Дали вреди да се биде добар?

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Сите ќе беа добри ако беа свесни за тоа што можат да го добијат со добрината. Прашањето би ми било, ако не вреди да се биде добар, тогаш колку вреди да се биде лош?:smir:
Или, колку да се биде лош, за да се биде добар :)

Со оглед дека малку злоба и лошотија е добра ствар..
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728

Ова малку ти е клучниот збор уствари.
Разликата настанува кај оние со злобна душа кои се далеку од оние кои во себе поседуваат мала доза на лошотија:)
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ова малку ти е клучниот збор уствари.
Разликата настанува кај оние со злбона душа кои се далеку од оние кои во себе поседуваат мала доза на лошотија:)
И човек, што да кажеме, не ја поседува таа злоба во себе, мора да ја глуми, како би му се плашеле..

Тоа правило најчесто важи за високите функционери, односно "Подобро да ти се плашат него да те сакаат"
И, да, позитивна ствар е, доколку сака да ја води фирмата/државата како што треба, повеќе му е во корист му е да му се плашат, него да го сакаат :)
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
И човек, што да кажеме, не ја поседува таа злоба во себе, мора да ја глуми, како би му се плашеле..

Тоа правило најчесто важи за високите функционери, односно "Подобро да ти се плашат него да те сакаат"
И, да, позитивна ствар е, доколку сака да ја води фирмата/државата како што треба, повеќе му е во корист му е да му се плашат, него да го сакаат :)
Малку не се согласувам со ова. Јас повеќе ќе направам и ќе вложам за некој кој го сакам, отколку за некој на кој му се плашам. На доброто, најчесто со добро се враќа.
Едно е да глумиш, а друго е да си злобен/лош. Глумата кога-тогаш завршува. Но суштината на човекот и карактерот остануваат.
И можеби е позитивна работа, но позитивна само за него. А ова повлекува една друга особина, себичност, која не е баш така позитивна. И кога сè ќе се собере, поубаво биди си добар за да те ценат, отколку лош за да ти се плашат.:star:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Малку не се согласувам со ова. Јас повеќе ќе направам и ќе вложам за некој кој го сакам, отколку за некој на кој му се плашам. На доброто, најчесто со добро се враќа.
Едно е да глумиш, а друго е да си злобен/лош. Глумата кога-тогаш завршува. Но суштината на човекот и карактерот остануваат.
И можеби е позитивна работа, но позитивна само за него. А ова повлекува една друга особина, себичност, која не е баш така позитивна. И кога сè ќе се собере, поубаво биди си добар за да те ценат, отколку лош за да ти се плашат.:star:
Така мислиш пријателе..
Ќе ти дадам прост пример.
На професорот по физичко на кој му се плашиш, пошо од него ти зависи оценката, а од таа оценка и понатамошниот живот, да ти каже да испумпаш 50 склека, без сомневање се спушташ и пумпаш..
А мајка ти, шо ја сакаш највише на свет, да ти каже да испумпаш 50 склека, прво ќе ја измеркаш цела, ќе и се зачудиш, ќе и мрчиш, ќе наоѓаш маани, па после прашање е дали ќе ги пумпаш..

Или, еве за пример ти ги зиам Тито и Бране, каде каде бил поубав животот за време на Тито, Југославија била светска сила у тоа време, Тито далеку подобро водел толкава држава, одколку Бране шо ја води моментално Македонија, шо е едно мало деееелче од Југославија..
Зошто? Зошто ако кажеш лош збор за Тито, и некој те отчука, те праќаат сместа на голи оток, а тука, можеш да се скапаш од мрчење муда за Бране..
За време на Тито, сите правеле како ќе им се заповеда, мислиш од љубов? Верувај ми, од страв, пееле песни дека го сакаат, од страв :) Каква иронија а? :)

Те капирам што сакаш да ми кажеш, али ти ми кажуваш, како всушност треба да биде, а не како реално е!
И јас би сакал сите да работат повеќе од љубов а не од страв, ама не е така..

Или, еве ти уше еден пример, од искуство кажан..
Татко ми моментално работи во Црна Гора, во термо електрана, задолжен да надгледува и одржува филтри, филтри шо вредат 16 милиони еура..
Главниот директор на електраната, нормално, си убацил роднини и ги ставил на повисока функција, секако, неговите роднини се квалифицирани за работата, и стварно паметни и културни луѓе :)
Aма се дешава еден проблем, коа ќе им нареди да направат нешто, они тоа го прават после 2 дена :) Пред да го напраат, прво мрчат муда, па после идат да сработат..?
Зашо е тоа така, кога шефот им е роднина шо го сакаат?
Мислиш дека реално, би мрчеле муда доколку директорот воопшто не го знаат? :)
 
Овде не збориме ни како треба да биде, ни како е реално:) Поената беше да видиме дали вреди да се биде добар.
Јас мислам дека вреди, затоа што прво пред себе си чист и си подобар човек, а второ вредиш пред другите и те ценат.

За мрчењето муда, тоа веќе е демократија што ти го споменуваш. За директорот на електраната можам и јас пример да ти дадам.
Семеен пријател наш има компјутерска фирма. Во цела негова фирма работат самои негови роднини. Но, не се ставени како што типот од електраната ги наредил. Тестирани се, без разлика што му се роднини, дали се способни за таа функција. Се случи, мојот компјутер кога беше на поправка да ми го вратат со дел помалку. Типот (газдава) му скина 25% плата на внукот затоа што муштеријата останал незадоволен.
Но тука веќе не станува за човекот како суштество. Станува за работни принципи. Тоа што човекот си ја штити фирмата од пропаѓање не го прави злобен и лош. Напротив, го прави подобар, затоа што утре, јас како задоволен, ќе го препорачам на други луѓе. Со тоа расте профит, а расте и плата. И кога ќе видиш, сепак тоа е за доброто на сите.
Ете, него му вреди да биде добар.:)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да вредеше да се бидит добар, сите ќе беа добри.
Грешка си. Не може сите да бидат добри. Мора да постои рамнотежа меѓу доброто и лошото. Мора некој да прави лоши работи и наспроти тој да има некој кој ќе прави добри работи.

Вреди. Секогаш вреди. Знаеш дека си човек, знаеш дека вредиш и дека имаш достоинство. Се чуваш себе, се исполнуваш себе и своето срце со позитивни чувства заради твоите добри постапки, а сепак не повредуваш никој при тоа. Барем не намерно.

Нема поголемо задоволство од тоа да знаеш дека си помогнал некому, дека си му се насмеал и со тоа си му го разубавил денот, макар било тоа и најобична ситница.:prc:
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Грешка си. Не може сите да бидат добри. Мора да постои рамнотежа меѓу доброто и лошото. Мора некој да прави лоши работи и наспроти тој да има некој кој ќе прави добри работи.
Мислењево некако ми е мн. нереално. Нигде не пишува дека мора, баш мора, доброто и злото да се во рамнотежа. Тоа не е некаков си природен закон. Уствари ја баш се кладам дека сега има повеќе зло отколку добро во светот. И сигурен сум дека нивниот соодност се менува.
Инаку, да, неможат сите да бидат добри, но не затоа што тоа е невозможно, туку зошто е мн. тешко да се изведе во реалноста.

он. Дефинитивно вреди да се биде добар зошто со тоа ние одлучуваме во каков свет живееме. Добар или лош, пријателски или непријателски расположен.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Овде не збориме ни како треба да биде, ни како е реално:) Поената беше да видиме дали вреди да се биде добар.
Јас мислам дека вреди, затоа што прво пред себе си чист и си подобар човек, а второ вредиш пред другите и те ценат.

За мрчењето муда, тоа веќе е демократија што ти го споменуваш. За директорот на електраната можам и јас пример да ти дадам.
Семеен пријател наш има компјутерска фирма. Во цела негова фирма работат самои негови роднини. Но, не се ставени како што типот од електраната ги наредил. Тестирани се, без разлика што му се роднини, дали се способни за таа функција. Се случи, мојот компјутер кога беше на поправка да ми го вратат со дел помалку. Типот (газдава) му скина 25% плата на внукот затоа што муштеријата останал незадоволен.
Но тука веќе не станува за човекот како суштество. Станува за работни принципи. Тоа што човекот си ја штити фирмата од пропаѓање не го прави злобен и лош. Напротив, го прави подобар, затоа што утре, јас како задоволен, ќе го препорачам на други луѓе. Со тоа расте профит, а расте и плата. И кога ќе видиш, сепак тоа е за доброто на сите.
Ете, него му вреди да биде добар.:)

Добрината не ти ги плаќа сметките :)

Дали вреди да се биде добар е стварно релативна ствар..
Некогаш правиш добро на себе за сметка на другите, некогаш добро на другите на своја сметка..

У глобала, би се сложил, вреди да се биде добар, со оглед дека постои секогаш втора опција, "ако не милом, онда силом.."
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мислењево некако ми е мн. нереално. Нигде не пишува дека мора, баш мора, доброто и злото да се во рамнотежа. Тоа не е некаков си природен закон. Уствари ја баш се кладам дека сега има повеќе зло отколку добро во светот. И сигурен сум дека нивниот соодност се менува.
Инаку, да, неможат сите да бидат добри, но не затоа што тоа е невозможно, туку зошто е мн. тешко да се изведе во реалноста.

он. Дефинитивно вреди да се биде добар зошто со тоа ние одлучуваме во каков свет живееме. Добар или лош, пријателски или непријателски расположен.
Па фала Богу, не реков јас дека МОРА да има рамнотежа бидејќи тоа го пишува некаде. Но, сепак мое мислење е дека во светот секогаш ќе има баланс меѓу доброто и лошото. Да, можеби во одреден момент нема да биде тотална рамнотежа, односно злото малце ќе надвладее, па потоа доброто, но во глобала цврсто верувам во таа рамнотежа.

И не се согласувам со тоа дека има повеќе зло моментално во светот. Има само збунетост и лудило. Не е тоа зло. Тоа е непросветленост на човечката душа. Трката по пари е само моментално мешање на вредностите, не е злоба.

Има злоба во светот. Но има и премногу добри работи. Целиот свет е исполнет со добри работи, само што човекот најчесто не им обврнува внимание доволно.

Лесно е да си лош и да им штетиш на другите. За да бидеш добар треба повеќе. Повеќе личен интегритет, повеќе достоинство и топло срце пред се.
 
Звучи како, луѓето да не се свесни што прават. Често тие се свесни, но сепак го одбираат тој пат. Плус, има разлика помеѓу, зло и злоба. Без разлика кој им е мотивот на оние луѓе што ја ништат Амазонската Прашума и уништуваат стотици неоткриени видови, пари т.е алчност или чиста злоба, тоа дело е лошо, етички гледано. Ме сваќаш?
Некои луѓе бираат да направат зло иако се свесни дека тоа го прават. Како на пример тие што пушат, свесни се дека е лошо но сепак, продолжуваат. И тие што испуштаат фабрички отпад во реки, тоа го прават свесно, за да заштедат пари, да го максимизираат профитот.
Гледаш, не е до лудило се и збунетост.

Вториов параграф, чиста филозофија инспирирана од Love, actually :icon_lol:
...за тоа како има толку љубов, ерм.. пардон, добро, околу нас но ние едноставно не го забележуваме. Get real. Истовремено, не забележуваме и мнооогу зло што се случува околу нас. Домашно насилство, убиства, силувања, проневери, перење пари.... list goes on.
 
Не е точно, баш напротив... многу почесто го гледаме злото, додека на добрите и убавите работи во животот не им обврнуваме внимание, затоа што имаме некои “нереални“ потреби и само се жалиме и гледаме другите што прават.

Доброто е премногу застапено. Ако сакаш да погледнеш поубаво, ќе забелелжиш многу убави работи и добри.

Дека има лоши работи и злобни луѓе, тоа не го спорам. Ги има и тоа премногу. Но, ги има и добрите луѓе, добрите работи, добрините кои се прават. Ама тие секогаш некако како да не се доволни за човечкото внимание.

Реков, на светот и на луѓето им треба просветлување. Душевно просветлување. Да отворат срцето и да сфатат што прават и дека со нивните постапки прават големи штети.
 
Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Не е точно, баш напротив... многу почесто го гледаме злото, додека на добрите и убавите работи во животот не им обврнуваме внимание, затоа што имаме некои “нереални“ потреби и само се жалиме и гледаме другите што прават.

Доброто е премногу застапено. Ако сакаш да погледнеш поубаво, ќе забежелиш многу убави работи и добри.

Дека има лоши работи и злобни луѓе, тоа не го спорам. Ги има и тоа премногу. Но, ги има и добрите луѓе, добрите работи, добрините кои се прават. Ама тие секогаш некако како да не се доволни за човечкото внимание.

Реков, на светот и на луѓето им треба просветлување. Душевно просветлување. Да отворат срцето и да сфатат што прават и дека со нивните постапки прават големи штети.
Ок, држи до некаде. Ама тоа не ми беше целта на муабетот.

Целта на муабетот ми беше, дури и ако им дадеш не луѓето духовно просветлување, што е уствари друг начин да кажеш дека ќе им го претствиш твојот светоглед во кој единствен мотив за неетички дела е збунетоста, лудилото, незнаењето.... јас ти гарантирам дека ќе има и такви што ќе продолжат да прават зло, иако подобро е за сите ако прават поинаку. Тоа е вечна борба: интересот на единката вс. интерсот на заедницата. Тоа што тој го прави е и те како зло за заедницата, ама едноставно е добро за него, во негов интерес е. И што му можеш.
Тоа што Амеика го прави низ светот не е нешто подобро. Тоа што впрочем сите држави го прават.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
воопшто не вреди да се биде добар..нема човек кој заслужува да се биде добар сите се само за корист...и тие што се добри се преправааат само да земат тоа што им треба после јбг се испаруваат
 
Jordan Rudess

Tonight's the night.
Член од
3 декември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
53
воопшто не вреди да се биде добар..нема човек кој заслужува да се биде добар сите се само за корист...и тие што се добри се преправааат само да земат тоа што им треба после јбг се испаруваат
Можеби си во право, можеби и не... И јас мн пати на своја кожа сум почувствувал дека не вреди да се биде добар.. ми се има случено од луѓе на кои им имам многу помогнато и можеби никогаш не сум ги одбил за нешто, да ми го свртат грбот кога ми треба помош околу нешто, а тоа најчесто ми се има случено во сити ситуации, за работи кои и не се мн битни а сепак ги откриваат што луѓе всушност се...
Од друга страна каква корист има од мене човекот кој вчера не пушти да влезам пред него на забна бидејќи самиот увиде дека брзам за нешто, иако јас не му реков ни збор. Каква корист има човекот кој ме учеше да свирам, да ми дава најразлични софтвери за музичка продукција, какви пола студиата во македонија немат, да ми пише на скајп „дојди кај мене правам една песна, да гледаш како оди тоа“ без никакво побарување од моја страна. Каква корист има професорката по математика која остануваше во двете смени да не вежба за натпревар и самаата таа повеќе задачи решаваше од нас за да ни покаже како треба (благодарејќи на неа земав стипендија). Или кога бевме на екскурзија и не ни даваа алкохол да купиме во маркетите, случаен минувач ни помогна да купиме, иако можеби никогаш повеќе нема да се видиме во животот. и уште којзнае колку примери вклучувајќи те и тебе кој ниту ме знаеш ниту ме познаваш а сепак ми имаш помогнато на темата софтверски проблеми...
Кога погледнам кон таквите луѓе сваќам дека и јас треба да бидам добар, .. баш утрово беше пример кога ги наместив каналите на тв на комшиите кај баба ми во село, бидејќи тоа едноставно ми претставува задоволство на мене , а уште повеќе ме направија задоволен прекрасните зборови на старата жена..
Ај да не го тупам многу... Мисам дека вреди да се биде добар!!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom