Да можете да заминете странство во овој момент, дали би заминале...
На прошетка, без размислување, а да живеам, никако.
Да ви ветат работа, пристојно живеење...или би останале тука и би ја граделе својата „империја“ во Македонија?
Прво, не верувам во бајки за да поверувам во нечие такво ветување. Второ, и кога би верувала, дефинитивно не е тоа за мене ... својата империја сум почнала да ја градам тука, тука ќе ја продолжам, унапредам и завршам. Имам доста блиски по светов, па знам колку е "убаво" да имаш пари и ништо друго, иако и по парите баш не сум лакома. Исто и јас сум имала повеќе шанси да заминам надвор, но строго ги одбив, а така ќе биде и ако ги имам повторно некогаш. Си ја сакам државичкава каква-таква, тука сум се родила, тука ми е се` и сите што ги сакам, па не би издржала да останам без тоа само за пари кои ќе ги заработувам црнчејќи по цели денови.
Народот овде што живее ...за ништо не го бива...и да почнам нешто, за инает ќе пронајдат начин да ти ја урнат среќата...
Ова ти е повеќе од точно, ама зошто не си фраер па да ги зае*еш таквите со тоа што ќе останеш, ќе створиш повеќе од нив, па после тоа од повисока скала, со поголема среќа да им се насмевнеш? Мене и во депресија знаат да ме паднат таквите створења, ама па после тоа, уште порешителна сум за се`што правам, а им смета ... туку таквите луѓе ги има секаде, така да, не е тоа доволна причина да се замине ...