Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата city
  • Време на започнување
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ментален си ?
Si tu veux. Сакав да те надополнам дека најмногу ги сакаме тие што не изневеруваат, за што зборува песната од Алка Вуица
Ако те повредив, тоа беше несакајќи и се извинувам
 
Член од
17 септември 2011
Мислења
29
Поени од реакции
10
lesno e stom se vo vrska,da bea vo brak tesko ke bese da se donese odluka,ete i samiot kazuva deka mu e odbivna ,kako ke mine vremeto poodbivna ke mu stanuva,neka rascisti dodeka e posovreme da ne stapnat posle vo brak pa ke mu bide potesko.Neka rascisti na vreme ,vremeto leci se a ako za brzo vreme si najde nekoja use podobro oti kako vikaat klin so klin se izbiva.Ova e moe mislenje.Pozdrav
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Би сакала да речам дека би протстила, ама знам дека не би било така. Целата доверба би ја изгубила, понатамошниот развој на врската би била мачење. Би сумњала цело време кај е и што е и дали пак ќе го направи истото. А врска или брак без доверба е ништо освен измачување и не би сакала да се заглавам во такво нешто. Така што не, не би простила.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Не ! после тоа крај и секој на своја страна.Добар пример даде некој со вазната
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас не мислам дека за изневерување треба да се напушти партнерот. ТОА НЕ Е САПУН ПА ДА СЕ ПОТРОШИ. Мали измами и неверства можат само да ја направат врската поинтересна. На, Blue Army му ја спомнав Алка Вуица и песната Лажи ме, но тој се налути. Ако некој е со некого во љубовна врска, тоа не значи дека станал сопственик на телото и чувствата на партнерот. Тој што, за неверство веднаш го напушта партнерот е всушност крајно несигурен во своите квалитети, па со некој, ала турка, морал го оправдува тоа. А овде се спомати, „ скршени вазни “, „ секој на своја страна “, „ губење доверба “ и многу други работи, тоа е без врска.
Ако се работи за подолга врска, посебно за брак напуштањето е глупост. За едно ситно неверство, практично, ги осудуваш своите деца да немаат семејство и да ги имаат сите пропратни проблеми.
И на крај, ако го отфрлиме партнерот и најдеме нов, кој може да гарантира дека и новиот партнер нема да не изневери.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Хмм, прво - што е тоа ситно неверство, а што е крупно неверство?

Второ - како тоа неверството ја прави врската поинтересна? Ја подобјасни малку (можеш и преку сопствени примери се разбира).

Трето - Како заклучи дека напуштањето на партнерот заради неверство е доказ за некавлаитет:confused:?
 
Член од
3 јуни 2011
Мислења
69
Поени од реакции
24

bogami i jas se mislam.....:D :D :D sitno i krupno neverstvo????hahahahahah ....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Хмм, прво - што е тоа ситно неверство, а што е крупно неверство?

Второ - како тоа неверството ја прави врската поинтересна? Ја подобјасни малку (можеш и преку сопствени примери се разбира).

Трето - Како заклучи дека напуштањето на партнерот заради неверство е доказ за некавлаитет:confused:?
По каноните на Христијанската црква бракот може да се разведе од четири причини. Тоа се:
Обид на убиство на едниот брачен партнер врз другиот.
Импотенција на мажот.
Невеството на жената
Болеста лепра ( губа )
Во денешно време, ако маж и жена, колеги кои имаат сопствени бракови, отидат на службен пат и таму вечераат во некој локал, слушаат добра музика, испијат неколку чаши вино и отидат во заедничка постела со употреба на средства за контрацепција, тоа не е причина за развод на бракот, ниту по каноните на Христијанската црква.
Нека се замислат љубоморните партнери, кога ги шпиунираат своите партнери и ги проверуваат нивните мобилни телефони.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412

Пријателе зборуваме за чуства нели?
Зборуваме за брак и едниов партнер дознава неверство од другиов.
Не ми е сватливо како може за другиот партнер да биде интересно неверството?
Ако збориме дека постојат вистински чуства меѓу нив не верувам дека на некој ќе му биде "интересно" другиов да го изневери.
Исто така не мислам ако има некое мало неверство (зборам за кратко можеби ден-два) дека едниов партнер не го сака другиот ама не го одобрувам бидејќи мислам дека:
1.Не се знае колку далеку може да отиде ситуацијата
2.Не е фер ако дознае партнерот (он/а никогаш нема да може да свати дека тебе може навидум ништо не ти значело тоа)
3.Ако веќе работата преоѓа од контрола мислам дека треба да бидеш доблесен и да не го правиш партнерот со рогови туку да му кажеш дека имаш чуства спрема друга особа и дека нешто не е во ред со вашиот брак.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277

Сам да пазат да не се клецкаат во Сабота.
Тогаш прават грев
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
По каноните на Христијанската црква бракот може да се разведе од четири причини. Тоа се:
Обид на убиство на едниот брачен партнер врз другиот.
Импотенција на мажот.
Невеството на жената
Болеста лепра ( губа )
Во денешно време, ако маж и жена, колеги кои имаат сопствени бракови, отидат на службен пат и таму вечераат во некој локал, слушаат добра музика, испијат неколку чаши вино и отидат во заедничка постела со употреба на средства за контрацепција, тоа не е причина за развод на бракот, ниту по каноните на Христијанската црква.
Нека се замислат љубоморните партнери, кога ги шпиунираат своите партнери и ги проверуваат нивните мобилни телефони.
Мормонската црква?!
Каде се допуштени средства за контрацепција во Писмото и каде прељубниците ако се во брак смеат да вршат вонбрачен блуд?
Цитати or gtfo!
...hells bells...:icon_lol:
--- надополнето: Oct 9, 2011 3:21 PM ---
Хмм, прво - што е тоа ситно неверство, а што е крупно неверство?

Второ - како тоа неверството ја прави врската поинтересна? Ја подобјасни малку (можеш и преку сопствени примери се разбира).

Трето - Како заклучи дека напуштањето на партнерот заради неверство е доказ за некавлаитет:confused:?
Којзнае...некои остануваат верни на марката цигари кои ги пушат со години и децении, но од друга страна имат повремен секс надвор од брак/врска...
Имаат различна перцепција за верност кон тутунот и кон...човекот...:icon_lol:
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
13
Поени од реакции
4
Ne znam dali mozes da procitas sto mene mi se ima sluceno,iako vo mojata situacija e mnogu potesko zatoa sto sum vozrasen i so dve deca, no vo sekoj slucaj moeto razmisluvanje za seto ova e sledno:. Iako se e tocno, deka veke ne si istiot covek, nema veselba, nema nasmevka, se e podrugo,..zavisi do toa sto ke odlucis vo zivotot. Sekoj za sebe e individualnost, taka da , ako navistina drugar ti saka da ostane so nejze, misli deka toa nema da se sluci povtorno ili ne znam sto,...neka i prosti ,i neka odi se ponataka. No najiskreno, mnogu boli, mnogu. Ke bidam malku egoist pa da kazam, deka plitkata zenska glava, za zal dokazana na mnogu nacini, se razbira ne kaj site, sekkogas ke Ve napravi ranliv za navek, bez da razmisli sto i nudi partnerot ili mazot, a sekako toa e ljubov. Zatoa sto , kako sto znaeme nie mazite da sakame, toa zenite moze samo da go sonuvaat. Ona falenjeto, toa e samo za poprosti, a i tamu se somnevam deka nesto nekoj pravi, samo kolku demek da kazeme deka bozem ima nesto. Bidi so drugar ti, zboruvajte, zosto mnogu ke mu treba sogovornik, inaku veruvaj , deka moze i mnogu loso da se sluci, za sto najiskreno se nadevam deka do toa nema da dojde........
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Хмм, прво - што е тоа ситно неверство, а што е крупно неверство?

Второ - како тоа неверството ја прави врската поинтересна? Ја подобјасни малку (можеш и преку сопствени примери се разбира).

Трето - Како заклучи дека напуштањето на партнерот заради неверство е доказ за некавлаитет:confused:?
Прво - Ситно неверство е она што суштествено не ја загрозува основната врска. На пример, ако во паралелна врска се зачне дете, тоа е крупно неверство со кое ќе се загрози основата врска.
Второ - Ако партнерот те изневерува ти мораш да се потрудиш да повторно го освоиш, повторно да се удвараш. Веројатно си забележал дека има луѓе, мажи и жени, кои после стапување во брак се здебелуваат, не внимаваат на својот изглед со еден збор се запуштаат. Стравот од неверство не приморува да бидеме поубави и подобри.
Трето - Ако партнерот те изневерува, тоа е предизвик, кој можеш да го решиш на различни начини. Ако веднаш го напуштиш партнерот, ти си се предал без борба. Бракот постои поради брачните партнери, но најповеќе поради децата. Јас не потекнувам од брак на разведени родители, но имам пријатели.кои потекнуваат од такви бракови. Верувај ми, сите тие жалат и имаат последици од тоа што нивните родители, своевремено, се раставиле.
Ако имаш време, погледни го прекрасниот филм „ Тко пјева, зло не мисли “ со Миа Оремовиќ и Реља Башиќ. Се работи за една комедија, во која сопругот, на оргинален начин се справува со неверството на сопругата.
--- надополнето: Oct 10, 2011 9:39 AM ---
Пријателе зборуваме за чуства нели?
Зборуваме за брак и едниов партнер дознава неверство од другиов.
Не ми е сватливо како може за другиот партнер да биде интересно неверството?
Ако збориме дека постојат вистински чуства меѓу нив не верувам дека на некој ќе му биде "интересно" другиов да го изневери.
Исто така не мислам ако има некое мало неверство (зборам за кратко можеби ден-два) дека едниов партнер не го сака другиот ама не го одобрувам бидејќи мислам дека:
1.Не се знае колку далеку може да отиде ситуацијата
2.Не е фер ако дознае партнерот (он/а никогаш нема да може да свати дека тебе може навидум ништо не ти значело тоа)
3.Ако веќе работата преоѓа од контрола мислам дека треба да бидеш доблесен и да не го правиш партнерот со рогови туку да му кажеш дека имаш чуства спрема друга особа и дека нешто не е во ред со вашиот брак.
Потполно си во право. Секогаш треба да се внимава на чувствата и интересите на брачниот партнерот, но и на вонбрачниот партнер. Има луѓе кои ги занемаруваат тие работи, но тоа е до нивната култура и морал. Сум сретнал женети мажи, кои се во долги вонбрачни врски со немажени девојки. Таков маж, се фали дека ете успеал да заведе девојка, а воопшто не се грижи дека таа девојка ја осудил да нема брак и потомство. Се е до кутурата и моралот на поединецот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom