Никогаш не сум слушнал одговор до сега од македонец дека не сака да ја напушти оваа држава. А, кога станува збор за менување име или нешто друго сите стануваат патриоти преку ноќ.
До сега ниту една македонска влада не направила граѓаните да се осеќаат удобно во сопствената држава, освен тие добро ситуираните што овде ги има во мал процент, а не треба така да е. Не е работата државата да ги зголеми платите во државните институции, работата е државата да понуди општо по добри услови за живот овде. Услуги во болница, подобро и поефикасно образование, по добра околина, подобар туризам, подобра култура и најнормално повеќе работни места, а најбитното е да ја подобри положбата и привилегиите на обичниот македонски работник. Од како ова ќе го овозможи некоја влада на Македонија тогаш народот ќе се осети како македонски и ќе се добие правото чувство на македонец. Овде државата за се се бори освен за сопствениот народ.
Па според ова мојот одговор е да. Вреди да се напушти оваа држава. Кога човек ќе види каков е животот на луѓето во поразвиените држави во Европа, Азија и Америка и кога пак ќе се врати овде ќе си ја мава главата во ѕид.