Дали би сакале да имате можност да ги бришете негативните спомени?

G

GoddessOfRock

Гостин
јас не би сакала да ми се избришат сите негативни спомени. Тие ме потсетуваат на она што било и на она што не треба да го правам. На она што е лошо. Тие се многу поулни.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
не,не би сакала ништо да бришам,тоа е мое секавање,јас самата сум направила нешто и ке се секавам на тоа и што вреди да избришеш нешто а некој друг ке го знае сето тоа...
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
2
Доколку би немало лоши работи, тоа не би било живот. За да има живот мора да има и добро и лошо. Каков живот би бил тој само со добро и само со светла страна? Дај не зезај.
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
лошите работи секогаш потсетуваат што се случило и кај сме згрешиле ако се работи за самите себе а воедно те прават посилен и поискусен
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не би сакал да имам можнст да бришам негативни спомени. Тогаш би живеел во илузија дека секогаш се што ми се случува само добро, а нажалост не е така.
Понекогаш потребно е и некој лош спомен за да не’ наврати во минатото, и да не натера да сфатиме за можни последици.
Мора да има нешто кое ќе не’ одржува приземјени и подготвени за било каков удар од остатоткот од светот.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Дефинитивно би сакала. Напати многу се замарам со нив, па се чувствувам непријатно кога резонирам непријатни случки и уште си замислувам како би требало да изреагирам... Едноставно е - би заштедила време и би можела повеќе да живеам во сегашноста отколку во минатото.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Ех, и тоа како би сакал да можам, едноставно последниве 2.5 години да ги избришам од мене, како да не постоеле... Со самото тоа би ги избришал воедно и најубавите спомени зашто се случија во истиот период, но како што знаеме, крајот го краси делото, а кај мене крајот е... Вака едноставно, би бил несвесен за многу работи, а понекогаш мислам и дека подобро би било да е така.
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
ноп... негативни или позитивно спомени се спомени.. треба да останат такви кави што се..
 

Facka

Ми се може па се курчам..
Член од
11 март 2009
Мислења
65
Поени од реакции
1
Ја не би бришела ништо, не се каам за ништо, не дека не сум правела лоши работи.. ама човек сум, грешам, и сакам да остане се така како што е за да не ги повторувам грешките:smir:

Доколку би немало лоши работи, тоа не би било живот. За да има живот мора да има и добро и лошо. Каков живот би бил тој само со добро и само со светла страна? Дај не зезај.

се согласувам:smir:
 
Член од
20 јуни 2008
Мислења
17
Поени од реакции
2
Па шо знам... Би било убаво да се отарасиме од лошите спомени, но се учи од грешките така..? =]
 
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Не, ама би сакала јас да можам да се навраќам на истите со подруг став.
 
М

Мрак

Гостин
Не, ама би сакала јас да можам да се навраќам на истите со подруг став.

Да,и јас исто.Не сакам да ги избришам бидејќи благодарение на тоа нешто кое тогаш се случило јас сум ова што сум денес,бидејќи се влијае врз нас и врз тоа какви личности ќе станеме.Тие се дел од нас,едноставно треба да умееме да живееме со нив,а ако сакаме(и умееме)може и да ги искористиме како за споредма со тоа што сме сега и ситуацијата и тогаш...секако,ова се прави само кога сегашната ситуација е подобра од таа во минатото:)
 

Morbid

грофица
Член од
6 јануари 2009
Мислења
109
Поени од реакции
12
да, туѓите мухуахахахахах
Ако од грешките учиме, тогаш ако ги бришеме лошите спомени/моменти ке правиме едни исти грешки по милион пати.
 
Член од
23 јули 2009
Мислења
217
Поени од реакции
8
НЕ...бидејки тие се дел од мене и со помош на нив јас сум токму она што сум денес, а не би сакала да избришам дел од себе......а воедно и сите тие лоши спомени ме направиле посилна личност и личност која знае како и што да напраи у дадена ситуација.
Бидејки секое искуство во животот , па макар и лошото во мн случаи може да ни помогне.... и да не натера да продолжиме понатаму уште посилни и поборбени за нови битки , а воедно и да не поучи пак да не ги повторуваме истите грешки за да не страдаме по кој знае кој пат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom