Цел живот им помагам на сите кои тоа ќе го побараат од мене а сите тие на кои им се наоѓав на било каков начин... и покрај тоа не знаат да те почитуваат како човек. Или никогаш тоа не го научиле во животот или не го знаат начинот како да ти возвратат, а многу е едноставно е .. Во животот е најважно почитувањето според мене.
Ако те почитуваат, тогаш друштвото (заедницата) ќе те прифатат. Вреди да се биде добар само према оние кои знаат да те почитуваат, да ти дадат подршка и ти помагаат во животот и работата.
Кај нас успеваат само тие кои се занимаваат како тајни агенти (шпиуни, кодоши) пример: во државната администрација многу лесно се препознаваат, а тоа се сите оние кои ништо не работат по цел ден и легачат на работното место и нон стоп се на телефонот. Од немање работа, за да бидат центар на внимание, се занимаваат нон стоп креативно со измислување на приказни за другите свои колеги и колешки, за да остварат некоја своја скриена цел од која може само да профитираат кај своите претпоставени (шефови и директори).
Некои имаат многу работа, но се имаат добро извежбано како глумци па поставуваат нон стоп некои навидум глупи и наивни прашања со цел да дојдат до некое сознание за нешто од кое утре ако добро го применат ќе дојдат до својата цел, пример: повеќе слободни денови, покачување на платата, помалку се оптеретени на работното место со работа, излегуваат кога сакаат и прават што ќе им текне, а тоа е затоа што секогаш имаат подршка од оние под чие влијание се.. Сите овие работи се присутни и во семејството, во друштвото, на улицата, секаде кај нас ...
Или ќе станеш дел нив или ќе ги ставиш на игнор или ќе останеш сам.
Најдобар начин по мое мислење е ако побараат нешто од тебе во истиот момент и ти да побараш нешто нив, и така ги ставиш на тест. Ако те одбијат тогаш го знаат твојот одговор.
Дали вреди да се биде добар и да им се помага на сите тие со кои работиш во една работна средина или во дрштвото, или во партијата или во друштвото на пријателите со кои се дружиш или на било кое друго место, се зависи од тоа како ќе се постават со тебе или како ќе се поставиш со нив.
Со лошите и злобни луѓе треба да се поставиш многу, многу внимателно и многу мудро, а ако сакаш да ги средиш во смисла да знаат каде им е местото и да се тргнат од тебе, мора да им ги откриеш сите слаби точки, за не дај боже ако се најдеш во иднина во тесно, да ги употребиш како адути за да преживееш во смрдената средина во која што живееш и работиш со нив, со други зборови да направиш да не се чепкаат со тебе и те стават на игнор. Само така ќе преживееш, во спротивно ќе станеш дел од нив ако сакаш да оствариш некоја своја (цел во кариерата), на сличен начин како нив. Тоа се денешните правила на живеење во една смрдена и гнасна средина, независно дали ти се допаѓаат или не.
Што мислите сега дали вреди да се биде добар ??? Можеби и понатаму вреди ако знаеш како да се поставиш и позитивно да влијаеш према лошите и злобни луѓе со единствена цел да ги претопиш за себе во добри и позитивни луѓе.