Ок луѓе ги мразите поповите зошто земаат пари,а? Што ви е проблемот не треба да живеат? Која е поентата на вашиот живот,имате храброст по форуми да плукате по свештени лица од наша религија.
Мразите каде ви е човечноста како можете да мразите луге кои проповедаат религија која е основа на културата и на нацијата во која живеете, или немате појма. Само да напишете некој пост со надеж дека некој ке го прочита и ќе се согласи со вас.
Сте ја прочитале Библијата сте постеле сте биле на причест или одите во Црква за да ве видат за божиќ и за велигден?
Сериозно размислете за ова што го пишувате и за тоа што ширите омраза.
Zeng, тоа нивно земање на пари да беше како што треба мислиш дека темава ќе беше преплавена со критики кон нив?
Ама у право си. Треба и они да живеат...треба да возат мерцедеси, да седнат на шведски маси и да се нафукаат додека не си ги наполнат стомаците,а воедно и да се опијат дрва од време навреме и да тресат муабети кои ни малку не му доликуваат на свештено лице и од кои може само да се згрозиш.
Воа не е трескано од памет зборувам за свештенството во мојата околина ама како шо ги прочитав мислењата и на останатите заклучив дека ситуацијата не е таква само тука во мојот град туку и во добар дел од останатите.
Црквата била првата школа и прва работа која треба да ве асоцира во врска со свештеникот нормално треба да биде сестрана образованост, широко познавање не само од религијата туку од многу области, трудољубивост,пристојно однесување итн.
А, свештенството денес не поседува ниедна од овие клучни работи за да биде свештеник кој со сигурност ќе ја има почитта од останатите па и од неверниците.
Ама денес за жал, слушајќи им го вокабуларот ни малку не не уверуваат дека се начитани и образовани.