Дали девојката носи деколте или не, нема врска со нејзиниот интелект, да се разбереме. Ставот и начинот на кој ќе се поставиш во животот, те детерминираат како ќе те гледаат. Ако девојка со став, интелегенција, провокативно облечена, знае како да се однесува и знае како да се постави - никој жив нема да ја гледа како објект. Тоа е до тоа како ќе се поставиш во животот.
Има мажи кои немаат трошка мозок, па објективизираат жени без да ги запознаат, но јас со такви не дискутирам, ниту пак можат да дискутираат со мене, затоа што немаат аргументи, а ни капацитет со било кого да дискутираат.
Тоа што има шефови кои бараат жени да спијат со нив за позиција, се малоумни бедни суштества, кои не заслужуваат да бидат наречени луѓе и треба да летаат од работа. Но, има една мала работа која се вика принцип, пријавување на тоа ѓубре без да се толерира.
Но, да ја погледнеме малце и другата страна на паричката. Има жени, кои ја користат својата сексуалност, атрактивност за да стигнат до повисоки позиции, без да им е тоа побарано од нив, напротив тие самите се пуштаат во акција и ги заведуваат претпоставените, а машко ко машко (извинете на генерализација) во такви моменти мисли со друга глава, па пристапува на такви афери. Дали е тоа фер?
Секоја паричка има две страни. И двете страни се одвратни и се макијавелистички. Да се искористат сите средства за да се стигне до посакуваното. И од едниот и од другиот пол.
Ако некоја жена одлучила да игра полу-гола на шипка, тоа е нејзин избор и во никој случај не може да ги детерминира останатите жени, кои ете да речеме немаат такви амбиции. Ако и е добро, нек си тера, не е мое да ја осудувам, иако за мене тоа не е начин за пробивање во животот.
Машко или женско, сите го бираме нашиот живот и сите имаме свој пат по кој одиме.
Ниту се жените ангели, ниту мажите се жртви. Нема тука генерализација. Тоа е се индивидуално.
Слободата, барем во денешното општество, е во умот. Јас кога ги гледам луѓето, не ги делам на пол, барем не нивните особини.