Како да се излечи хомосексуалноста?
Еве примери:
Хомосексуалните бракови низ Европа и светот
Проширувањето на правата на хомосексуалните двојки започна во 1989 година, кога Данска ги озакони т.н. „регистрирани партнерства“ кои ги проширија имотните и наследните права на геј-двојките. Со тоа, за прв пат во историјата на некоја национална Влада, се пружи не само заштита на геј и лезбиските двојки од дискриминација, туки им се дадоа и некои права кои ги имаа хетеросексуалните венчани двојки. Норвешка постапи слично во 1993 година, кои потоа ги следеше и Шведска во 1995, како и Исланд во 1996 година.
Другите држави во Европа и Северна Америка, исто така, ги проширија правата на геј-двојките со т.н. цивилни унии. Сепак, Холандија беше таа држава каде за прв пат се легализираше истополовиот брак. Во декември 2000 година, холандскиот Парламент ја усвои легислативата со која им се дава право на истополовите двојки да склучуваат бракови, да се разведуваат и да посвојуваат деца. На први април 2001, градоначалникот на Амстердам присуствуваше на првата церемонија на склучување на брак меѓу четири геј-двојки. Во наредните 8 години, Белгија (2003), Шпанија (2005), Канада (2005), Јужноафриканската република (2006) и Норвешка (2008) го следеа примерот на Холнадија и ги легализираа истополовите бракови. Шведска, најверојатно, е наредната држава која во своите закони ќе дефинира полово-неутрален брак, а за него ќе се гласа оваа година.
Нови закони во врска со легализацијата на хомосексуалните бракови се донесуваат насекаде низ светот. Буенос Аирес постана првиот град во Аргентина и Латинска Америка воопшто, што во 2002 дозволи цивилни унии меѓу истополови двојки. Во ноември 2006, градот Мексико, поддржан од локалната влада, постана првиот град во Мексико што ги призна истополовите бракови. Истиот месец, Израел ги призна сите бракови склучени склучени во странство како полноправни бракови. Во 2007 и Колумбија ги прошири правата на истополовите двојки кои живееле заедно подолго од 2 години. На 1 јануари 2008, Уругвај изгласа закон со кој се признаваат цивилни униии меѓу истополови двојки кои живееле заедно подолго од 5 години.
Холандија
Холандскиот Парламент во 2000 година го измени дотогашниот Закон за семејство со сооднос 3:1 за поддршка на измените, така што сега во него е утврдено дека „Бракот може да биде склучен меѓу лица од различен или ист пол.“
Единствено спротивставување во Парламентот, дојде од Христијанско-демократската партија, која што тогаш не беше дел од владекачката коалиција. Откако законот стапи во сила, Холандската Протестантска Црква, која претставува 12% од населението на државата, одлучи дека секоја парохија посебно може да си одлучи дали ќе врши богослужба при склучување на истополи бракови. Иако муслиманските и конзервативните христијански групи продолжуваат да се противат на одлуката, како и хомосексуалноста, и хомосексуалните бракови се широкоприфатени од холандската јавност.
За само 9 месеци откако стапи во сила оваа одлука, над 2.400 двојки од ист пол стапиле во брак. Од тогаш, годишната бројка на истополови бракови се намалува, од 1.838 во 2002, до 1.371 во 2007.
Белгија и Шпанија
Почнувајќи од 1998, белгискиот парламент понуди ограничени права за истополовите двојки со воведувањето на регистрирани партнерства. Истополовите двојки можеа да се регистрираат кај општинските матичари и формално да прифатат взаемна одговорност за одржувањето на заедницата. Пет години подоцна, во јануари 2003, парламентот го легализираше истополовиот брак, давајќи им на геј и лезбиските бракови исти права околу материјалните и наследни права како и на хетеросексуалните двојки.
Поддршка на законот дојде и од Фламанскиот север и од јазично-францускиот југ, што генерираше изненадувачки малку контроверзии низ земјата. Христијанско-демократската партија, која веќе долго време беше на власт, традиционално здружена со Римокатоличката црква, беше немоќна да го спречи донесувањето на законот. Законот дозволува и склучување брак меѓу белгиски државјанин и државјанин на друга држава каде геј-браковите се признаени. Во 2006, парламентот им дозволи на истополовите двојки во брак да посвојуваат деца.
Над 2.500 истополови двојки склучиле брак во Белгија од јули 2005 година.
Во Шпанија, поделениот парламент го легализираше истополовиот брак во 2005 година, доделувајќи им на овие двојки исти права како и на останатите. Новите мерки предвидуваат дека „За брак ќе се смета и кога две лица ќе склучат договор за брак, а се од ист пол.“ Официјален Ватикан, како и Шпанската бискупска конференција, строго го критикуваше законот, што резултираше со демонстрации на широките народни маси за и против новите мерки. Кога законот влезе во сила, Уставниот суд ги повлече сите решенија со кои општинските судови претходно одбивале да им издадат венчален лист на истополови двојки.
Според Опина институтот, еден ден пред изгласувањето на Законот, околу 62% од јавноста го поддржувала законот. Еден месец подоцна, скоро ист процент (61) ги поддржале измените.
Од крајот на 2007 година, над 7.000 двојки се решиле да склучат истополов брак во Шпанија.
Канада и Јужноафриканската република
Истополовите двојки во Канада ги добија најголемиот број на права во 1999, кога федералната и локалните влади го проширија општото право и за геј и лезбиските двојки. Преку серија на судски случаи, почнувајќи од 2003, истополовите двојки станаа легални во девет од 13-те канадски провинции и територии. Во 2005 Парламентот усвои закон со кој ги призна сите бракови склучени насекаде низ светот. Во 2006 законодавното тело ги порази напорите на Конзервативната партија за повторно разгледување на законот, со што тој остана непроменет.
Според Канадската телевизиска корпорација, три месеци пред донесувањето на Законот, над 52% од Канаѓаните се спротивставувале на неговото донесување. Но по еден месец од стапувањето во сила, 55% се изјасниле за негова поддршка, бројка која во декември 2006 се искачи на 58%.
Јужноафриканскиот парламент ги легализира истиполовиот брак во ноември 2006 година, по само една година откако Врховниот суд пресуди дека рестриктивните закони по ова прашање ги кршат уставно загарантираните права на граѓаните. Новите мерки беа донесени со поддршка поголема од 5:1, со целосна поддршка и од владејачката Африканска национална партија и од главните помали опозициски партии, како Демократската алијанса.
Сепак, законот дозволува верските институции и цивилните службеници да одбијат служба во чест на истополовиот брак, одлука која според критичарите е еспротивна на Уставот