Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.460
Поени од реакции
22.867
Знам дека ги поддржуваш ДПМНЕ и да гласа дијаспората ама
тоа не е спорно, никој не аргументира на тоа дека е спорно, друга спорна работа е, не треба да гласаш во туѓа држава макар било за 1, 2 или 3 пратеник/пратеници. Кога ќе си дојдеш на своето избирачко место гласај за кој сакаш. Јасно?
Дојдоа македонците од пустец и види што стана :toe:
 
Т

Триптико

Гостин
Што зборувате напамет, кога не е така. Секој полнолетен, деловно способен граѓанин има право да избира и да биде избран. Граѓанин, не ојлевци/дојлевци. За да не се буните за џабе, еве ви го "правото":

Избирачкото право се состои од:

1. Активно избирачко право – право да избираш

2. Пасивно избирачко право – право да бидеш избран

Избирачко право немаат лица на кои им е одземена деловната способност.

Право да избира и да биде избран има секој:

- државјанин на РМ;

- со навршени 18 години старост;

- кој стекнал деловна способност;

- кој е со постојано живеалиште во Изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.

ПОСТОЈАНО ЖИВЕАЛИШТЕ! Како може некој од Острелија да има постојано живеалиште во МК? Правно немате право, не дали некој сака/не сака. Или ќе менувате закони, за да го добиете :facepalm:
 
А кој ти рече дека во АУС гласаат тие што имаат постојано живеалиште? Кретену кога не знаеш како е не коментирај. Овде има 250 000 со МКД потекло од кој 80 000 се родени во МКД а другите се 2-3та генерација или од егеј, пирин, родени во бивша ју во некоја друга република ама со потекло од мкд. Од тие 80 000 само дел имаат право да гласаат, тоа се тие што имаат живеалиште во МКД и се водат како такви (значи кога ваделе МКД пасош ИМАЛЕ живеалиште во МКД). На тие им е одземено правото на глас на подмолен начин со тоа што се отвараат 2 изборни места со капацитет од 1000 гласачи а се бара минумум 6500 гласа за пратеник. Во минатото овде излегувале по 950 гласачи мање више од кој над 90% си гласале за една опција. Е сега му смета на некого тоа...
 
Т

Триптико

Гостин
@kano некој е кретен, само кој? Знаеш што значи постојано живеалиште како термин? Биди си државјанин, ама немаш право на глас по тој основ и што? На крајот на краиштата, избирањето е право, не обврска. Седете си таму и "кажувајте" во тамошниот систем што и како. Овдешниот оставете го на овдешните. А, ако сте толку паметни и знаете како и кого да бирате, авионот и рикверц. Па кажувајте колку сакате.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.460
Поени од реакции
22.867
@kano некој е кретен, само кој? Знаеш што значи постојано живеалиште како термин? Биди си државјанин, ама немаш право на глас по тој основ и што? На крајот на краиштата, избирањето е право, не обврска. Седете си таму и "кажувајте" во тамошниот систем што и како. Овдешниот оставете го на овдешните. А, ако сте толку паметни и знаете како и кого да бирате, авионот и рикверц. Па кажувајте колку сакате.
А ти знаеш колку овде има со постојано живеалиште во МКД или само онака си лупаш?

Еве де од пустец дојдоа и гласаа и тие не чинеа така?
 
Т

Триптико

Гостин
А ти знаеш колку овде има со постојано живеалиште во МКД или само онака си лупаш?

Еве де од пустец дојдоа и гласаа и тие не чинеа така?
Значи, физички е невозможно да имаш постојано живеалиште на две места. Едното е престојувалиште. А, ако е како што кажуваш, МВР ќе земе одлична пара штом почне да ве казнува за неодјавено живеалиште и непополнета пријава за престој вон Македонија подолго (не сум сигурен за бројката) од 3 месеци.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.460
Поени од реакции
22.867
Значи, физички е невозможно да имаш постојано живеалиште на две места. Едното е престојувалиште. А, ако е како што кажуваш, МВР ќе земе одлична пара штом почне да ве казнува за неодјавено живеалиште и непополнета пријава за престој вон Македонија подолго (не сум сигурен за бројката) од 3 месеци.

Значи само лупаш. ОК, ај сега иди пишувај на некоја тема каде што имаш бар минимално познавање.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.400
Поени од реакции
7.594
Не можам да ги разберам дијаспорциве шо се замараат со политиката во Македонија.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.460
Поени од реакции
22.867
Не можам да ги разберам дијаспорциве шо се замараат со политиката во Македонија.
Зависи што подразбираш под замарање, јас не мислам дека некој се замара со политика во Македонија со исклучок на тие 200 души што глумат револуција и политичарите. Од она што гледам углавно на никој не му е премногу гајле таму а не пак надвор. Дури и на форумот повеќе се замараат со БГ пасош него политика.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275

Кога ќе секнат позајмицит и ќе останат 150.000 административци 2-3 месеци без плата а 200.000 пнзионери без пензија, одеднаш сите ќе се заинтересираат за политика.
Само тогаш ќе биди предоцна
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.460
Поени од реакции
22.867
Кога ќе секнат позајмицит и ќе останат 150.000 административци 2-3 месеци без плата а 200.000 пнзионери без пензија, одеднаш сите ќе се заинтересираат за политика.
Само тогаш ќе биди предоцна
Само што тешко дека ќе се оствари тоа. Има кој да зајми, малце повисоки камати ќе бидат али не е битно, и онака во политика правилото е тој што зајми не враќа, нека му ја мисли следниот на власт.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.779
Поени од реакции
24.573
А, ако е како што кажуваш, МВР ќе земе одлична пара штом почне да ве казнува за неодјавено живеалиште и непополнета пријава за престој вон Македонија подолго (не сум сигурен за бројката) од 3 месеци.
Јас едвај го чекам тој момент. Ако треба дури и сама ќе отидам и ќе ги потсетам. :icon_lol:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Само што тешко дека ќе се оствари тоа. Има кој да зајми, малце повисоки камати ќе бидат али не е битно, и онака во политика правилото е тој што зајми не враќа, нека му ја мисли следниот на власт.
Има кој да зајми се додека отплаќаш рати и главница.
А ние сме толку задолжени шо пополека снемва пари, се помалце успеваат да соберат, се ребалансира буџет, борчовие си растат, а приходите ни се намалени од месец во месец.
То се алармантни знаци.
Секој си ги сака парите назат уредно и на време, и никој не е будала да ти зајми ко ќе процени дека нема да можеш да си го сервисираш долгот.
Блиску сме ние до грчкото сценарио, плата на административци намалена за 40-60 посто, исплата секој втор месец, пензиите преполовени даноци зголемени инфлација и евро нагоре.....
Не сме ние имуни на основни економски закони кои владеат секаде во светот
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.976
Поени од реакции
21.528
Ај аирлија ако сме на иста линија.....
Абе, Владе, јас сум секогаш против тоа други да ни решаваат. Ама од некои работи нема бегање. На геополитичка карта - не да сме мали, туку не постоиме. Македонија нема доволно храна, нема нафта, нема доволно струја. Се ова увезува. Остај тоа, туку нема и пари за да увезува, па мора да се задолжува кај странци. Па сега ти види дали е можно да не играш како што други ти свират ? И дали воопшто постои таков маж што ќе го ставиме за премиер и ќе ги одјебе странците ?

Претпоставувам дека алудираш на мојот став окулу вмешаност на странци во моментална политика. Нема лицемерие кај мене. Јас гласав во 2006 за Глујо. И, дури не се кајам, затоа што требаше да се казни претходна гарнитура. Исто како што сега треба да се казни моментална владеачка партија. За мизеријата во која дозволија да западнеме. Пази, имаш докази за криминал кои секој со здрав разум не може да ги игнорира. Остај приказните за сечени и лепени снимки или жолти комбиња. Тоа е за проста маса. Криминал, батка во сите сфери на општеството. Ама -апла КРИМИНАЛ. Да беше паметен пастирот, требаше да се повлече со цела прва гарнитура, да намести марионети и да оди на избори со прифаќање на сите услови од опозиција. И верувам дека пак ќе победеше ВМРО. Не го направи тоа, туку за завлече државата во каша од која нема назад и мораше да се замешаат странци. Затоа што или ќе се испотепаме меѓу себе, или ќе направиме од државата феудален посед на фамилијата. И затоа оправдувам странци за помош за воспоставување на нормална правна држава. ( Ако воопшто е можно ?)

Окулу темава.
Ако веќе има причина да бараме вмешаност од странци моментално за некои повисоки долгорочни цели, апсолутно нема причина вмешаност на дијаспора во одлучување на иднина. Избори, пратеници, се е непотребен трошок без никаков бенефит. И како што пиша некој исселеник , тие тројца пратеници нити ја преставуваат дијаспората, нити дијаспората има некоја корист од нив.
Уште една утка на патриотите....
Види едно е да се мешаат странците , ајде ке речеме виша сила, мала земја ова она, но сосем е друго кога некој се радува на тоа и ги пречекува со раширени раце. Не е тоа една те иста работа и сигурно правиш разлика помеѓу едното и другото. Едно е да мораш друго е да сакаш. Тука е твоето лицемерие.
Да бевме созреани како народ и како држава што очигледно како се одвиваат настаните далеку сме од тоа ти и сите останати ке го направеа тоа како што и требаше да биди направено. Ако можеше во 1998 , ако можеше во 2006 , зошто да не можи во 2016 ? Ама не вие решивте дека на улица било подобро да се види кој е во право што неминовно води кон тоа што води. Можеби со помошта на твоите странци ке воспоставиме нормална држава како што викаш. Еднаш ни поможија пред 15 години, се сеќаваш на рамковниот договор така? Ептен ни поможија ама малце ни е. Сега уште повеќе ке ни поможат. Ама секој со свој ум. Да не викаме после што ни требаше ова исто како што и секој ден го спомнуваме тој рамковен договор чии последици ги осеќаме и ден денес.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.460
Поени од реакции
22.867
Има кој да зајми се додека отплаќаш рати и главница.
А ние сме толку задолжени шо пополека снемва пари, се помалце успеваат да соберат, се ребалансира буџет, борчовие си растат, а приходите ни се намалени од месец во месец.
То се алармантни знаци.
Секој си ги сака парите назат уредно и на време, и никој не е будала да ти зајми ко ќе процени дека нема да можеш да си го сервисираш долгот.
Блиску сме ние до грчкото сценарио, плата на административци намалена за 40-60 посто, исплата секој втор месец, пензиите преполовени даноци зголемени инфлација и евро нагоре.....
Не сме ние имуни на основни економски закони кои владеат секаде во светот
Што подразбираш под блиску? Јас такви сценарија не гледам барем уште 10тина години, а дека не е на арно не е[DOUBLEPOST=1467490662][/DOUBLEPOST]
Јас едвај го чекам тој момент. Ако треба дури и сама ќе отидам и ќе ги потсетам. :icon_lol:
Остај си фантазира дечково. Јас барем 5 пати сум одјавен овие шест години и пак сум на гласачки список во СК. Толку се потресуваат тие што треба тоа да ажурираат во МКД што сигурно кога добиваат одјава од некој 3 дена се газат од смеење што сме си губеле време да пополнуваме документи... Важно на аеродром нема да пропуштат да ти спомнат дека ти треба пасош и државјанство и дека треба да се пријавиш за престој итн итн...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom