додека од увозните 7 биле микробиолошки неисправни и бил спречен нивниот увоз.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
А убаво си наравивме закони.....и вика :

ZAKON ZA BEZBEDNOST NA HRANATA
^len 2
Pod "hrana", se podrazbira i vodata za piewe od javnite sistemi za snabduvawe so voda za piewe

^len 3
Za vr{ewe na rabotite vo oblasta na bezbednosta na hranata i na proizvodite i materijalite {to doa|aat vo kontakt so hranata se osnova Direkcija za hrana

^len 5
Proizvoditelot e dol`en da obezbedi kontrola na bezbednosta na hranata vo sopstvena ili vo druga akreditirana laboratorija

Kaznvni odredbi
^len 53
So pari~na kazna od 80.000 do 240.000 denari }e se kazni za prekr{ok pravno lice, ako ne obezbedi laboratoriska kontrola na bezbednosta na hranata
Za dejstvijata od stavot 1 na ovoj ~len, }e se kazni za prekr{ok i odgovornoto lice vo pravnoto lice so pari~na kazna od 15.000 do 45.000 denari i }e se izre~e merka na bezbednost - zabrana za vr{ewe na odgovorna dol`nost vo traewe od tri meseci do edna godina

http://www.opm.org.mk/izdanija/MK/Zakoni/pravna oblast/zakoni/zakon za bezbednost na hranata.pdf
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Повторно нашите некогашни браќа од поранешна Југославија од север ни испраќаат прехранбени производи со непотребни и пред се, смртоносни додатоци.

Интересно е тоа што надлежните сеуште не излегле со соопштение за ова.

http://www.24vesti.mk/super-analizite-na-uvoznata-srpska-pchenica-pokazhale-prisustvo-na-olovo

Супер анализите на увозната српска пченица покажале присуство на олово

04.04.2013 | 17:32

Има олово над дозволеното во увезената српска пченица која пред еден месец влезе во земјава.



Ова го покажале супер анализите на три од петте пратки кај кои и првичните анализи направени уште на граничниот премин покажале присуство на отровни метали над дозволеното.

Од агенцијата за храна и ветеринарство не откриваат за колкаво количество на затруена пченица се работи но уверуваат дека спорните количества нема да завршат во промет.

Ова не е прв пат во земјава да влезе пченица со тешки метали. Лани над 20 тони пченица со олово заврши како добиточна храна, откако компанијата увозник од Битола, без да ги дочека резултатите од анализите ја пуштила пченицата во промет, за што компанијата заработи 5.000 евра казна. Тогаш пченицата беше со потекло од Украина.

Кон крајот на минатата година во земјава влегоа 40 тони увозно српско пченкарно брашно во кое беше утврдено зголемено присуството на афлатоксинот. Од нив само 10 тони беа пуштени во промет, од кои 8 тони се повлекоа, но околу 2 тона канцерогено пченкарно брашно заврши на трпезите.


Светлана Божиновска
 

Kajgana Shop

На врв Bottom