Samurai Jack
Penspinner
- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 3.661
- Поени од реакции
- 8.681
Факт е дека се преценети, со давање толку пари ги расипаа, на 30 години се предозираат.
Затоа што на крајот на денот никој не преживува ради филмовите и претставите.Бре,бре,бре...Зошто да не земат?
Ниедна професија не е лесна. Од учење на текстови на памет има далеку постресни професии.Мислите дека е лесно? Кога се спремаше претставата ’’Свадбата на Фигаро ’’ мислам, Сашко и екипата работеа буквално по 24 часа на ден...Секој ден имаат по некои проби, ги викаат во било кое време, колку текстови се учат..па вежбај една реченица по 3 саати..
Е ова е тоа. Шоу бизнисот и фудбалот ги испревртуваат вредностите во светот.Ќе земаат јаки плати кога карта е 250 денари...Само Игор Џамбазов земаше 6 000 денари, од претстава, кога играше во Сомнително лице...Ама затоа салата секогаш беше полна...И не им беше проблем да му дадат толкава плата, сепак и тоа е бизнис...Исто е и со фудбалерите и пеачите...Кога може еден солиден играч во нашево првенство да има до 5 000 евра плата
стално се жалат, а некој рече дека јаки коли возеле ...Плус прашања, можеме да ја опфатиме состојбата кај нас. Платите на нашите актери (ако знаете податоци), дали заслужуваат повеќе, дали е доволно тоа што го заработуваат за наши услови?
Бујрум.
Точно, ама има една дупка во сето тоа: ако актерите и спортистите не ги земат овие пари, ќе ги земат продуцентските куќи и спортските клубови. Затоа што тие пари се тука, заработени се од производот кој се продава (филмот) и се работи само за распределба на средствата внатре во компанијата која го прави филмот. Човештвото денар нема да види ни вака ни така.НЕ !!
Апсолутно сум против нивните огромни плати , практички ништо добро не му донесуваат на човештвото , а зимаат огромни суми. Споредете плата на еден холивудски актер со доктор или научник ...
Истото важи и за спортисти и за пејачи .
практички ништо добро не му донесуваат на човештвото
Гандалф ме насмеа до таа мера да ми го продолжи животот за 101029292 години.