Дали вреди да се биде добар?

Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Убаво е да се биде добар, убаво е чувството за себе, но живееме во време кога добрите највеќе страдаат така што не вреди да се биде добар.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Вреди да се биде добар, но за жал сите не размислуваат исто, денеска ти ја искористуваат добрината несвесно или намерно...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Вреди да се биде добар, но за жал сите не размислуваат исто, денеска ти ја искористуваат добрината несвесно или намерно...
несвесно??? свесно и тоа како :) да вреди да се биде добар ама не со секого (y)
--- надополнето: Nov 2, 2011 4:56 PM ---
Вреди да се биде добар, но за жал сите не размислуваат исто, денеска ти ја искористуваат добрината несвесно или намерно...
несвесно??? свесно и тоа како :) да вреди да се биде добар ама не со секого (y)
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Секогаш кога си добар , некој ќе ти покаже зошто не треба да бидеш .
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
//
Добрината како човекова особина,
Дали вреди да се биде добар?? кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?
интересно прашање кое содржи многу одговори....
мое мислење е дека треба да се биде добар во секоја смисла на зборот, затоа што секое добро направено дело го сметам како депонирање пари во банка, кој еден ден ке ги имаш на располагање, така што стекнатите пријатели ке ти се најдат во добро и зло.....
но да не заборавиме дека, животот е една добра школа која ја посетуваме додека сме живи....
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Јас на добрината гледам од некаков си објективен аспект. Значи шо се однесува до мене можам да бидам и добра и лоша, сметам дека е личен избор, ѓавол, ангел се е тоа во нас...
Но, ако си злобно копиле кое е злобно копиле само затоа што друго злобно копиле направило од тебе злобно копиле, кај му е факинг крајот на злобните копилиња. Ќе треба еден ден покрај то шо ќе ја загадиме животната средина со негативна енергија, на крајот и да се испоубиме меѓусебе. Затоа балансот на доброто и лошото не одржува во живот, или вечната борба на доброто против лошото или обратно, во зависност од насоката на разделната персоналност во нас...(смеам така да речам?)
Дали вреди да добар? Вреди, не за тебе ама за иднината на твоите деца.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Да го парафразирам г-н г-н Запа ќе кажам дека јас сум цинично гомно кое мисли дека добри проценти од луѓето во неговото опкружување, а богами и во светот би биле спремни да му цапнат на врат само за да си ги задоволат сопствените материјалистички и емоционални побуди. Со други зборови сите луѓе се буљаши, се додека не се докаже поинаку. Не очекува никакво добро од никого и затоа кога во текот на одреден временски период ќе сретне некој од останатите проценти кои се навистина малку и ќе се изненади тогаш навистина е среќен.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Викаат доброто со добро се враќа,така ли е? секој од свое искуство!
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Зависи што подразбираш под добро...старите,библијата,и сличните на нејзе не учат дека треба да сме целиот живот поштени,да живееме скромно,да не правиме зло,да не мислиме лошо...ама,не е се така како што е на хартија...порано се почитувале таквите,и не биле до толку,да речам дискриминирани од останатите...денес,сите се ложат на оние со мерцедеси,куќи,ланци,кои се најмалку заработени поштено,без направено зло...сврти се околу тебе,види што се дешава,размисли за тоа дали постои Оној кој ќе ти суди,заклучи сам/а дали вреди да бидеш добар..почитувај ги тие што тебе те почитуваат,сакај ги оние кои те сакаат,и направи се да имаш подобар економски живот,дали на овој или оној начин..бидејќи денес,а и уште долго тоа ќе биде на првото место за се,од идење на утакмица,до жена.Нема таков/а што кога ќе види некој кој го знае од негова возраст,кој бил дебил и немал ни 2 проценти памет а вози мерцедес,околу него све најаки девојчиња кои во средно збореле дека е сељак и дека џабе му се парите,на кои тој дркал во тоа време,а јавна тајна било од каде тие пари,а тој вози некоја крнтија од која од сите страни дува ветер,нема таков што нема да зажали за тоа што го има тој,но сепак ќе ги лаже останатите со тоа ,добро,јас бев добар во животот,он правеше лоши дела,ќе му се врати тоа...тука е иронијата,на таквите ретко им враќа животот,а на добрите,уште поретко им го дава тоа што им треба...па така се тешат самите,он ќе иде во пеколот,јас во рајот...тоа е измислица за да има џинови и џуџиња,џиновите се смеат на наивноста на џуџињата,а тие пак слепо веруваат во тоа...мое мислење,немора да е точно,сепак секој сам треба да ги постави границите помеѓу добриот и лошиот човек.:)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Луѓето не ги делам на добри и лоши, секој има една добра и една лоша страна. Која од нив ја презентира во јавност зависи од домашно воспитување, стекнато животно искуство, моментална состојба психичка, здравствена, финансиска каква год, од неговата перцепција за тоа како луѓето го доживуваат и др.
Дали вреди да си добар, во која смисла? Сигурно само од добрина не можеш да станеш богат, ти требаат и други квалитети. :D
 

MakeLOVEnoTwar

Љуби без оглед на се’
Член од
10 декември 2010
Мислења
213
Поени од реакции
114
i na losoto so dobro treba da se vrati - rekle mn sveti i mudri luge . . .
i vo pravo se . . . sto se slusuva ako na sekoe zlo so zlo se vrati!? Se stanuva zloben! Toa e testot, ili ke polozime ili ke padnime. Treba da se trudime sekogas da sme dobri, nevelam ne - nekogas znae da bide tesko, ama se e toa momentalna percepcija - nikogas ne e tesko da se bide dobar, samo mora da sakame i da resime da sme dobri
. . . . Toa e vecna borba vo na nas, so samite nas - so naseto ego, koe cesto znae da rece: da be ke mu popustam, . . da be ke mu prostam, . .da be on na mene, . . ami sto ke mi ostene mene ako mu dadam od moeto, od kade da znaam utre . . . i tn. . :D :D :D
Dobroto zivee vo sekoj covek, samo treba da se odrzuva dobrinata, sekojdnevno, vo sekoja situacija, nema da uspeeme sekogas da postapime pravilno, no koj iskreno se obiduva - golemi mu se sansite da uspee :) :) Fala Bogu deka toa bara nekoi zrtvi, no mora da se stavat prioriteti - kako sto kaza nekoj pogore ". . . ne za nas, da ostavime podobar svet za nasite deca " Mnogu mi se dopadna muabetot :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Се уште мислам дека вреди затоа што поради некоја необјаснива причина животов е како жив организам и не знам што пишувам сега во моментов ама ако го продолжев како почетокот сигурно ќе изгледаше како нешто длабоко и промислено и некој ќе се заебеше...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Kajgana Shop

На врв Bottom