Ви недостигав?
Гледам се се пикнало под темава па и верски проповеди. Го чита ли некој воопшто насловов на темава?
Господа Атеисти. Зошто во секого барате непријатели? Зошто барате причина да се испукате во секого што размислува поинаку од вас?
Да се вратам на темата. Нема многу да пишувам, ќе се самоцитирам, за да ви доловам кои се моите сатавови кои гледам не ги сфаќате
Науката никој не ја спори. Тоа што е откриено.
Станува збор за она што не е откриено и за кое науката нема (барем досега) одговор. Зошто догматски се прифаќа концептот бигбенг/абиогенеза. Науката никогаш немала догма. Проблемот е што таканаречени атеисти догматски прифаќаат теории кои не се докажани. Ако науката имаше догми ќе останевме на тркалото и на лостот како пронајдоци
Дали ти е позната Холограмсаката парадигма? Тоа е некој друг концепт на бог. За таков концепт на бог зборував, не за теолошки концепт на бог.
Во суштина се два концепти кои сакале вие да признаете или не, се потполно исти, можеби и од ист ментор, Ватикан. Вистината е далеку од двата концепта.
Првиот концепт бигбенг/абиогенеза е недокажан а атеистите скоро без исклучок го земаат здраво за готово како непроменлива вистина
Вториот теолошкоиот е потполно ист со првиот, ама баш никаква разлика нема. И тој е недокажан. И тој е непроменлива вистина.
Зборуваме за два концепти на настанок (на универзумот и живиот свет) еден е научниот а друг теолошкиот
Значи кога зборуваме за науката, мислам само и само за теориите за настанокот абиогенеза и биг-бенг а кога зборуваме за теолошкиот концепт мислам само за интелегентниот дизајн и само за тоа, за никакви религии, езотерии, практики и сл.
И двата концепти се потполно исти, идентични. Времетраењето е само различно. И двата не можат да се докажат, барем засега.
Многумина (пак да нагласам, не сите) кои се деклкаруираат атеисти го земаат научниот концепт како единствен можен и исправен и тоа догматски како вечна вистина. Тоа не ги прави ништо различни од верниците кои интелегентниот дизајн го сметаат за единствен можен. Значи едната догма ја замениле со друга, секуларна. Едното верување со друго, секуларно верување. Ете оттаму кај нив атеизмот се заснива и на вера и на наука.
Еве на пример што вели Meddle подолу
Затоа што ако најдеш човек кој патем речено, е догматски задоен со одреден поглед кон светот - став - научно непроверен и испитан, (на пример, дека земјата е центарот на космосот), а при тоа истиот тој го отфрла Бог како концепт, онда не влагај во заблуда дека токму овој човек е атеист.. Таквиот човек не е ништо поарен од оној кој слепо верува во „Бог“ - и обајцата се задоени со илузија.
Значи не секој што го отфрлил верувањето во бог е атеист? Упорно туркате една дефиниција дека атеизмот бил само просто неверување во богови, а овде велите е пу пу не важи. Нели е илузија верувањето во теории кои не се докажани (абиогенеза и биг-бенг) исто илузија?
КАКО МОЖЕШ ДА ВЕРУВАШ ВО НЕВЕРУВАЊЕ ВО БОГОВИ?!?
Дали сфаќаш колку ти е фалично прашањево?
Ти не пушиш цигари, ама и ти си зависник, само што си зависен од независност од цигари.
Тоа што некои атеисти се повикуваат на научни докази, не значи дека науката и атеизмот се неопходно другари. Постојат атеисти кои веруваат дека Масоните се рептили од друга планета кои не држат покорни со хипноза и mind control. Има атеисти кои живеат во планина, кур ги боли за наука и појма немаат кој бил Њутн.
Атеистите ги поврзува само едно нешто - тврдењето дека богови не постојат. Све друго е индивидуално и нема никаква причина да претпоставуваш било каква врска помеѓу двете. Едното е тврдење (позиција), а другото е систем.
Болдираното јас никаде не го реков, тоа го рече оној Шутрак, прочитај погоре што реков.
Врската атеизам и наука не ја поставувам јас веќе неколку пати реков. Вие сами си ја поставивте, не мислам на ченот Дбек, туку на некои атеисти.