- Член од
- 21 август 2011
- Мислења
- 5.064
- Поени од реакции
- 5.665
Koга ќе ме запознаеш со жените што изневеруваат многу?Па, долго време помина од тогаш.
Всушност, уште подобро функционираме.
Како што кажав, се е до карактер.
Познавам секакви мажи, секакви жени.
Познавам жени кои изневеруваат многу, нивните партнери сеуште не го знаат тоа (или го знаат, а се прават будали?!), познавам мажи кои изневеруваат, ама не можат да простат неверство... познавам се и сешто.
Нормално дека такви работи не се забораваат. Да се забораваа немаше да пишувам на темава.
Но, исто така, само себичен ум може да мисли на опција ,,никогаш нема да ти простам,,.
Кога си со некого долго, и го познаваш тој човек, не е така лесно да му кажеш ,,чао,,.
Посебно кога знаеш дека тој човек се кае за своите постапки.
Реков - сите сме различни. Јасно ми е дека е простено, но не и заборавено. Исто е и од моја страна - простено му е... многу одамна. Не и заборавено.
Но покрај сето тоа, сме пробале да не бидеме заедно, и не ни успеа. После подолго време се смиривме, сеуште сме заедно.
Јас мислам дека добро ни оди.
Но секој човек, секој живот... сите сме различни.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Знаеш дека ја напуштив лавицата