Да бидам изневерен, за мене значи дека не сум доволен, не сум интересен, сексот не е ок, а чувствата исчезнале.
Може да ме навреди до бога, може да ме удри, може да ме плукне во лице... би простил. Ама не верувам дека има попеколно чувство да знаеш дека некој те зае*ал.
Баш поради тоа никогаш не сум изневерил во врска, не дека не сум бил во ситуации кога сум можел, кога сум сакал... Верноста не е да се правиме слепи на сексипилот и привлечноста на некои кои не се нашиот партнер. Верноста е тоа да го гледаш, ама да не направиш нешто, зошто знаеш дека тоа би го повредило партнерот најмногу од се’.