Дали вреди да се биде добар?

Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
najdobriot nacin da pobedi zloto e dobrite luge da ne pravat nisto :smir:
vredi da se bide dobar i da se bide primer, za da moze da se zadrzat nekoi vrednosti
 
^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Го мењам моето мислење од ДА во НЕ. Но да не се биде намќор, туку авторитет.
 
M

M del Mar

Гостин
Ако сакаш да ти се качуваат на глава и да не ти покажуваат респект, да те реметат, најверојатно вреди да се биде добар али ако не го сакаш истово не вреди да се биде добар...не да бидеш лошотилак меѓутим во рамките на нормалата, да знаеш да ја контролираш добрината и да знаеш спрема кои поединци да ја применуваш...речиси скоро никој не ја заслужува твојата добрина, реално гледано...
 
S

smart ass

Гостин
Браво...многу месии хумани,но и збунети.

ДА БИДЕШ ДОБАР Е ТОА ШТО ТЕ ПРАВИ ЧОВЕК-покрај природните нагони....денешното општество вметна МАТЕРИЈАЛНИ нагони-алчноси и емегоизам
 
M

M del Mar

Гостин
Во право си добрината те прави човек...но кое фајде кога другите тоа не го почитуваат и те повредуваат поради твојата добрина...зарем не им се смачува од тоа на луѓето...кога гледаат дека нема ефект од сето тоа се вртат на друга страна...
Јес да колку и да нејкеш да бидеш добар спрема некого...понекогаш во некои ситуации добрината сама по себе испливува на површината...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не бе брат. Јас убо те прашав едноставно прашање на кое не требаше да изиграваш голем ум и требаше да му дадеш едноставен одговор. Со тоа само сакав да те наведам да споредиш кој од нив поубаво живее: волкот или овцата, а не да ми обајснуваш кој се приоритетите и слабостите на едниот и другиот. Се разбира дека и едноиот и другиот имаат среќни и fucked up денови ама кога споредуваш две различни нешта секогаш добиваш поголемо и помало т.е. повредно и поневредно т.е. едно шо е убаво и едно шо не е и ако и сеа не ме свати и ја стварно не знам зошто си влегол во дискусија?!:nesum:
Ти ме дупиш мене?! Ај чим морам да ти одговорам, тогаш да ти одговорам кратко и јасно. Без двоумење, поубаво живее овцата. Ама тоа ти не можеш да го прифатиш бидејќи за тебе поинакви критериуми се важни. Кусоглед си, затворен си.

Плус прашањето ти е моронско, ко да поставам прашање сега јас, кој на форумов мисли дека си глуп? Многу ќе одговорат дека си, многу ќе одговорат и дека не си, но кој од нив ќе го земеш за релевантен, само оние што ќе речат не си глуп бидејќи тебе тоа така ти одговара?! Не можеш така.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Да се биде човек е тешко. Да се биде добар човек е најтешко, а да се глуми добар човек е можно и тоа се учи.
Повеќето сметаат дека добрите луѓе најчесто се глупави и наивни па дозволуваат да сносуваат штета која им е нанесена баш заради нивната добрина. Затоа не ми е јасно каква е таа добрина која повеќето ја нудат, а ја немаат доволно за себе?
Многу глумат дека се добри луѓе, сочуствителни и милостливи. За да биде добар човек, треба да е добар првенствено за себе па за останатите. Дали вреди да се биде добар ? Па нормално дека вреди со тоа што истовремено треба и да можеш да се оградиш од останатите, да се направи дистанца за твоите квалитети да не бидат злоупотребени.
Некој спомна погоре дека најсилните преживуваат. Не би рекла дека тоа е така. Ете и доносаурусите беа најголеми и најсилни животни па изумреа. Но затоа пак амебата и нејзината способност за прилагодување на средината допринесе да постои и денеска.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Ти ме дупиш мене?! Ај чим морам да ти одговорам, тогаш да ти одговорам кратко и јасно. Без двоумење, поубаво живее овцата. Ама тоа ти не можеш да го прифатиш бидејќи за тебе поинакви критериуми се важни. Кусоглед си, затворен си.

Плус прашањето ти е моронско, ко да поставам прашање сега јас, кој на форумов мисли дека си глуп? Многу ќе одговорат дека си, многу ќе одговорат и дека не си, но кој од нив ќе го земеш за релевантен, само оние што ќе речат не си глуп бидејќи тебе тоа така ти одговара?! Не можеш така.
:tapp:

ок. фино шо ми одговори на прашањето, ама не доликува да се понашаш ко гомно. Јас никогаш не те навредив, а ти премногу се занесуваш дека си кизнај кој и кизнај шо а си обчиен надуен кретен кој мисли дека е најпаментиот на земјава. Ти си тој шо мисли дека неговото мислење е најдоброто. Тебе те боли дека некој како мене ( помал 10 години ) има свој став и свое мислење. Господине НАЈ, кажи ми што беше моронско во прашањето мое?! Јас само си изјаснив мое мислење и те прашав за твое. Јас немаше да ти пишам дека грешно мислиш, туку ти си тој кој го пиша тоа. Иронично, но ти си кусоглед и затворен. И ти беше тој кој ја започна расправава понашајќи се со твој ЕГОмен став. Знам дека е навредливо за тебе некој помал да ти соли ум ама јас не трпам понижување од некој кој знам дека не е во право, па било дали е постар или помал од мене. Алал да ти е на умот
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Зошто Исус рекол „Ако некој ти го земе палтото Ти дај му ја и кошулата, ако те удри ти сврти му го и другиот образ.“ Добрината не значи да се биде овца за стрижење. Добрината може да значи и да се биде милостив, да се знае да се прости, да се помогне.
Најсилните опстојуваат точно, но тие според мене не се лошите и манипулаторите туку напротив чесните и истрајните.
 
Тоа е во еден добар свет, а нашиов е малку заебан. Ако некој те удри по едниот образ и без да му го свртиш ти другиот тој пак ќе те удри. А ако му свртиш повторно образ можеш и ептен лошо да си поминиш. Искрено јас ректо односно никој досега неам видено да прави толку добро како што проповедал Исус.
 
Затоа секој си ги бира пријателите. Сигурна сум дека имаш многу добри пријатели кои скогаш се до тебе кога ти требаат, а сигурна сум дека и ти си таму кога им требаш. Не се сите лоши и манипулатори, но има и многу такви, сите сме биле нивна жртва барем еднаш во својот живот. Тоа не е причина да станеме како нив.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
Затоа секој си ги бира пријателите. Сигурна сум дека имаш многу добри пријатели кои скогаш се до тебе кога ти требаат, а сигурна сум дека и ти си таму кога им требаш. Не се сите лоши и манипулатори, но има и многу такви, сите сме биле нивна жртва барем еднаш во својот живот. Тоа не е причина да станеме како нив.
Во право си. Јас никогаш на некој кој ми е близок или пак познаник му немам направено нешто лошо. Секогаш се трудам да ги разберам и да им помогнам. Сега за оној кој ми згрешил враќам дупло иако не е баш христијански, но на некој што не го познавам ни му правам добро ни лошо. Мислам дека така е најдобро за да не згрешам
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Не мешајте добрина со наивност и глупавост. Најчесто одат во пакет ама не мора така да биде.

Освен тоа што е добро за еден не мора да биде за друг и не знам дали постои универзален поим што е добро.

Или пак да речеме она што не ти носи лоша карма е добро (за тебе) а тоа што ти носи лошо. Можеби е тоа најправилна поделба.

Најголема борба е да не бидеш наивен и глуп инаку тешко тебе :).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom