Let3, едно е да спомнеш дека некој бил Месија, а друго е да го прифатиш некого како Месија. И јас често пати го спомнувам Мухамед како „пејгамбер“ или како „исламски пророк“, но сепак ниту го прифаќам како пејгамбер, ниту како пророк. Ориген забележува дека Флавиј што не го прифатил Исус како Месија т.е. дека не станал христијанин. И со тоа Ориген не кажал ништо ново, затоа што на сите тогаш и на сите денес им е јасно дека Флавиј не бил христијанин (освен ако тајно не се обратил пред неговата смрт).
Извештајот на Флавиј што се однесува на Исус е извештај од 2ра, 3та, 4та итн рака. Од самиот текст е јасно дека не се работи за очевидец. Флавиј не го знаел Исус. Тој пишува што за него се верувало, за тоа како го верувале неговите следбеници и тоа многу кратко, колку и што би се очекувало од некој кој не верувал во Исус. Како што напишав предходно, во некои стари грчки и арапски (преводи) на извештајот на Флавиј се сретнуваат фразите „Исус за кого се верувало дека бил Месија“ или „било известено дека тој им се појавил жив по три дена“ и ако тука воопшто постоел некаков христијански удел, тоа би можел да биде само во отстранување на деловите „за кого се верувало“ и сл.
Но, доколку тоа навистина би била христијанска интерполација, тешко дека некој христијанин би се воздржал да напише за Исус само 3-4 реченици. Имено ако на некој христијанин му била дадена таа задача да го препишува текстот на Флавиј и доколку тој сакал да вметне во него текст за Исус, тој веројатно ќе напишел нешто повеќе. Исто така би било невообичаено христијанин во тоа време да го нарече Исус само „мудар човек“, а да не се осврне на Неговата божественост.
Од друга страна стилот на пишување и вокабуларот му припаѓаат на Флавиј. Почетокот на тоа поглавје, а и на многу други поглавја од „Еврејските старини“ започнуваат со фразата „Во тоа време...“.
Значи историјата е таа, историските докази се тие, во сите пронајдени манускрипти (историски артефакти) на „Еврејските старини“ се јавува тој цитат за Исус. До тука иде науката. Се разбира со бујна фантазија и „теориите на заговор“ муабетите одат до бескрај. Кога и јас би користел таква логика, би можел да речам: „а што ако делот од цитатот на Ориген е интерполација од некој што сакал да го огради Флавиј од Христос и да потенцира дека Флавиј не го прифатил Исус?“
Или што ако таму пишувало вака, ама подоцна некој го заменил во онака? Таквите научни фантастики можат да одат до бескрај. Но тоа не е наука и јас не би се спуштил на тоа ниво. Тоа е тоа што ни останало од историјата и на база на тие факти мораме да ги реконструираме настаните, доколку сакаме да бидеме доследни и доблесни истражувачи на вистината.