Дали жените денес се третирани како објекти?

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
и тоа како легални објекти,со исклучок на објекти кои имаат дадено барање за легализација:)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали девојката носи деколте или не, нема врска со нејзиниот интелект, да се разбереме. Ставот и начинот на кој ќе се поставиш во животот, те детерминираат како ќе те гледаат. Ако девојка со став, интелегенција, провокативно облечена, знае како да се однесува и знае како да се постави - никој жив нема да ја гледа како објект. Тоа е до тоа како ќе се поставиш во животот.

Има мажи кои немаат трошка мозок, па објективизираат жени без да ги запознаат, но јас со такви не дискутирам, ниту пак можат да дискутираат со мене, затоа што немаат аргументи, а ни капацитет со било кого да дискутираат.

Тоа што има шефови кои бараат жени да спијат со нив за позиција, се малоумни бедни суштества, кои не заслужуваат да бидат наречени луѓе и треба да летаат од работа. Но, има една мала работа која се вика принцип, пријавување на тоа ѓубре без да се толерира.
Но, да ја погледнеме малце и другата страна на паричката. Има жени, кои ја користат својата сексуалност, атрактивност за да стигнат до повисоки позиции, без да им е тоа побарано од нив, напротив тие самите се пуштаат во акција и ги заведуваат претпоставените, а машко ко машко (извинете на генерализација) во такви моменти мисли со друга глава, па пристапува на такви афери. Дали е тоа фер?
Секоја паричка има две страни. И двете страни се одвратни и се макијавелистички. Да се искористат сите средства за да се стигне до посакуваното. И од едниот и од другиот пол.

Ако некоја жена одлучила да игра полу-гола на шипка, тоа е нејзин избор и во никој случај не може да ги детерминира останатите жени, кои ете да речеме немаат такви амбиции. Ако и е добро, нек си тера, не е мое да ја осудувам, иако за мене тоа не е начин за пробивање во животот.

Машко или женско, сите го бираме нашиот живот и сите имаме свој пат по кој одиме.

Ниту се жените ангели, ниту мажите се жртви. Нема тука генерализација. Тоа е се индивидуално.

Слободата, барем во денешното општество, е во умот. Јас кога ги гледам луѓето, не ги делам на пол, барем не нивните особини.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
На темава ми се чини имам и одповеќе размислувано одошто треба и можеби ке звучи чудно но јас и омаловажувањето на жената го сметам како една гранка од дрвото што се нарекува Нов светски поредок, звучи чудно но е вистинито, секојдневно ни се перат мозоците од секаков можен аспект, воопштеното размислување е нужно. Работите се поврзани- жените имаат пилешки мозок токму поради первертираните вредности, се е изопачено. Не станува збор за голотија. Голотија има во уметноста но на никој не му смета таа голотија.. Ни смета кичот, обезвреднетоста, ни смета тоа што во ништо не може да се пронајде суштина. Жената е човек и битие како и мажот, и кога мажот би бил објект јас би се бунела, сексуалноста на мажот зрачи со иста силина за жената и обратно. Општеството е, системот е, светот е во прашање затоа што човекот само таму си наога оправдување за своите постапки. Одземената индивидуалност и потиснатото чуство за индивидуалност е причината. Свеста е нешто што тешко се гради , јас на фејсбук постојано ги опевам со такви бунтовнички статуси против објективизација или сексуализација на жената и погодете што ?- на повеќето им смета вистината. :) И искрено многу ми е мило кога девојки пишуваат на вакви и слични теми, малку се но ги има :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Прашањето ми е, дали мислите дека денес жената е се повеќе третирана или “користена” како “објект”? Ако да, на што се должи тоа, и како би можело тоа да се промени?
Ако не, зошто?
Да, користена е како објект, ама за тоа самата си е виновна. Затоа што за жал повеќето суштества што себеси се нарекуваат луѓе, живеат и дејствуваат под влијание на своите животински инстинкти. Се жалиме дека нашиот интелектуален капацитет не може да излезе на површина затоа што пред се на нас се гледа 'фасадата' како што рече и ти, но кој е виновен за тоа? Дали се виновни другите што тоа го гледаат на нас, или сме виновни ние самите, што пред се оставаме впечаток со физичкиот изглед, па се останато? Ова ме потсеќа на примитивните суштества (примитивни во однос на човекот), што кога им е време за парење имаат начини како да ги привлечат мажјаците, дали со звуци, бои или нешто трето, ние тоа го правиме со експонирање на нашите да речам, ерогени зони.
Ова може да се промени, ама нема никогаш да се промени, верувајте. Затоа што секогаш мора да постои некој баланс, ако има површни луѓе, мора да има и онакви што гледаат помалку површно на работите. Ако пратам апел овде, до жените, нешто во стил, покријте си ги облините за прво паметот да ви излезе на виделина, и ако ме послушаат, ќе се наруши рамнотежата. И можеби ќе се неутрализирам себеси, ќе бидам помалку различна ако има повеќе онакви како мене, што сакаат да го покажат она спротивното од физичкиот изглед.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Жената не е објект!
Објект е нешто мртво, неподвижно, на објект не можеш да му речиш “Ој мори визба наточи вино..“ , “Дотури киселинка в слатката“, “За утре сакам зелник“, “Ојдов јас в кафеана а ти цепни некое дрвце“, “Ај залапај го тро“... значи жената е нешто живо, подвижно, послушно, работливо. Јас сето тоа им го признавам и така ги третирам, а не како објект.
 
A

AnFem

Гостин

:pos:
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Дали девојката носи деколте или не, нема врска со нејзиниот интелект, да се разбереме. Ставот и начинот на кој ќе се поставиш во животот, те детерминираат како ќе те гледаат. Ако девојка со став, интелегенција, провокативно облечена, знае како да се однесува и знае како да се постави - никој жив нема да ја гледа како објект. Тоа е до тоа како ќе се поставиш во животот.
Аnd then I stopped reading.

Ако се облечеш во минич, деколте, кратка маица под која ѕирка црвена танга и реж црвен кармин, верувај ми, додека одиш по улица никој нема да му падне на памет твојата интелигенција, ќе бидат сигурни дека го немаш.

Па види си ти што е подобро, целото општество „да си ја смени перцепцијата за жени-објекти и да ме запознае прво, па да суди дали сум глупава или паметна“ или ти да прекинеш да се продаваш на улица.

Ја поштуем дрољи нив никој не ги повредува (они повредуваат), не им е гајле за мислењето на останатите (тие сите се дегенерици, не можам ни да разговарам со луѓе кои имаат стереотипи и осудуваат) и сакаат да бидат третирани како објекти (кажи и на дроља дека нема мозок, ќе се напали).
Awesomeness <3
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Категорично ДА :) И за тоа сами сме си криви ( т.е. се криви ) тие девојки кои се толку очајни за внимание што за искачање се облекуваат како проститутки од спот на snoop dog :P А тоа е 80 % од женска популација ... бљак ... Значи кога ќе почнат малце повеќе да се почитуваат себе си , можеби тогаш и машки род ќе ги почитува и ќе ги гледа како нешто повеќе од објект ... Ако си згодна не значи дека треба да се облекуваш со кратки сукнички до под гз и со пантолонки кои цело време ги влечат надоле и со деколте, може и облечени да бидат секси и да ја разгорат машката фантазија наместо се да им сервираат на тацна... Еве едно фантастично видео на темава БРАВО за девојкава : http://www.youtube.com/watch?v=TiB5N48wCSQ&feature=relmfu
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.125
Поени од реакции
30.210
Аnd then I stopped reading.

Ако се облечеш во минич, деколте, кратка маица под која ѕирка црвена танга и реж црвен кармин, верувај ми, додека одиш по улица никој нема да му падне на памет твојата интелигенција, ќе бидат сигурни дека го немаш.

Па види си ти што е подобро, целото општество „да си ја смени перцепцијата за жени-објекти и да ме запознае прво, па да суди дали сум глупава или паметна“ или ти да прекинеш да се продаваш на улица.

Ја поштуем дрољи нив никој не ги повредува (они повредуваат), не им е гајле за мислењето на останатите (тие сите се дегенерици, не можам ни да разговарам со луѓе кои имаат стереотипи и осудуваат) и сакаат да бидат третирани како објекти (кажи и на дроља дека нема мозок, ќе се напали).
Awesomeness <3
Иначе ја на пример коа излегувам по тренерки и апостолки, одма некој рандом минувач ме запира и ми вика да му ја објаснам теоријата на релативитет. Оти знаеш како викаат, алиштата ја прават интелигенцијата, или така нешто. Не е докажано, но се смета дека жените во бурка имаат надпросечна интелигенција, одговорни се за сите терористички операции и како да ги обвинат сопрузите за тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom