Паа да бев личност што не верува во Господ и што да бев христијанка само затоа што ме крстиле додека сум била мала, тогаш ќе ја сменев верата, затоа што не би ми знаечело ништо во животот. Али сега, со овој памет не би ја сменила бидејќи верувам во Господ и таа верба прави да се чувствувам убаво, ми дава утеха, ме тера да се подзамислам пред да правам злобни работи. Едноставно во многу ситуации каде што парите не можеле да ми помогнат ми помогнала верата и во никој случај не би ја „продала„... Е сеа не викам не би ја сменила за ништо на светот, пошто има и ситуации во кои не се работи само за тебе, и твоето јас, туку за твоите деца, па можеби и внуци, и нивните животи па можда љубовта кон нив ќе ме натера да направам такво нешто. Али ако имам пари за скромен живот, ако имам здравје и љубов, онака од чиста мира за милион евра НЕ, не би ја сменила верата.