Дали Федерер е најголемиот спортист на сите времиња?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Можеби кога ќе го освои светското во фудбал, Tour de France, 9 златни во пливање, ќе постави 1 час и 30 минути на маратон, 8 секунди на 100 метри итн.
Американците си земаат за право да прават споредба на најголема атлета на сите времиња, реално гледано од кога се појави Надал и Ѓоковиќ, Федерер и не е така добар, а башка како тргнал Надал по број на грен слемови може да го стигне и надмине, а Џоковиќ од кога влезе во форма го млати Федерер како мало дете.
Колку за споредба заради Џордан многу добри кошаркари немаат освоено шампионска титула, Баркли, Реџи Милер, Стоктон и Мелон, па и Шекил О'нил освои титула подоцна кога Џордан се пензионира.
Исто и Ленс Амстронг е еден од најдобрите атлети, не за друго после него велосипедизамот не е ист, исто како што НБА не е иста после Џордан
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Лампиони ми го напрајвте фановиве на србинов и чешајгазов
Титулите ги освојувал во ера кога немало конкуренција? Нека освој бе и Надал.И сеа има само 2-3ца тенисери и тие се вртат само и се класи над другиве тенисери.
5 години беше рекет број 1 и сеа на 31 година е сеуште на врвот и тоа ви е малце ? Рано е за надал да кажувате, кога ќе биде тој 6 години број 1 и кога ќе има повеќе гренд слем титули од федерер тогаш враттете се па пумпајте ми ги мадинава.Сеа само да читате можи и да гледате перфектн партии на најдобриот во историјата на овој спорт:D
ДЕка е најдобар спортист на сите времина е многу глуп муабет.Секој спорт си е посебна приказна.
И роналдињо кога прикажа 2 јаки сезони во барса исто ми го потекувавте како најдобар на сите времина и слично.и каде е сеа?
За да биде најдобар треба да биде на врвот подолг период а не 1-2 години...
Спортисти кои секогаш ќе ми остават во сеќавањата како шампиони се Џордан,Федерер,Јан Торп и Роналдо дебелкото :D
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
кога станува збор за спортисти не би го вброил помеѓу најголемите атлети на сите времиња, но кога станува збор за тенисери сигурно е еден од најголемите, и од сегашните само надал може да му парира на федерер.. Иначе зашто не би го вброил помеѓу најголемите атлети, пример е еден Дражен Петрович за кој што сум читал дека можел да дигне 3 пати поголема тежина од колку што тежел..
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Можеби кога ќе го освои светското во фудбал, Tour de France, 9 златни во пливање, ќе постави 1 час и 30 минути на маратон, 8 секунди на 100 метри итн.
Американците си земаат за право да прават споредба на најголема атлета на сите времиња, реално гледано од кога се појави Надал и Ѓоковиќ, Федерер и не е така добар, а башка како тргнал Надал по број на грен слемови може да го стигне и надмине, а Џоковиќ од кога влезе во форма го млати Федерер како мало дете.
Колку за споредба заради Џордан многу добри кошаркари немаат освоено шампионска титула, Баркли, Реџи Милер, Стоктон и Мелон, па и Шекил О'нил освои титула подоцна кога Џордан се пензионира.
Исто и Ленс Амстронг е еден од најдобрите атлети, не за друго после него велосипедизамот не е ист, исто како што НБА не е иста после Џордан
Ќе се насмеам на болдираното и добро ми дојде во ова неподносливо утро :)
Дали Џоковиќ го млати Федерер прво кажуваат резултатите меѓу нив двајца, а и победите на Федерер над Џоко во најважните мечеви, како што се неколку полуфиналиња на грен слем турнири каде потоа Роџ го добива и финалето, а богами најважна побед е минатогодишното полуфинале на Ролан Гарос каде го запре стрикот на Џоковиќ и тоа во супер стил кој Џоковиќ никогаш во кариерата нема да го достигне. Ако мислите дека тенисот и добрата игра се јаките мускули и спората подлога, тогаш во ред, нека ви биде. Но тоа не ви го збогатува знаењето за играта, а пак уште помалку ја прави играта привлечна и убава. Федерер го стигна и го надмина рекордот на Сампрас во 2009 година кога конкуренцијата беше најголема, а сега на 31 година кога никој не очекуваше, го збриша Џоковиќ од Вимблдон и го победи Мареј кој настапи со преголема мотивација и цела Британија зад него.

Во 2009 имаше избор со гласање преку интернет за најдобар атлет на годината, првото место убедливо го доби Федерер. Луѓе, не се зборува само за тенисот, спортистот се гради и он корт и оф корт, не се гледааат само резултатите, се гледа и начинот на игра, а јас досега, не сум видела некој вака да игра. Тенисот е фин и прекрасен спорт, а со сигурност, Федерер знае најдобро како да го игра.
Постојат добри спортисти, да. Во секој спорт има некој најдобар, но нема во секој спорт некој СОВРШЕН! Ќе бидам нескромна и ќе кажам дека Федерер го постигна тоа совршенство и плени со харизма и елеганција и на теренот, и надвор од него.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Лампиони ми го напрајвте фановиве на србинов и чешајгазов
Титулите ги освојувал во ера кога немало конкуренција? Нека освој бе и Надал.И сеа има само 2-3ца тенисери и тие се вртат само и се класи над другиве тенисери.
5 години беше рекет број 1 и сеа на 31 година е сеуште на врвот и тоа ви е малце ? Рано е за надал да кажувате, кога ќе биде тој 6 години број 1 и кога ќе има повеќе гренд слем титули од федерер тогаш враттете се па пумпајте ми ги мадинава.Сеа само да читате можи и да гледате перфектн партии на најдобриот во историјата на овој спорт:D
ДЕка е најдобар спортист на сите времина е многу глуп муабет.Секој спорт си е посебна приказна.
И роналдињо кога прикажа 2 јаки сезони во барса исто ми го потекувавте како најдобар на сите времина и слично.и каде е сеа?
За да биде најдобар треба да биде на врвот подолг период а не 1-2 години...
Спортисти кои секогаш ќе ми остават во сеќавањата како шампиони се Џордан,Федерер,Јан Торп и Роналдо дебелкото :D
Овој се изглупира и славата му удри во глава, а какви физички предиспозиции имаше, ова ќе му беше 12 година како е бр. 1 пливач у свет ама тоа е.
 
N

Nicky Santoro

Гостин
Овој се изглупира и славата му удри во глава, а какви физички предиспозиции имаше, ова ќе му беше 12 година како е бр. 1 пливач у свет ама тоа е.
Стапалото му беше како на Крали Марко :icon_lol: Незнам зошто го снема ? изгледаше како да не е заинтересиран многу за јака кариера и како целиот успех да го има направено со не премногу труд(како фелпс да речеме)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Стапалото му беше како на Крали Марко :icon_lol: Незнам зошто го снема ? изгледаше како да не е заинтересиран многу за јака кариера и како целиот успех да го има направено со не премногу труд(како фелпс да речеме)
Нормално дека него му требаше многу помалку труд, затоа што уште на 12 години изгледал како за 20, со 14 години стана најмлад Австралиец што ја преставувал Австралија на светско првенство. Физичките предиспозиции него му беа огромен плус пред другите пливачи. Не само стапалата, туку и дланката, да се поздравиш со него ќе треба со двете раце да му ја стиснеш раката :pos: Toa што му помогна да стане класа пливач уште со бубулици на лице (физичките предиспозиции), тоа и му одмогна во кариерата. Многу спонзори сакаа негов потпис, Кока Кола, Жилет, Спидо, Адидас го наполнија со пари, Армани му праеја по 100 фотосесии годишно и изгуби мотивација веќе човекот. Сакаше да се врати, лани објави дека ќе сака да плива на Игриве ама кога ќе направиш пауза од 4 години, тешко е да се вратиш меѓу најдобрите, така да не успеа :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Постојат добри спортисти, да. Во секој спорт има некој најдобар, но нема во секој спорт некој СОВРШЕН! Ќе бидам нескромна и ќе кажам дека Федерер го постигна тоа совршенство и плени со харизма и елеганција и на теренот, и надвор од него.
Смени со Џордан, побарај Топ 10 NBA играчи што не освоиле титула, 5 од нив се заради Џордан, па види кој е подобар.
Лошо е да се меша баби и жаби, ама правите атлети се оние од кога ќе се пензионираат, спортот повеќе не е ист, а такви се малку меѓу нив се Џордан и Ленс Амстронг.
 
Член од
28 јуни 2011
Мислења
414
Поени од реакции
163
Не.
Ако збореме општо за спортист не е. Огромна е конкуренцијата.
Ако збореш конкретно за тенис , тогаш дефинитивно еден од најдобрите !
За спортист точно дека е огромна конкуренцијата, ама за тенисер не е енен од најдобрите, туку е најдобар на сите времиња. Со 31 година се врати на прво место. Против Џокович и Мари играше со огромна кондиција, како што течеше натпреварот наместо он да си измори, тие се изморија иако се значително помлади од него

http://en.wikipedia.org/wiki/100_Greatest_of_All_Time
 

maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Да, дефинитивно е најдобар тенисер на сите времиња. А може да се каже дека оваа година е можеби најдобар спортист на светот.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
За спортист точно дека е огромна конкуренцијата, ама за тенисер не е енен од најдобрите, туку е најдобар на сите времиња. Со 31 година се врати на прво место. Против Џокович и Мари играше со огромна кондиција, како што течеше натпреварот наместо он да си измори, тие се изморија иако се значително помлади од него

http://en.wikipedia.org/wiki/100_Greatest_of_All_Time
Голем плус на Федерер е тоа шо е психички стабилен. На прстите од едната рака можам да избројам мечеви каде тој избувнал на терен , бил нервозен , загубил контрола итн. Тоа е една од разликите од другите тенисери која го прави најдобар.
Надал е премногу арогантен и тоа го плесне од глава често, Џоле се додека не се смири психички беше под Надал и Федерер, од коа се среди психички стигна до првото место , мада не се задржа толку долго. Мареј е психичка спојка , тешко дека од овој еден ден ќе биде шампион. Памукоберачот Цонга е комбинација од психичка спојка и ароганција, лесно губе контрола и затоа многу често испаѓа од многу послабо рангирани противници , плус тоа голем дел од играта му се базира на сервата. Ферер , дефинитивно еден од најборбените тенисери на теренот,али мѕ фали она killer instinct шо го имат Федерер , Надал и Џоле, не може да финишира ко шо треба. Бердих е талентиран , ама тешок ЧУК ! Неговиот тренер губе коса заради таа психичка особина на Бердих , ако не му тргне лесно губе самодоверба и тешко ја враќа, посебно и ако не му оде сервата. Делпо го утепаа повреди , али и он дефинитивно спаѓа у еден од најдобрите активни тенисери.

Другите тенисери нема шо да ги разгледувам , има доста млади кои се почнаа да изникнуват и кои можеби некој ден ќе бидат во ТОП 10 пред се зборам за белгиецот Гуфин ( 21 година , 59 место на АТП ), Австралијанецот Томич ( 19 години , 45ти на АТП , али хормоните уште му мават у глава, психички не е стабилен , тоа ако го среди ќе биде ТОП 10 , али прилично е млад ), Јапончето Нишикори ( 22 години , 18-то рангиран , за некоај година ако продолже вака очекувам да биде околу ТОП 10 ) итн.

Али ретко кој од овие да има психичка стабилност ко Федерер , што покрај талентот кој го поседува , мислам дека е клучен фактор за неговиот успех.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Во тенисот ДА! :cuc:
Останатите тимски спортови се неспоредливи. За индивидуалните знак прашање.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Можеби кога ќе го освои светското во фудбал, Tour de France, 9 златни во пливање, ќе постави 1 час и 30 минути на маратон, 8 секунди на 100 метри итн.
Американците си земаат за право да прават споредба на најголема атлета на сите времиња, реално гледано од кога се појави Надал и Ѓоковиќ, Федерер и не е така добар, а башка како тргнал Надал по број на грен слемови може да го стигне и надмине, а Џоковиќ од кога влезе во форма го млати Федерер како мало дете.
Како тоа не е добар Федерер од појавувањето на Надал и Џоле? дали знаеш дека од тој период, т.е. од кога Ноле и Надал играат професионален тенис (во своја силна форма) од 2005-2006 година, Федерер има освоено точно 9 слема, и 4 World Tour титули. Во тој период до сега исто така има освоено 16 мастерси исто така, богами стварно не бил добар :D

Мислам постов ти е апсолутно погрешен, како тоа го млати Ноле како мало дете кога на RG 2011 Федерер буквално го згази на Ноле, во неговата најдобра сезона во својата кариера, на Wimbledon оваа година иако не толку доминатно, но повторно доста комотно го победи, сето ова се случува на 31 година, против Ноле во својата животна форма.

Федерер го држи и рекордот на најмногу победи во една сезона, покрај кој оној на Ноле од 2011 изгледа смешно :D

Федерер - 81- 4

Ноле - 43 - 6?

Сега за Надал, како тргнал Надал? ајде да бидеме малце реални, shall we? Надал, од 2010 до сега, има освоено 0 титули надвор од оние на земјена подлога, а веќе има 26 години.

Како тоа тргнал Надал не ми е јасно мене, или можеби пропуштам некој детал кој ти го знаеш а во ATP не е воведен :eek:

Да речеме дека ќе го земе RG уште 2 пати, и уште 2 други слема, останува на 15, за другите рекорди да не збориме, воопшто, неможе да дојде ни блиску....

Проблемот е што хејтерите на Федерер, и пред се навивачите на Ноле и Надал, неможат реално да ги согледат работите, и да сватат што значи да доминираш цели 9 години, неможат да ја согледаат реално и без предрасуди кариерата на Федерер. Неговата кариера е нешто што никогаш во историјата нема да биде надминато (од аспект на тенисер) дури и да го стигне некој во слемови, каде ќе му бидат рекордите за поминати недели на број 1 листата? каде ќе му бидат 23 полуфиналиња на грен слемите по ред, каде ќе му бидат 33 четврфиналиња по ред на истите слемови? каде ќе му биде техниката и стилот на игра, каде ќе му биде статусот на икона, или пак подршката од фановите, бројките и фактите говорат доволно, и нема што да се дебатира тука.

оваа тема не ја отворив за да дебатираме за Ноле и Надал, они се далеку од Федерер од поглед на достигнувања, оваа тема е отворена за да се дискутира дали е Федерер најголемиот спортист на сите времиња, и да се анализира неговата неверојатна појава - констатност, нема логика да се спомнуваат Ноле и Надал во оваа тема, нити пак да се споредуваат впрочем дали мислиш дека случајно е направена анализата од ESPN, и донесен тој заклучок? јас мислам дека не.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Роже е најдобар тенисер на сите времиња факат. Го надмина Сампрас иако неможе баш толку детално и добро да се споредат нивните кариери поради временска разлика и различен тенис кој се играше/а во “нивно“ време.
Незнам одкаде впечатокот за Роже дека е арогантен и нефер играч. :unsure: Од миљон натпревари ќе се деси некој “инцидент“ ама во глобала тој е многу по кул од Рафа и Џоле.
Ова од Рафа на пример е многу педерско. Плаче кај судијата и забележете на 1’50. :facepalm:

Најдобар спортист на сите времиња тешко дека може да се определи. Секој со свои спортски херои ќе се гордее и ќе ги фали.
За мене на пример Мигуел Индуреин е најпобољи. :P
Има освоено 5 Тур да Франс а во иста година и 2 пати Џиро д Итали освојувал, 20 год. не му е соборен рекордот во возење 53,04 км за еден час, светски и олимписки шампион во хронометар... (се тоа без помош на нелегална хемија како денешниве “спортисти“ )

Спортисти од индивидуални спортови никако не може да се споредуваат со спортисти од групни (фудбал, кошарка...) спортови.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Дефинитивно еден од најголемите спортисти. Пример за другите. Класа. Смиреност и повлеченост. Одлика на голем човек....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom