Дали ви смета љубопитноста кај некои луѓе?

Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Vo zgradata kaj sto ziveam pod mene zivee eden mlad bracen par koj e mnogu radoznal.I mazot i zenata.Mi se slucuva sekoj pat koga odam po skali da otvaraat vrata i da me prasaat kade odam,sto pravam,dali sum dobro i red drugi gluposti.Toa go pravat i po telefon mi se javuvaat da vidat koj ima kaj mene ,kaj e mazot mi i red drugi raboti za koi jas ne bi se osudila da se rasprasuvam ako licnosta sama ne mi kaze sto saka da spodeli so mene.Mene licno bi mi bilo sram da otvaram vrata za da gledam koj odi gore dole po skali ,a uste poveke da rasprasuvam kaj odi sto pravi itn.Dali vam vi smetaat vakvi luge?Kako go resavate toa, za da ne ve demnat non stop koga vie ne ste im zatropale na vrata?Bi li im rekle deka se radoznali ili bi prekutile za da gi zadrzite dobrite odnosi so takvite luge?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Па добро си имаш право на приватност тоа е во ред, ама изгледа овие многу нападни се, а тебе ти сметаат. Па јас лично не би преќутил заради добри односи, ако сум добро расположен одговарам искрено не ми смета тоа и немам што да кријам. Ако ми е незгодно да кажам ќе им дадам одговор кој што нема да биде лага, ќе има дел од вистината ама не цела, доволно само колку да им се задоволи љубопитноста, а да не разберат кај одам. Ако ме погодат на лутина ќе им речам кај што ми чини на к*ров, што те интересира тебе сега тоа :icon_lol:.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас сум во суштина љубезна и одговарам на сите поставени прашања, а оние кои се понезгодни ги избегнувам на свој начин. Не сакам да сум дрска, избегнувам такви методи, тоа само ептен кога е нужно.

А јас обично чекам човек сам да си се искаже. Не сакам многу да навлегувам и да се распрашувам, незгодно ми е.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Искрено, ми смета.Не сум некој многу радознал и не се распрашувам многу по други луѓе што, како било.Не ни сакам некој да ме гњави со приватни работи, или како тие погоре наведените да ме прашуваат кај одам, што барам и т.н.
Што па нив ги интересира кај одам јас, нека си го живеат својот живот, ваљда имаат некои свои проблеми и интереси да си ги решат, а не мене да ме испитуваат на секое поминување:)
Ама од се најмногу, ме нервира баба ми.Како старее станува се подосадна.Ако заѕвони телефон мора да знае кој се јавил и што барал, ако некој ме бара надвор зошто ме барал.Ептен замарачко створење е:)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Да, да секако. Премногу ми пречи одредена радозналост. Едноставно не сакам кога некој ми чепка во приватноста.
Како што јас не се интересирам многу многу за туѓите животи, така сакам и другите да ме остават мене на мира.
Имам и јас карши мене една комшика, па она има една над неа, се’ сакаат да знаат. Едноставно не ги варам понекогаш...
Ама ај, нив тоа им е интересно. Не ги добиваат секогаш одговорите кои ги бараат.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
168
Една од особините кај луѓето која многу ме нервира и ме вади од такт. Се чудам како имаа време и живци да се расправаат со туѓи проблеми, да дознаваат, да прашуваат се и сешто...И како воопшто им е тоа интересно?! Имам такви роднини, но одамна ме научија дека ништо не кажувам, и не се замарам. Ме распрашувале и сум одговарала отсечно со да не или сум менувала тема, се додека еднаш директно им реков како не им е мака да се замараат за други луѓе, и дека не сум личноста од која би ги дознале информациите кои ги бараат. Сега, мирна глава.:pipi:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Jaс би сакал некоја тинејџерка и нејзина цимерка бидат радознали за тајните на сексот кај мене
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Мене константно да ме прашува некој човек прашања од типот "Кај ќе одиш сега" "Што Ќе правиш сега" едноставно Ќе му одговорам со "Еве на состанок сум со Сатанистичката секта" или "Еве одам да најдам мачка за да го земам џигерот од неа и да си направам супа" и ај после да видиме дали така ќе ме прашуваат. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Мразам радознали и тоа како. И кога некој ме испрашува или не одговарам или нешто мрмљам нејасно и си идам. А тоа баби и дедовци досадни мора ги има зашто немаат работа друга освен за пикање нос во друг живот.
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Една паметна особа еднаш ми кажа:
Љубопитноста ќе не убие некој ден...
-OMG! Look, It's a Meteor.
-Oh, What Now?
[BAAAAAAAAAAAAAHM! End Of The World]
Сум љубопитна [веројатно сите сме, но никој не сака да признае], но во нормалните граници. Знам кога треба да прекинам.
А кај другите луѓе, ми смета. Што има они да знаат што праам, како праам, кога праам, со кого праам, зошто праам и слично. Многу замара и знае да биде досадно. Таквите луѓе најчесто одат на игнор.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Ми смета радозналоста кај баба ми. Другото дури и се вари.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да, ми пречи и тоа многу. Без разлика дали се работи за роднини или некои од улица, ептен ми пречи. Јас не ги прашувам 300 разни глупости, не гледам причина зошто и тие би ме прашувале мене. Знам дека и ако им кажам нешто, потоа целата улица ќе си добие трач муабет за тоа попладне, затоа што тоа е единствената работа со која тие кажи - прекажи луѓе би си го замарале својот амебовиден мозок. На крајот од краиштата, си имам своја приватност, па не морам да одговарам на секакви прашања. И да додадам, нека се препознаат радозналите: Некултурно е да се прашува за се` и сешто. А мене како што кажа Крејзи ин Лав, најпрво ми е незгодно да ги распрашувам луѓето, ако сака да ми каже нешто, ќе ми каже и без да ја прашам личноста, ако не, здравје.

Инаку, кај новосретнатите луѓе, кога ќе ме прашаат, одговарам на прашања се` до една одредена граница кога веќе ќе почувствувам дека личноста всушност припаѓа на радозналите, а на веќе познатите и докажани радознали не им ни одговарам. Па ако по тоа не сфатат зошто не им одговарам, нивни проблем.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Се си има граница.Најчесто одговарам љубезно ама ако не претеруваат луѓето,а не како една комшивка ми вика : еј абе те видов сабајлево одеше преку мостот со тоа штиклите :??? (шо имаат врска штиклите незнам ) и кај одеше,шо работа имаше ???? И за малку ќе и речев дека уствари работам како проститутка за да и ја затнам устата ама ај си реков да не ја правам голема ептен врата до врата сме барем едно смрдливо здраво да си викаме, и ништо и викам си имав нешто работа и си влегов у стан.
Така да навистина неможам да поднесам луѓе без осет што незнаат да си ја гледаат само својата работа и да не се мешаат у туѓ живот ама тоа е:tapp: светов се крепи што би рекла баба ми :vozbud:
 

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Да,ми пречи радозналоста кај некое луѓе.
:salut:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.803
Поени од реакции
49.892
Само на мајка ми радозналоста, тоа е нешто недидено, има испрашувачки методи Штази Удба и Мосад говна да јадат. :)
Имам и еден другар радозналоста му е ко заштитен знак, кај него иде на принцип “слушнал не дослушнал’’ ко расипан телефон е, ќе те фати на смеа на шала ќе му кажеш све и на крај кога ќе разбереш “како било’’ превртувај очи и чуди се :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom