Види човечко или нечовечко не би го поставил тоа баш така. Туку би рекол дека е начин на размислување. Точно е дека човечкиот род е лош ученик на своите постапки и грешки. Затоа од почетокот на нашата историја сведоци сме на војни, глад и мизерија. Со самото размислување поради некое си наше его дека не можеме да си ги признаеме своите грешки и да се поправиме ние се наоѓаме на ова дереџе. Само треба да го смениме нашето мислење, толку едноставно, а сепак толку сложено. Да го сконцентрираме нашето внимание кон нашите грешки, па да видиме што се изворот на тие грешки, што може да преземеме за да го поправиме тоа? И малку од малку да имаме духовно побогат и поисполнет живот. На оваа планета има доволно ресурси за да прехрани неколку пати повеќе жители отколку што има сега, а сепак ни се случува луѓе да умираат за вода, а не за храна. Е тука е моментално нашата најголема грешка и најголем неуспех на оваа цивилизација. Ако не научиме да учиме од своите грешки оваа планета која што ни е од Бога дадена најкасно за сто години од сега ќе ја претвориме во една голема депонија, каде што ќе мизеруваат и веќе мизеруваат милиони и милиони луѓе.Што ќе оставиме за нашите деца за нашите внуци? Само мизерија и страдање. Затоа треба да си ги признаеме нашите грешки и да учиме од нив.Тоа е пожелен исход од правењето грешки.
А, ако веќе збориме за нешто својствено на луѓето, тогаш правењето грешки и не учењето од нив, како и не признавањето дека сме ги направиле, е нешто уште "почовечко".
Реално, сите сме лоши ученици во школото на животот. И голем дел од неговите часови ги проаѓаме во повторувањето на една те иста лекција.
Тука е и она што се нарекува его, и што нејќе да признае дека може да погреши и да не биде во право. Не сака да си признае ни само на себе, а не па на другите.