Дали верувате во натприродното?

Дали верувате?

  • Да

    Гласови: 324 64,3%
  • Не

    Гласови: 103 20,4%
  • Зависно (објаснете)

    Гласови: 77 15,3%

  • Вкупно гласачи
    504

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Сепак дури не видам со свои очи не вервам.Ама според религијата и според нашата фантазија постојат и паранормални суштества.
паранормални?...и тие се нормални за нивната напредност и технологија само што ние сме назад во споредба со нив.. нашите научници неможат да ги објаснат и дефинираат и оп паранормални...тапа е тоа.. има технологии многу понапредни од нашите.. со милениуми пред нас...и овде ги класираат ко паранормални... но немора да биде и од друга планета.. еве и од нашава има појави кои сеуште неможат да ги дефинираат и ги ставаат во паранормална кошна...

Otsecno...duhovi nema,i dodeka ne vidam NE VERUVAM
духови.. најчесто ги класираат појавите по дома шо ти се тресат ствари се отвараат врати глупости.. ама докажано е дека дух како дух и да постои неможе да дојде во допир со материјални ствари... сето тоа шо го покажуваат по телевизииве е само звук... комбинација од специјални фрекфенции може да промени притисок на воздух во неколку кубни метри ... да создаде промаја.. воздушен ѕид... дури китови кои ке се насукаат на брег ако се усогласат можат да создадат воздушен ѕид... ова шо го зборам може да се поткрепи со доказ од нешнал џиографик.. само ме мрзи да копам :)
 

The-Force

Energeia
Член од
4 април 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Vo paranolmalno hmmm pa da sekako deka veruvam iako nemam videno kojznae sto iamam textovi:NLO,Yeti,Lox Ness,Bermudski triagolnik,Duhovi,Zadgroben zivot....
Ama ne veruvam dodeka ne vidam sepak ova se samo textovi koi moze da se izmislica...




ili pak ne....
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
406
Поени од реакции
8
Како да верувам кога ништо до сега не сум видел.:toe:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Nemam videno nisto paranormalno i dodeka ne vidam ne veruvam.
 

Untak

Simply complicated...
Член од
16 јануари 2008
Мислења
441
Поени од реакции
68
Еве вака сега...дали верувам во натприродно?!!.. Одговорот е: ДА....
Зошто ќе ме прашате...пред 3 месеца имав проект задача за на факултет да направам документарен филм од некои 30 минути...но тоа не е важно...правев документарец за Даут Пашин Амам...карши него се наоѓа старата црква Св.Димитрија...сакајќи да ги вметнам објектите кои го опкружуваат амамот соодветно бев со мојата колешка која беше заедно со мене во проектот да направам некои слики од црквата, кои како такви подоцна ќе ги вметнев во видеото...знаејќи дека останатите колеги кои правеа документарци за цркви барале соодветен благослов си мислев дека ќе треба да побарам и јас...но бидејќи бев ограничен на време си велев ајде бе ќе влезам ќе фотнам неколку фотки и излегувам...така и направив...т.е. не сликав сам туку сликаше и мојата колешка...влеговме сликавме...веднаш ги проверивме сликите на екранот од дигиталниот фотоапарат кој впрочем беше нов Никон со 9 мегапиксели и 2.5" екран...и сите слики изгледаа добри, јасни и чисти....дента отидовме да го прегледаме снимениот и сликан материјал и почнавме со сликите од црквата....ги префрливме во компјутерот и почнавме да ги разгледуваме...сега ќе си мислите дека лажам но најсериозно ви кажувам дека сите слики на кои беа опфатени икони со сликање беа матни само во деловите каде што имаше сликано некоја икона...а се останато од сликата беше јасно и чисто....без исклучоци сите слики беа такви...ги прегледувавме пак сликите на апаратот со зумирање и се изгледаше во ред, пак ги ископиравме во компјутер и пак добивавме матни слики на местата каде што имаше икони... очигледно потресени од тоа што го гледавме ги избришавме сите слики и решивме да не ја опфаќаме црквата во проектот....толку имам да ви кажам...сакате верувајте сакате не...ова не е единствено мое искуство со натприродното... така да цврсто сум уверен дека има некои работи околу нас што неможат точно да бидат објаснети... :jaj:
 
А

Александра Д.

Гостин
Духови, телепатија, вампири, реинкаранација, парапсихологија, се' што не може да си го објасни човековата перцепција. Колку верувате во тоа? дали ви се случила некоја случка која ве убедила во спротивното? И како вие ја интерпретирате таа случка?
Духови-да
Вампири-не во вистинската смисла
Реинкарнација-Да
Парапсихологија-не баш..
Телепатија-ДА
Не може да го објасни човекот затоа што тоа не е наменето за објаснување, туку за доживување, како љубовта..можеме да кажеме дека тоа е кога се однесуваме вака, ни трепери срцето и милион други работи, но самата љубов е неописна...има и уште многу примери...затоа човековиот ум не може да најде зборови за работи за кои не постојат зборови.
 
Член од
16 април 2009
Мислења
55
Поени од реакции
6
I porano se mislelo deka grmotevicite se predizvikani od besot na bogovite , naukata toa go objasna . A za duhovi , vampiri i so uste ne , toa se produkti na covekovata imaginacija .

pred nekoj den gledav edna emisija bas za toa kako dvajca naucnici se karaat edniot objasnuvase za toa kako nastanuva gromot ama nekako mi zvucese ne mnogu siguren vo toa kazuvanje samo teorii. drugiov mu vika ako znaete kako nastanuva gromot zosto site obidi da se sozdade grom se neuspesni i deka najdiolgiot grom so uspeale da go sozdadat e so dolzina od 2 metri. pa taka nesum bas ubeden deka toa e elektricno praznenje po site fakti so gi kazuvase naucnikot
 
R

Roten 96

Гостин
телепатија-да
духови-не
парапсихологија-да
реинкарнација-да
вампири-не на квадрат
и ..
 
Член од
27 март 2011
Мислења
357
Поени од реакции
155
pa...ne znam bas,ako toa gi vklucuva rabotite sto gi raskazav od duhovi i senista bi mozelo da se rece deka da ama sepak toa tie 20%sprema 80%
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Мора да постои нешто што неможе да го видиме,има едно објаснување дека за некои работи немаме доволно бои за да ги разпознаеме како што неможеме да гледаме бактерии со голо око туку мораме со микроскопи и други помагала..Во реинкарнација верувам од проста причина што мислам дека не сме за еднаш дојдени на светов,ми нема логика тоа,се раѓаш живееш 80-тина години и умираш и што? Јака фора демек:) мора да има нешто поише..
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
верувам на некој начин...дека постои нешто ...но не сакам да се оптеретувам со тоа
 
G

galaxy

Гостин
Ако под „надприродно“ подразбирате нешто што денес не ни е познато и што никогаш нема да го дознаеме без разлика на напредокот на науката. Тогаш ќе речам, не, не верувам во такви работи.​

Ако под „надприродно“ подразбирате нешто што денес не ни е познато, ама тука е и влијае на нашата димензија, тогаш ќе речам дека тоа не е воопшто надприродно.​
И ако не е познато на науката, сосема сум сигурен дека нема да им е познато на поединци за да тврдат дека веруваат во нешто за кое тие знаат, но науката не знае.​
Значи тоа е празно верување или лага.​
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Јас верувам во multi-layered reality, ако може така да се каже.

Со нашето свесно (будно) постоење ние функционираме на одредено фрекфентно ниво и со тоа зрачиме одредена енергија. На ова поле најлесно како фиксна реалност ја перцепираме материјалноста и оттаму сме најмногу запознаени со неа. Токму ова доведува до константност и вистинитост на информации произлезени од науката, бидејќи самата наука се занимава со приучување на материјата. Но мора да знаеме дека тоа е само една парадигма на реалноста, која во овој период на колективната свест е, for the lack of a better term, најактуелна.

Во моменти на голема смиреност, медитација, јога, сон или полусон, фрекфенцијата врз која функционираме се менува, и со тоа може да искусиме т.н "натприродни" феномени. Но бидејќи овие состојби се кратки и нестабилни, често принципот на науката на повторување на одреден експеримент за да се добие истиот резултат за да се докаже валидност, паѓа во вода, токму поради нестабилноста на овие нивоа на реалност. Не дека сами-по-себе се нестабилни, туку нашата свест сеуште не е прецизно "наштимана" кон овие нивоа и не е навикната да се одржува на нив на подолг период.

Ваквото гледиште применето во конкретни случаи, на пример гледаше разни ентитети, телепатија и слично, одлично ги објаснува овие феномени. Сето тоа се случки кога ние сме свесно или несвесно "наштимани" на поинаква фрекфенција.

Исто така, мора да се напомене дека емоциите и чувствата играат ОГРОМНА улога во тоа што ќе перцепираме. Понекогаш екстремно силната емоција може да доведе до промена на перцепцијата на надворешниот свет, или пак само до надворешна манифестација на внатрешниот свет. Е тука е тенката линија која го дели човекот од видовит до луд. Затоа човек мора да е многу претпазлив кон оние работи што му се случуваат, а неможе да ги објасни, па ако има тенденција да верува во "натприродни работи", секогаш им става таква етикета. Понекогаш тоа се само манифестации на потсвеста при одредени, нетипични, состојби на умот.

Кога човековата свест на глобално ниво ќе се крене кон повисока фрекфенција, тогаш материјалноста ќе стане понестабилна, а онаа која сме мислеле дека е нешто "натприродно" ќе стане поконстантна, и со помош на поинаков вид на наука ќе може подетално да се истражува. Сега засега овие теми остануваат под голема доза на спекулација и субјективност... и понекогаш е дури навреда да пробаат да се толкуваат со дискурзивниот разум со помош на зборови (кои се логички конструкции), а самите нешта кои се обидуваме да ги опишеме стојат на многу повисоко ниво од самиот збор. Со самото изразување на овие случки преку зборови се создава т.н "губиток при преводот" и она што сакаме да го опишеме неможе да допре до другиот субјект, освен ако и другиот субјект нема искусено нешто слично, па со помош на асоцијација на зборовите да се поистовети со сопственото искуство, за да двата субјекта се разберат еден со друг.

Колку само посистематско образложување треба за подетално да се објаснат сите овие работи. Но мислам дека е доволно ова, како за вовед.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom