Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Погрешно е ти да одлучуваш што е најдобро за некој друг.Зарем мора да се отвора нова Пандорина, зарем не е доволно што овде сме 110% исполитизирани и очи си извадивме ради пусти политичари па сега и нашинците да се завадат меѓу себе? Знаете дека лека полека, пред избори се развива муабет, се острат дискусии...мислите дека таму нема очи да си извадите?
Да прашам - за евентуалните последици кој ќе сноси одговорност? Како што се десија последици од нашиот плуралистички развој па сега не знаеме дали сме држава или собиралиште на четворопартиски табор?
За тоа кој со кого би си вадел очи. Јас имам силен впечаток дека во Македонија доминира една ТУНЕЛ ВИЗИЈА и не се дозволуваат никакви прогресивни, проактивни дејствувања.
Како да има сили на интерес кои по секоја цена се трудат да не кочат, да не дозволуваат слободен тек на мислечката опција, туку вака заглавени во сопствените проблеми да се однесува непријателски едни кон други, да се демотивираме и постепено да го истребува оптимизмот, вербата дека можеме, дека знаеме и дека не сме ништо полоши од некој друг.
Те сметам за интелигентен и отворен човек, но зошто мислиш дека со вакви излитени муабети треба да ми против-аргументираш, зарем јас или повеќе од нас немаме роднини во странство и дека не знаеме дека постојат игнорантни групи?Не Братот. Имам помал братучед во Австралија. За Македонија скоро и ништо да не знае, роден е таму. Постариот чат пат...но и тој врска нема какви ни се вистинските проблеми. Внуката да не збориме. Не стапнала тука, не знае македонски асално, не знае ништо за државата од каде потекнува дедо и. Канада имам пријатели, Париз роднини...состојбите се исти, немаат некоја врска со реалноста кај нас (освен дека нешто не чини). Дали овие луѓе имаат право на државјанство е една работа, но право да одлучат не знам...посебно се однесува за нашите во прекуокеанските држави за разлика од европските кои се колку толку почести посетители. Тие кога ќе дојдат тука знаеш што гледаат? Ѓубре по улица, башибозук и криминал до гуша. Но според австралиски и канадски репер, не знаат како било пред тоа. Можеби имало многу повеќе криминал...зборот ми е дека нивното мерило е според условите каде што живеат, а не според наши услови. Како може човек кој израснал во Бризбејн да има квалитетни мерила за живеењето овде? Како Шведска и Пакистан. како тој ќе ми ги реши инфратруктурните проблеми, доселувањето на албанците во северно Скопје, етничките конфликти, како ќе ги казни лицата за загубени и пропаднати проекти на наш товар, за милијардите проневерени, за невработеноста која се диктира исто врз партиска основа, за диктатурата која се спроведува со тискање на оние без книшка во државната администрација на име на партиските вработени...дали навистина можат и како. Знам, џабе прашувам, овие прашања и сами не можеме да ги решиме.
И јас можам да го потврдам тоа, но истото можам да го потврдам и за огромен дел од Македонците во Македонија, кои и покрај сите обесчествувања кои ги добија од партиите кои ги гласаа сеуште гласаат за истите.
Колкав пак дел од Македонците во РМ воопшто не излегува на гласање, зошто му се остава поголем простор за манипулирање на партиското раководство од сите партии, зошто амбивалентно се однесуваме кон сите политички решенија кои ни се наметнуваат, уште и самите си наметнуваме изнасилена покорност кон странски фактори кои би требало да се последните кои ќе можат да ни кажуваат што да правиме со својата држава!!??
Дали имаше референдум за територијалната поделба и дали гласаше?Што ако албанците побараат 25% од тие гласови/места, што ако власите побараат, турците...Затоа треба многу мислење пошто нема назад...има многу причини про ет контра. Мислам дека повеќе контра пошто придобивки (освен човечки однос кон тие луѓе) не гледам. Башка до попис на тие граѓани не би преземал ништо вакво крупно.
Албанското % доминирање се овозможи со незаинтересираноста на просечниот Македонец и со саботирањето од сопствените политички фактори.
Сега твојот страв се темели на грешката која јасно е направена, но од Македонците во РМ. Од никој друг.
Причина за стравување имаш и без гласање на дијасората. Којзнае што ќе се договорат политичарите за “мир в куќа“ и ќе ни соопштат некои нови проценти.
Кога ќе ги погледнеш напуштените села, помисли каде се сега тие луѓе, во Дијаспората. Затоа убеден сум дека бројот на Македонците кои емигрирале од егзистенцијални причини е многу поголем од бројот на Албанците.
Другата димензија е нели тврдиме дека бројките од последниот попис не се точни, зарем бегаме од можноста тоа и да го докажеме?
Па цел живот ќе живееме во изговори и оправдувања кој е вистинскиот процент?
И зошто ние би требало да не им дозволуваме на Власите или Турците да се попишат?
Јас не гледам никаков проблем тука и не ја разбирам твојата параноја.
Секоја земја има свои специфики, а со тоа и полесни или потешки околности за менаџирање.Не сум 100% противник, но пак ќе повторам...имаме отворено многу Кутии за кои сме се каеле -посебно ние кои живееме тука. Зашто е потребна уште една и која е крајната цел.
Башка најдов различни примери, воглавно од културни земји, без пукање при гласање...примери од кои повеќето гласаат само дипломати или и други кои ќе се изјаснат дека сакаат, но по пошта
http://en.wikipedia.org/wiki/Absentee_voting#Absentee_ballot_examples
Интересно е што дури и една Холандија или Израел не си дозволуваат масовни гласања на населението нјвројатно ради голем број проблеми и нерегуларности (како што вели текстот во 2005 во Г. Британија)
Запази колку се ригорозни во тој поглед
Македонија многу полесно може да се екипира и да се определат гласачки места во Дијаспората, отколку Велика Британија која за истиот процес има потреба од невидени размери на логистика, буџет, организација.
Доволно би било да се определат 2-3 поголеми градови на останатите континенти, на пр. еден во Калифорнија, еден на Источниот Брег и дополнително уште некоја локација каде е концентрирана нашата дијаспора, а останатите ќе мора да допатуваат до тие места.
Исто и во Австралија, се работи за неколку изборни места.
За Европа може да се организира според бројноста на евидентираните Македонци, тука веќе нема да е толкав проблем од логистички аспект. На пр. сите Македонци во Германија може да гласаат во 2 града како Штудгард и Берлин и сл.
Доколку се има волја ќе се најде решение, искуствата од првиот пат ќе бидат многу корисни за следниот. Како што кажа и ти, никаде ништо не функционира беспрекорно, па ниту ние мора да се оптеретуваме со такви оценки.