Е сега, јас кај ја гледам разликата.
Речиси на секое машко можи да му се случи ИНЦИДЕНТНО да подпадни под провокација на некоја (секси) женска.Поготово ако не е во трезна состојба. Еве, за пример ќе се земам јас. Сум бил во долга, и сериозна врска. Сум бил заљубен како никогаш, и тоа вистински заљубен. Се случило во пијана состојба , некоја да ме “собери“ вечерта. Станувам утрото, и поглупо и пониско во животот не сум се чуствувал.Чак, во тие моменти сваќам колку стварно ја сакам девојката.
ЗНАЧИ: Јас, да сум ја изневерил. али ни во една милисекунда не сум ја изневерил љубовта што ја чуствувам према незе.
Има, не велам не, и машки што нема да си дозволат да се испулат наоколу. (меѓутоа, кој се тие машки, и како им е во врската, поготово на девојките, покасно ќе објаснам, доколку се разгори дискусија)
Од друга страна се девојките.
Не можам да кажам од мое искуство, пошо сум машко
меѓутоа ке кажам што мислам, а истово ми потврдиле речиси сите девојки што сум разговарал на оваа тема, а бројот е прилично голем.
Имено, мислам, и потврдено ми е, дека вие девојките, во случај да изневерите, сето тоа ви е однапред испланирано. Значи однапред знаете со кого би изневериле, кога би изневериле, и како би изневериле. Пример, би се опијаниле,само за да се оправдате пред себе си, а и да имате изговор пред некој друг, али во секој случај уште пред да почните да пијате, макар и потсвесно знаете што ке се случи на крајот од денот.( ова е само пример, не мора да биди точно баш вака)
Е сега, бидејќи знаете од напред, значи дека вие при здрава свест помислувате не некој друг. Одтука,
за вас не можи да се речи дека вие во ниеден момент не сте ја изневериле љубовта спрема партнерот.
Добро, има девојки што не изневеруваат,меѓутоа не е темава за нив.
п.с не застанувам на машката страна бидејќи сум машко. Се трудам да гледам објективно, потрудете се и вие.