Дали бог е совршен? Зошто?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да заклучиме,значи.
Фабриката која призвела некој производ и истиот што го купил некој трговец и е незадоволен од истиот,всушност е едно исто.
Значи фабиката,призводот и трговецот-купецот си ти.
Па од тука,сам си се создал,сам си се купи и на самиот на себе ќе се жалиш.

Конечно имаме одговор на темата,Бог е совршен.
Зошто?
Бидејќи од својата креација која самиот на себе си ја продава
извлекува најголема придобивка,а во случај да не е добар производот,за рекламација купувачот ќе заглави во магичен круг од кој ќе биде во зијан.

Испи,твоето прашање било со христијански дух и го поставуваш на соговорници од исламска вероисповед.:tapp:
Заклучоков ти е каша попара. Дали намерно или не незнам, но во него си ги споил мојот пантеистички концепт за Бог(Каде се е Бог), со оној што е цел на моите критики - Богот кој бара одговорност од својата креација и кој е одвоен ентитет од истата. Па така испадна дека јас всушност се критикувам самиот себеси, т.е го критикувам концептот на Бог кој за мене е најсоодветен.

Е сега, за промена, тоа главата што ја лупаш од ѕид на секој пост, замени ја со својата и одговори ми на следново прашање: "Што всушност ти сакаш да докажеш со твоиве постови? Што ти е поентата?"
 
M

Muranyi

Гостин
Во случај да постои,Бог мора да биде совршен-несовршени се луѓето кои му прилепија купишта човечки особини и го направија суров егзекутор на својата креација на која и дал слободна волја,која нема поента да се казнува ако е дадена на располагање.Нема аргумент што може да го испере таквиот Бог од етикетите на садизмот и несовршеноста поради таквиот чин и бесмисленоста,дури и од човечка перспектива,а не пак од перспектива на нешто совршено.Во поглед на постоењето на доброто и злото од една и слободната волја како дар во рацете на човекот од друга страна,постоењето на злото можеби би можело да се оправда ако на него гледаме како на начин,алатка,средство за еволутивно усовршување на човекот и со тоа враќање повторно кон совршеното-Бога,но не и како изговор за некој вечно да гори затоа што имал афинитет да мастурбира или Бог го нарекувал Алах,а не Јахве и слични ситници кои го одвлекуваат вниманието од главната претстава.Затоа,не е ни чудо што Јахве и Алах се карактеристична слика на несовршениот,љубоморен,осветољубив човек кој греши,па решава да ја исправи грешката со тоа што ќе ја повтори истата,па се кае поради тоа,па забрани,уцени,завети,договори,наплаќања на долгот-да не остане сиромашен и покус,па бесмислени ограничувања,бесконечна љубов пропратена со бесконечно мачење по пеколните казани итн.Да не спомнувам потопи,огнени дождови,тоа е јасно повеќе од потребното.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Заклучоков ти е каша попара. Дали намерно или не незнам, но во него си ги споил мојот пантеистички концепт за Бог(Каде се е Бог), со оној што е цел на моите критики - Богот кој бара одговорност од својата креација и кој е одвоен ентитет од истата. Па така испадна дека јас всушност се критикувам самиот себеси, т.е го критикувам концептот на Бог кој за мене е најсоодветен.
(y) Ти си незадоволен купувач,бидејќи твојот концепт за Бог каде тој е с'е,го загуби во оној момент кога во тоа се посомнева и твоите критики те направија губитник.

Е сега, за промена, тоа главата што ја лупаш од ѕид на секој пост, замени ја со својата и одговори ми на следново прашање: "Што всушност ти сакаш да докажеш со твоиве постови? Што ти е поентата?"
Ќе ти кажам.
Да го убијам бог.:X3:
Така не ќе има фабрики,производи и купувачи т.с. незадоволни купувачи.:P
п.с.
ај сега ти кажими,пред да го промениш постот колку пати си ја удри главата во ѕид?
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Јас немам проблем со тоа како суди и дали или не треба да суди богот во кој веруваат верниците.Нивни бог,нивен суд.
:cuc:+:cuc:+:cuc:=:cuc:
Toa neka ti bide celiot zakon i sekoj neka si pravi što mu e volja.... derviš mua.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
„Телемапатија„ значи дека некој пати од телемата?...:unsure:
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
(y) Ти си незадоволен купувач,бидејќи твојот концепт за Бог каде тој е с'е,го загуби во оној момент кога во тоа се посомнева и твоите критики те направија губитник.
Повторно погрешни заклучоци и повторно постови кои се занимаваат со мене а не со темата.
Ако јас сум бил губитник поради моите "сомневања" тогаш како да го дефинираме форумов воопшто? Дискусиите тука за тебе се сомневање или можеби верување?
Пак ќе ти повторам - Ако имаш што да кажеш за темава повели, не се замарај со мене.
Ќе ти кажам.
Да го убијам бог.:X3:
Така не ќе има фабрики,производи и купувачи т.с. незадоволни купувачи.:P
Одлично, најди тема со таква тематаика и не замарај со твоите мудрости на оваа, затоа што тука темата е - Дали Бог е совршен и зошто.
--- надополнето: 8 септември 2013 во 13:09 ---
„Телемапатија„ значи дека некој пати од телемата?...:unsure:
Очигледно дека некој пати.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Повторно погрешни заклучоци и повторно постови кои се занимаваат со мене а не со темата.
Ако јас сум бил губитник поради моите "сомневања" тогаш како да го дефинираме форумов воопшто? Дискусиите тука за тебе се сомневање или можеби верување?
Пак ќе ти повторам - Ако имаш што да кажеш за темава повели, не се замарај со мене.

Одлично, најди тема со таква тематаика и не замарај со твоите мудрости на оваа, затоа што тука темата е - Дали Бог е совршен и зошто.
Кажав јас тоа што се однесува за темата,погоре имаш одгово,а форумот и темата за која се зборува си ја промашил ти.
Во иднина твоите прашања упатувај ги на точна адреса,на пример во агенција за заштита на потрошувачи.:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кажав јас тоа што се однесува за темата,погоре имаш одгово,а форумот и темата за која се зборува си ја промашил ти.
Во иднина твоите прашања упатувај ги на точна адреса,на пример во агенција за заштита на потрошувачи.:)
Еве што си кажал:
Ипси,повеќе пати го имаш поставено истото прашање,а со тоа си ја промашил комплетно поентата која сакаш да им ја уочиш на соговорниците,никаква врска нема тоа со верување и религија.Смисли некое друго,немој повеќе да тупиш со фабиката и производот,нема смисла.:tapp:
А што те спречи тебе да ја кажеш поентата која јас сум ја промашил? Кој се соодветните прашања? Кој ја тупи во случајов?
Во иднина не се прави многу паметен, ако обвиниш дека одреден пост е изваден од контекст, биди спремен да кажеш кој е тој контекст. Муабети за заштита на потрошувачи, на друг подфорум терај си.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
Во иднина не се прави многу паметен, ако обвиниш дека одреден пост е изваден од контекст, биди спремен да кажеш кој е тој контекст. Муабети за заштита на потрошувачи, на друг подфорум терај си.
Го читаш само тоа што ти одговара..еве што напишав.

Јас немам проблем со тоа како суди и дали или не треба да суди богот во кој веруваат верниците.Нивни бог,нивен суд.
Конечно имаме одговор на темата,Бог е совршен.
Зошто?
Бидејќи од својата креација која самиот на себе си ја продава
извлекува најголема придобивка,а во случај да не е добар производот,за рекламација купувачот ќе заглави во магичен круг од кој ќе биде во зијан.
Токму преку твоето прашање ти ги дадов сите одговори,ти само требаше да ги согледаш спротивностите кој ти ги уочив и да разбереш дека,секој постапува според својата волја без разлика дали верува или не верува во некаков бог.Преку своите постапки некој ќе извлече ќар,а некој зијан.
Ако ти виде опасност од постапките на други луѓе кој се оправдуваат преку својата вера дека тоа што го прават е исправно,тогаш тие добиваат ќар,а ти зијан си, бидејќи си го нарушил сопственот верување дека Бог е с'е.

Но,ако ти со своите постапки си го задржиш верувањето дека Бог е с'е, и за истото цврсто се застапиш и не се противиш за постапките на другите,а тие те обвинат за тоа,тогаш тие ќе одат во зијан,а ти во ќар.

Бидејќи,не гледаат сите луѓе змии-опасност,некој гледаат и гулаб-мир,па според тоа што гледаат така и ќе постапуваат,едни со своите постапки ќе сакаат сите да гледаат опасност,а други сите да гледаат мир.

Свршено поставено од креаторот секогаш движејќи се во круг тие две работи.

Но,како некое непишано правило е дека,коњот можеш да го донесеш до реката,ама со сила неможеш да го натераш да ја наведне главата и да се напие вода.:(
 
Ако мене не ми беше јасна улогата на спротивностите, зошто би користел пример како оној со фабриката и производот? Зошто би тврдел дека барањето одговорност од креацијата е апсурден чин, кога станува збор за совршен креатор?
Во болдот е твојата заблуда, и не само твоја. Оваа тема и форумот воопшто се наменети за дискутирање, е сега тоа што некој гледа навреда, противење, провокација или било што слично во нечии ставови, можеби е резултат на неговата потсвест која како огледало го рефлектира во тие заклучоци тоа што е во неа.
Јас никому не ставив пиштол на чело да неверува или да не живее на начин на кој решил, ниту отидов на врата да му кажувам како не е во право. Ова е јавен форум, и секој треба да биде свесен дека тоа е место каде се користат аргументи. Ако некој не е спремен за ставови различни од неговите, ако не е спремен сопствените ставови да ги поткрепи со аргументи, тогаш што бара тука?

П.С. Ако ја одбереш пасивноста, тогаш не само движењето во круг, туку движењето воопшто станува невозможно.
 
Во врска со црвеното!
Затоа што над поимите кој ги даде како пример за спротивност,постојат уште две (ако може така да се нарачат) видиви на духовност,без кој не би имал целосна слика за тоа што и како сето тоа функционира.
Првиот дел е оној кој го спомна ти како троделен духовен свет во кој постојано се врти добивката и зијанот,дел во кој злото и доброто се најизразени.Вечни ривали преку кој луѓето им се како земја која ја придобиле и продолжуваат преку нив да се шират.

Вториот дел е оној кој наплаќа данок,место во кој нема три дела,туку два.Најсоодветен пример ти е Исус,кој вика дека тој и отецот се едно,место на пасивност кое нема директно учество во придобивката и зијанот ,но за истиот наплаѓа данок,па отука и зборовите дека данокот царот не го наплаќа од синивите,туку од туѓинците.Тоа е место на престолот од кој се дава суд.

Третиот дел,е празен,нема ништо, никакво постоење,никаква поделеност,оваој дел е одлично преставен од Тао.Овој дел не суди на вториот.

Сите религии и филозофии потекнуваат од овие три поделби на духовното осознавање.
Доколку си ги осознал овие духовни поделби,немаше на памет да ти дојде да прашаш или упатиш критика кон некоја верска група.

Сега да се вратиме на твојот пример!
Синото од цитатот!

Ти објаснив пред некој пост како зијанот и ќарот делуваат,ако ти или било кој човек е цврст во своето верување дека Бог е с'е,тогаш и зијанот ќе го прифати без да се противи.
Ако некој ставил пиштол на глава, ти стави маслинова гранка,биди спротивен од тој,без разлика што изнуда прави,зошто тој е твоја спротивност,но ако постапиш исто како него си постанал исти или од еден човек злото се прошири на двајца.Твоето верување тогаш можеш да го заборавиш,бог умре и сега стана одмазник,барајќи го својот дух преку крв,течност која значи живот.Колку крв е потребно за бог да оживее?

Ако си во можност да кажеш како мир да добијат луѓет или како да ги обединиш,наместо да ги разделиш зборувај,но ако само критики даваш за верувањата и религиите,па и како некој со сила се принудува на нешто ,тогаш подобро молчи ако не знаеш и не можеш истото да го истрпиш,а да не се промениш.:)
 
Првиот дел кој го опишуваш е кабалистичкиот малкут - светот на дуалноста или материјалниот свет. Вториот дел е центарот на дрвото на животот - светот на тифарет, кој гледано од малкут е едно со отецот (Кетер).
Третиот дел е бездната, местото на Даат - лажната сефира на знаењето.

Сите тие се само нивоа на божественото. Судењето кое е предмет на критика во случајов, нема врска со овие концепти, ниту пак овие концепти се предмет на критика или судење.
Сега да се вратиме на твојот пример!
Синото од цитатот!

Ти објаснив пред некој пост како зијанот и ќарот делуваат,ако ти или било кој човек е цврст во своето верување дека Бог е с'е,тогаш и зијанот ќе го прифати без да се противи.
Ако некој ставил пиштол на глава, ти стави маслинова гранка,биди спротивен од тој,без разлика што изнуда прави,зошто тој е твоја спротивност,но ако постапиш исто како него си постанал исти или од еден човек злото се прошири на двајца.Твоето верување тогаш можеш да го заборавиш,бог умре и сега стана одмазник,барајќи го својот дух преку крв,течност која значи живот.Колку крв е потребно за бог да оживее?

Ако си во можност да кажеш како мир да добијат луѓет или како да ги обединиш,наместо да ги разделиш зборувај,но ако само критики даваш за верувањата и религиите,па и како некој со сила се принудува на нешто ,тогаш подобро молчи ако не знаеш и не можеш истото да го истрпиш,а да не се промениш.:)
Процесот на осознавање во себе ја вклучува и асимилицаијата со спротивностите, без тоа искуство, нема осознавање - нема духовност. Го спомна Тао па ќе го искористам во овој случај, ако немаше потреба спротивностите да се измешаат, зошто во приказот на Јин и Јанг тие се испреплетуваат и секој контраст во својот центар (суштина) ја има неговата спротивност?
Критиката многу пати знае да биде патот кој некому ги отвора вратите на вистината, само ограничениот и суетен ум во критиката може да види разделување.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom