Така е Дани. Бравос.
Еднаш - барем еднаш - да ги поддржеше тие ставови со некоја логика? Со размислување од типот „не е чесна оти ако муштеријата заспие, таа ќе му го дрпне новчаникот” и слично? Ама не, едни исти работи се повторуваат по сто пати...
Ја знаете приказната со девојчето што ја прашало мајката зошто ги сече копаните од кокошката пред да ја вари? И оваа рекла, „Ами не знам... Чекај да ја прашам баба ти...”, бабата рекла, „Ами не знам.. Чекај да ја прашам прабаба ти...” и оваа најпосле кажала „Ами мало ни беше тенџерчето, ќерко!”
Така и вие - се фаќате за нешто и без да размислите, само го повторувате. Толку од мене овде.