Дали да се легализира проституцијата?

Dani^^^

Femme fatale
Член од
8 април 2005
Мислења
1.831
Поени од реакции
21
P.Overdrive напиша:
Во тој случај најди некој еликсир кој ќе те одржува во живот до крајот на човештвото.. :wink:
Тоа е само твоја претпоставка дека неморалот и овој низок степен на умствен развиток кај човекот ќе се задржи до крајот на човештвото... јас сум оптимист и верувам дека луѓето ќе почнат да се развиваат и конечно да сфатат што е морал т.е што е добро а што лошо... и дека можеби конечно наместо да го бират полесниот пат секогаш, ќе се фатат за работа...
 
StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Dani^^^ напиша:
Тоа е само твоја претпоставка дека неморалот и овој низок степен на умствен развиток кај човекот ќе се задржи до крајот на човештвото... јас сум оптимист и верувам дека луѓето ќе почнат да се развиваат и конечно да сфатат што е морал т.е што е добро а што лошо... и дека можеби конечно наместо да го бират полесниот пат секогаш, ќе се фатат за работа...
Видиш, за прв пат делумно се согласувам со тебе.
Во времето на Хеленизацијата, моралната филозофија била ептен популарна, а водејќи се по тоа дека историјата се повторува, ондак може да се очекува повторна морална филозофија некаде кон зајдисонцето на човековата раса. :)
 
Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
шо има неморално у проституција? начин на заработување.

И, ПОБОГУ

УШТЕ ЛИ?
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Dani^^^ напиша:
Тоа е само твоја претпоставка дека неморалот и овој низок степен на умствен развиток кај човекот ќе се задржи до крајот на човештвото... јас сум оптимист и верувам дека луѓето ќе почнат да се развиваат и конечно да сфатат што е морал т.е што е добро а што лошо... и дека можеби конечно наместо да го бират полесниот пат секогаш, ќе се фатат за работа...
Претпоставка, прогноза, мое убедување, на крај можеби вистина ќе излезе.
Не е лошо да се надеваш дека свеста на луѓето ќе премине на повисоко ниво, воопшто не е. Може да е само нереално

Допрва доаѓаат времиња кога роботиката и генетиката ќе бидат секојдневие. Не е далеку времето кога луѓето ќе почнат да примаат/додаваат неприродни елементи, станувајќи киборзи, и продолжувајќи си го животот за хх години. Клонирање, ин-витро оплодување.. се' ова денес се смета за неморално (барем од оние хардкор, ортодоксни верници), а кај и да е, ќе биде наше секојдневие.
Забегав јас малку на друга тема..

А да.. како што верувам дека имам напишано и порано, моралот е многу релативна работа.. она што за една заедница е морално, е неморално за друга. Истото важи и на индивидуално ниво, и на глобално ниво.
 
ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
ееееееееее луѓе луѓе

абе ако се легализира проституцијата ќе има многу вработени поради тоа не сакаат да ја легализираат абе не за друго ќе треба и пензија да им даваат
 
astrion

REBEL
Член од
15 ноември 2005
Мислења
792
Поени од реакции
18
Деца водете љубов а не војна:je: Подобро е да се легализира проституцијата,барем некогаш кога ке ми е досадно ке си јавикнам дома,море две ке си викнам,ама се надевам дека нема да е многу скапо,да ја направат по наши стандарди оти во знак на револт сите ке апстинираме:icon_lol: А и овде ке си го докажам патриотизмот и купувај домашни производи,ке ковам само наша роба
 
I am a bitch

Мачкица
Член од
24 февруари 2006
Мислења
2.016
Поени од реакции
2
Mislam deka ne treba da se legarizira vo nikoj slucaj! Mislam deka e edna bedna i odvratna rabota. Ne e ni rabota! Tolku e glupavo da si go prodavas teloto za pari! Tie prostitutki pred se samite si se ponizuvaat , a tie mazi sto plakaat za takvi uslugi voopsto na zasluzuvaat nikakva pocit. Toa e stvarno grozno!!!
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Еден од жестоките противници на проституцијата бил и Имануел Кант. За него проституцијата била очигледен пример за пропаѓање на општеството и ставање на човечко суштество на ниво на животно. Сшпред него секоја личност треба да ја почитува волјата на другата личност. Но се поставува прашањето што е тоа што ја прави личноста личност? За Кант тоа е способноста да се биде разумен. Способноста да бидеме разумни и да се ставиме над нашите страсти и емоции ни овозможуваат да бидеме личности. Кога ги почитуваме желбите на другите ние го правиме тоа поагајки од фактот дека и тие се разумни личности како нас способни за разумно размислување. Се што оди над разумното однесување треба да биде проверено, а доколку не го почитуваме моралот и разумот ќе се сведеме на животни кои немаат морални правила.
Значи не се работи само за некакви религиозни прекршоци туку се работи за легализирање на деградација на личноста. навредите кои ќе мора да ги слушаат од најчесто изопачените луѓе кои посетуваат проститутки ќе ги доуништи и така забеганите проститутки. Значи јас сум за едукација и социјална помош а не за легализирање на оваа негативна појава.

Значи за да дојдеме до одговорот зошто е некој чесен или нечесен треба да го дефинираме тој збор. Еве во Meriam Webster речникот што најдов под овој збор. Дека тоа е искреност и отвореност. Дека во основа тоа значи одбивање да се лаже (лагата е во тоа што овој исклучително интимен однос кој треба да прозилезе како резултат на љубов е најобично преправања заради задоволувања на нечии извртени страсти од една страна и заради финансиската корист од друга страна), одбивање да се краде или да се измамува некој на било кој начин. Синоними на чесноста се ЧЕСТА - сугерира на активен или почитувачки однос кон нечија професија, позиција или звање (каде е честа во курварлукот?), ИНТЕГРИТЕТ - под што се подразбира сигурност во нечија личност (не знам исто кој има доверба во проститутка? или тоа ми е само предрасуда хехе) и некорумпираност( па ако некој е спремен да си го продава телото за пари сигурно дека ќе биде спремен се да направи за пари значи е корумпиран) и ИСПРАВНОСТА - под која се подразбира веќе докажан интегритет и чест (види претходното).

Значи да се зборува за ЧЕСНОСТ кај проститутка е како да зборуваш за метално дрво.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
SLaCk напиша:

Е, и што е тоа што го нема во својата професија една проститутка? Надолу од болдираното е веќе истиот муабет од претходно затоа не коментирам. Само затоа што тебе лично не ти се допаѓа што се е*е секоја вечер со различен за пари е нечесно? Тоа им е работа и така си избрале проститутките, што има да не е чесно во тоа??? А баш убаво е напишано тоа болдираното ...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Ајде да одиме реченица по реченица.
(лагата е во тоа што овој исклучително интимен однос кој треба да прозилезе како резултат на љубов е најобично преправања заради задоволувања на нечии извртени страсти од една страна и заради финансиската корист од друга страна)
Кои црни преправања? Човекот фино си плаќа, жената се мести по желба, односот завршува на сечие задоволство (финансиско кај проститутката, сексуално кај муштеријата) и готово. Кај има тука преправање? Пак ќе ти го спомнам примерот со масерка во сауна - ти дава физичко задоволство за пари. Ама чекај! Проститутката работи со полов орган! О, богохулие! О, светогрдие!

Синоними на чесноста се ЧЕСТА - сугерира на активен или почитувачки однос кон нечија професија, позиција или звање (каде е честа во курварлукот?)
Имавме цела тема за разграничување на курва од проститутка, не мислам овде да ја повторувам. Писмен си.
А,да. Од кој црн речник извади дека чесност и чест се синоними? Од Webster? Мало појаснување : се работи за речник на англиски јазик. Малку се разликува од македонскиот.
ИНТЕГРИТЕТ - под што се подразбира сигурност во нечија личност (не знам исто кој има доверба во проститутка? или тоа ми е само предрасуда хехе)
Да, и тоа ти е само предрасуда. Не можам да ти кажам колку голема. Не можеш ни да сфатиш.
некорумпираност( па ако некој е спремен да си го продава телото за пари сигурно дека ќе биде спремен се да направи за пари значи е корумпиран)
Од кој мал мозок ја извади логикава???? На што ли се спремни оние кои од разонода се „работат“! Па тие и без пари се ќе направат!

Излези малку од школката. Погледај околу себе.
 
SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Види мене лично ако гледам така егоистчки не ме заболе за проститутките зошто ниту сум посетил некоја ниту некогаш ќе посетам а исто така не познавам лично ниедна проститутка. Но тоа не е причина да не размислувам за тоа прашање. Кога велам дека не оправдувам и не сакам да се легализира проституцијата, тоа не го кажувам со намера на некого да му УСКРАТАМ негово право или да зезнам некој макро пошто ми е криво што заработува. Тоа го кажувам затоа што сметам дека проституцијата во 95% од случаите се јавува како резултат на сиромаштија неедуцираност од една страна (кај тие што се проститутки) и како резултат на нечии изопачени страдти и нагони (тоа се муштериите). Значи сто пати реков подобро е државата да вложува пари во сиромашните средини и да ги едуцира младите луѓе и да им наоѓа работа отколку да размислува да прибира даноци од еб*ње. Јас сум уверен и сигурен дека никој (барем никој нормален) не сака тоа да му е професија затоа што во природата на човекот не е да биде нечиј роб или нечиј објект кој може да биде купен за пари да биде искористуван и на крај да биде платен. Само тоа сакав да кажам. Значи според мене не се работи за автономна волја затоа што ако беше така немаше да треба да се грижиме и за зависниците од дрога (кој се дрогира нека умре што ми е гајле он така си избрал), ни за луѓето што земаат пари од лихвари(они така си избрале и биле свесни) ни за самоубијците (и они така си избрале) и тн. Но сепак мислам дека општеството треба да биде похумано и да се грижи секој човек да го добие она што навистина го заслужува а ниту еден човек не заслужува да биде проститутка.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Зар најпосле сфати??

Тие жени (и мажи) се оштетените во ситуацијата, не се нечесните! Никој не трпи заради нив, нити е оштетен. Тие се единствените жртви на сопствениот избор - како и сите други што ги спомна!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom