Ако мене не ми беше јасна улогата на спротивностите, зошто би користел пример како оној со фабриката и производот? Зошто би тврдел дека барањето одговорност од креацијата е апсурден чин, кога станува збор за совршен креатор?
Во болдот е твојата заблуда, и не само твоја. Оваа тема и форумот воопшто се наменети за дискутирање, е сега тоа што некој гледа навреда, противење, провокација или било што слично во нечии ставови, можеби е резултат на неговата потсвест која како огледало го рефлектира во тие заклучоци тоа што е во неа.
Јас никому не ставив пиштол на чело да неверува или да не живее на начин на кој решил, ниту отидов на врата да му кажувам како не е во право. Ова е јавен форум, и секој треба да биде свесен дека тоа е место каде се користат аргументи. Ако некој не е спремен за ставови различни од неговите, ако не е спремен сопствените ставови да ги поткрепи со аргументи, тогаш што бара тука?
П.С. Ако ја одбереш пасивноста, тогаш не само движењето во круг, туку движењето воопшто станува невозможно.
Во врска со црвеното!
Затоа што над поимите кој ги даде како пример за спротивност,постојат уште две (ако може така да се нарачат) видиви на духовност,без кој не би имал целосна слика за тоа што и како сето тоа функционира.
Првиот дел е оној кој го спомна ти како троделен духовен свет во кој постојано се врти добивката и зијанот,дел во кој злото и доброто се најизразени.Вечни ривали преку кој луѓето им се како земја која ја придобиле и продолжуваат преку нив да се шират.
Вториот дел е оној кој наплаќа данок,место во кој нема три дела,туку два.Најсоодветен пример ти е Исус,кој вика дека тој и отецот се едно,место на пасивност кое нема директно учество во придобивката и зијанот ,но за истиот наплаѓа данок,па отука и зборовите дека данокот царот не го наплаќа од синивите,туку од туѓинците.Тоа е место на престолот од кој се дава суд.
Третиот дел,е празен,нема ништо, никакво постоење,никаква поделеност,оваој дел е одлично преставен од Тао.Овој дел не суди на вториот.
Сите религии и филозофии потекнуваат од овие три поделби на духовното осознавање.
Доколку си ги осознал овие духовни поделби,немаше на памет да ти дојде да прашаш или упатиш критика кон некоја верска група.
Сега да се вратиме на твојот пример!
Синото од цитатот!
Ти објаснив пред некој пост како зијанот и ќарот делуваат,ако ти или било кој човек е цврст во своето верување дека Бог е с'е,тогаш и зијанот ќе го прифати без да се противи.
Ако некој ставил пиштол на глава, ти стави маслинова гранка,биди спротивен од тој,без разлика што изнуда прави,зошто тој е твоја спротивност,но ако постапиш исто како него си постанал исти или од еден човек злото се прошири на двајца.Твоето верување тогаш можеш да го заборавиш,бог умре и сега стана одмазник,барајќи го својот дух преку крв,течност која значи живот.Колку крв е потребно за бог да оживее?
Ако си во можност да кажеш како мир да добијат луѓет или како да ги обединиш,наместо да ги разделиш зборувај,но ако само критики даваш за верувањата и религиите,па и како некој со сила се принудува на нешто ,тогаш подобро молчи ако не знаеш и не можеш истото да го истрпиш,а да не се промениш.