Дали би патувале сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата Thundercloud
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,

Имам 24 години, финансиски сум колку толку стабилен и сакам да патувам некаде летово. Но, не сакам сам да патувам, а девојка немам и сите мои другари си имаат испланирано патувања во парови во кои јас не сум поканет бидејќи немам девојка .

Дали можете да ми дадете насоки како да најдам некои настани за луѓе како мене? Разгледував puzzle group ама претпоставувам дека таму се пријавуваат друштва од повеќе луѓе.
 
Букирај си во било кој хостел во Шпанија, би ти ја препорачал Палма де Мајорка,не очекувај апсолутно ништо и ќе најдеш друштво во првиот пола саат откако ќе влезеш во хостелот, а вечерта ќе се најдеш во друштво на опуштени девојки(не фригидни како нашиве тука) и ќе имаш лето за паметење :) Good luck and have fun
 
Не знам колку ќе ти биде од помош ама обично во хостели има дружби, повеќето луѓе се така дојдени сами како тебе.
 
Знам дека е до мене, али ја сам- никаде!
Не знам... Охрид нека е, ама да сум со некого, да споделувам моменти.

Еден колега летна за Пекинг, САМ, ко пес!
Лани Тајланд.

Нема шанса.
Не знам, можда дека стално сум имам со кого да одам затоа така зборувам. Да сум немал никој можда би имал друго мислење.
 
Здраво,

Имам 24 години, финансиски сум колку толку стабилен и сакам да патувам некаде летово. Но, не сакам сам да патувам, а девојка немам и сите мои другари си имаат испланирано патувања во парови во кои јас не сум поканет бидејќи немам девојка .

Дали можете да ми дадете насоки како да најдам некои настани за луѓе како мене? Разгледував puzzle group ама претпоставувам дека таму се пријавуваат друштва од повеќе луѓе.

Pa fati nekoe pice, i odi so nea, nz so e tolku komplicirano
 
Само шо се вратив од патување сам 10 дена за првпат, без никаков план, два града во Словачка, 3 града во Чешка завршив во шума во Чешка онака рандом со вреќа за спиење. Ќе пробсм за месец два Малта или Франција(само олимпијада да помине 60 евра од вечер по хостели е со 12 луѓе не ни проверив сингл,дабл хаха)

Да се вратам на Чешка, две вечери брв во хостел имаат апликации за странци во хостел. Гет тугедр аплилации не тиндер. И стандардно барови во повеќе хостели. У реалност и не ти треба апликација
 
Не знам што ви е толку чудно ако некој патува сам.
Има милиони луѓе по светов што патуваат сами.
Не е дали имаш некој за да одиш заедно или не. Туку дали си доволен сам себеси да си бидеш друштво.
А ако сакаш дружење, како што спомнаа некои членови погоре, доволно е да одиш во хостел и да си расположен за дружење и запознавање.

Јас лично имам пропатувано пола Европа сам.
Уживам кога патувам сам, уживам кога патувам со семејството. Но е различно искуство.

Еве го мојот одговор на цела тема за истово прашање:
 
За прв пат патувам сама летово во Палермо. Бил некој натака? Било какви препораки се добредојдени :)
 
Не знам колку ќе ти биде од помош ама обично во хостели има дружби, повеќето луѓе се така дојдени сами како тебе.

Користите ли некои апликации за хостели/наоѓање друштва за патување?
 
Планирам патување сам до комшиите,низ Нови Сад и Белград.Ме интересират ваши мислења и искуства за патување сам низ Србија.Дали вреди да се патува сам или со некоја од агенциите?Дали се скапи собите,храната,излевањата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв