Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Телемитизмот има своја мисија и веќе реков, со среќа нека му е се додека го респектира цивилизираниот лимит што го спомнав, при што Ипси-ликовите се природен супстрат, најчесто досадни немајќи што ново да кажат се “изживуваат“ со нас(барем така веруваат;)), се надевам ќе им здосади да бидат досадни.

Она што е хендикепт во овие теми за дијалог и поширок издржан муабет, и во принцип замерувам на сите нас Македонци е, сериозното непознавање на Христијанството кое како општествен феномен се култивира од нас самите 2000 години, бесмислено е да го напаѓаме или поддржуваме на таа основа.

Антрοполошката претпоставка за вечното, како порив во човекот, е она што Христијанскиот егзистенцијализам го открива со милениуми веќе како реална опција посведочена и реализирана во Црквата, по кој пат оди реално човечкиот цивилизациски телос е токму израз на таа премиса, откровение кое го гледаме во актуелниот историски контекст како трансхуманизам, за кој, се сложувам со тебе и веќе реално се гледаат можните импликации на автонеоколонијализам.

Веројатно ако има нешто таму (и тука и сегде), ја веруем дека пантеизмот и панпсихизмот се најблиску до тоа нешто. Исто така веруем дека ние сите сме дел од тоа нешто. Ова што го веруем не се уклапа со милитантните атеисти, а за чудо, поблиску е до упанишадите у комбинација со Хегел. Но тоа нешто, сите вие го допирате со одредени симболики/аватари и слично. Како? Кога размишљаш на определени религиозни симболи и доживуваш определени гностички состојби на свеста, ти се случува нешто во умот (на несвесно, прасвесно и свесно ниво). Ако свеста е особина на Универзумот, тие стања кажуваат нешто за начините на кои „Бог“ може да размислува пошо ние сме дел од нештото. И сите вери во нашиот Ум, како и сите логичко-математички, вербални, емотивни и др. феномени, кажуваат на какви све начини може да постои Свеста. Но расправиите за религиозните наративи ми се некако многу, како што би рекол еден голем форумски мислител, профани (се зезам). :D Но не знам дали е така и неам докази. Метафизиката е ван индуктивниот метод и општо, науката. Науката сама се потпира на метафизиката и онтологијата (онтолошкиот натурализам), со што, има практична примена во определен опсег на оперирање у реалноста.

Ова што го зборуем нема благе везе со второто доаѓање на Исус, така да тука ќе го прекинам муабетот. Има други теми за овие дискусии.
Со среќа и на тебе во потрагата и осмислувањето, интересно размислуваш, има нешто тука од набројаново и Декартовско-cogito ergo sum егзистенцијално, опортунистичко само-исполнување, кое бара емпириско надминување и заклучување на одредени когнитивни фази, предуслов за надумното поимање на стварноста..., но ко што кажуеш, за на други теми може да оди муабетот(y)
 
H

Hyperion VI

Гостин
Ostavam na vas da projavite vera vo pogorekazanoto.No i konfrontacii ne se dobri pred Boga!Ke se kaze nesto sto ne treba za koe ke se kaeme posle.Vo sekoj slucaj falati za dobrata, herojska zelba da prodolzi ovaa diskusija.Pa bi bilo dobro ti da ni kazes sto mislis za ovaa tema, pokonkretno za vtoroto Hristovo doaganje?Pozdrav.
А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!
(Прво послание до Солунјаните 5:23 )
Тука јасно си е покажано дека постојат 3 различни компоненти на човековото "битие".
Секако дека имало верници на кои телото им било декомпозирано до незавиден степен(нуклеарки,сулфурни киселини,касетни бомби и сл.)
па не можеме да кажеме дека комплетно ќе се вознесат од гробови,оти ги немаат.
Но тоа е само телото.
Духот е нешто што го "движи" телото,сепак,
додека душата е највозвишениот дел и е директниот контакт со Бог.
Најдобро би било при второто доаѓање да се зачувани сите три компоненти(секако)но не мора да значи.
А секако "Вечниот Живот",за еден христијанин почнува уште додека е човек од крв и месо,со самиот момент кога ќе го прифати Исус Христос за Бог и Спасител,кој умрел излевајќи ја сопствената крв за нашите гревови.
Секако јас сум почитувач само на Христијанството кое го прифаќа "Никејското Кредо" и тринитарноста,
без разлика која деноминација се.
Еве во последниот период запознав многу млади христијани без,црква и деноминација кои се водат по библијата и гореспоменатите принципи.
Коригирај ме,ако теолошки не сум ги сфатил добро работите.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447

Според тебе во божјето царство ќе има некои кои ќе бидат во тело, дух и душа, некои без тело, а некои следствено,без душа или дух? Малку дискриминирачки! А зошто да не може Бог на тие со оштетено тело да им го обнови пак телото, како што можел и Адама да го направи од старт само од земја?
И јас сум против ариевскиот отпад после Никејскиот собор и сум убеден тринитарец,и ги почитувам сите деноминации,но верувам дека Христос има една права своја црква на земјата, онака како што пишува во Библијата.
 
Еве се повторувам и фала што ме коригираше,секако мислев на Никејското "Верувам" или " Кредо",
без политичките малверзации што се издешавале после соборот ;)
Тоа и сакав да кажам дека постои една права црква.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Најдобро би било при второто доаѓање да се зачувани сите три компоненти(секако)но не мора да значи.
Со Второто Христово доаѓање ќе се случи севкупно Воскресение на сето создание, онака како што го познаваме, но во ,,Нова", нераспадлива состојба. Тоа го подразбира и целокупниот човек со сите компоненти што ги наброја.(y)
Автоматски споено мислење:

Еве во последниот период запознав многу млади христијани без,црква и деноминација кои се водат по библијата и гореспоменатите принципи.
Можеш ли ова малку да го објасниш?
 
H

Hyperion VI

Гостин
Со Второто Христово доаѓање ќе се случи севкупно Воскресение на сето создание, онака како што го познаваме, но во ,,Нова", нераспадлива состојба. Тоа го подразбира и целокупниот човек со сите компоненти што ги наброја.(y)
Одлично,сепак моето битие беше концентрирано кон окултизам(сатанизам),во последните 10тина години и во почетокот на нашата комуникација ви прикажав само некои неогностички и антихристијански размислувања,ама после Господ ме удри јако од "земја" и се потсетив кој сум и што сум,
т.е. Се осеќам како да се враќам на правата стаза,сепак ти благодарам на тебе и @filip007 за поуките,и
простете за сѐ што ви згрешив.
Бог со вас
Автоматски споено мислење:

Можеш ли ова малку да го објасниш?
Имам искуство со тие работи,одма те препознав дека си евангелист,а Филип дека е адвентист.Не сакам да се возгордејувам.
Дечкиве по размислувања се баптисти,(иако не сакаат да ми признаат).
Мада не е ни битно сепак позитивно ми влијаеа и ме вратија на добар пат.

(А овие доле што се смешкаат,ќе си "легнат на брашното")
 
Последно уредено:
Член од
23 декември 2018
Мислења
112
Поени од реакции
276
кое божјо царство кој сини очи, кој исус и кој господ... аааааааааххх верници ќе страдате уште многу, системо ќе ве скиине до колекоженочаснемаспавања... а иначе исус ќе дојде по трет пат у Четврток вај шо иде оваа недела
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Воопшто нема потреба да се извинуваш, си прајме муабет и баш ме радува тоа што си се насочил да го разбереш Христијанството :)
Јас се претставив претходно како Православен, за @filip007 незнам
Ме интересираше она што си напишал како го перцепираш Христијанството без Црква...?
П.С. А за воајериве не се секирам, ќе бидат подобри Христијани и од нас, ,, та последните ќе бидат први... ";)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.470
кое божјо царство кој сини очи, кој исус и кој господ... аааааааааххх верници ќе страдате уште многу, системо ќе ве скиине до колекоженочаснемаспавања... а иначе исус ќе дојде по трет пат у Четврток вај шо иде оваа недела
ме пресмеја
ценам духовитост
иди у хумор темата сега, со изгубљен, бијонс и иреал
 
H

Hyperion VI

Гостин
Ме интересираше она што си напишал како го перцепираш Христијанството без Црква...?
Многу верници се плашат да кажат дека посетуваат некаква Христова црква,оти ќе бидат осудени од
(ќе грешам)простото население.
Секако,мал број на Македонци ја имаат прочитано библијата(дури ни Нов Завет),
Ете сега имав смешен муабет со блиска другарка,која дури мислеше дека Соборен Храм,припаѓа на друга деноминација :)
Смешно.
Па еве за почеток сите нека го читнат Новиот Завет,барем мала книгичка е ничив мозок нема да умори повеќе од видеоигри и фејсбукови.
Сепак ќе научат зашто го слават тој Божиќ и Велигден и кој е Исус?
(оти повеќето палат свеќичка за здравје и среќичка )
Секако јас не сум тип што ги осудува другите деноминации,дури во еден период од мојот живот пред 15 години,активно посетував евангелско-методистичка црква и си читнував свето писмо.
После тоа ми се издешаваа некои пресврти во животот,кога прејдов во сатанизам,што не ми донесоа ништо добро,напротив многу забуни и чувство на "измаменост".
Не би му го посакал тоа чувство дури и на најзлиот душман.
(И тие доле што ќе се смешкаат пак ќе си легнат на брашното ;) )
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
(И тие доле што ќе се смешкаат пак ќе си легнат на брашното ;) )
Ова ти е некоја тактика да испровоцираш реакција кај мене? Не си ти толку глуп за да станеш христијанин, не сум ни јас глуп да ти паѓам на финти. Овие можеш да ги возиш, мене тешко.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Сега приметив дека си искоментирал.
Од никогаш не сум можел да те разберам(уште од времето кога бевме роднини).
Не знам што имаше против мене,ама твое си е.
Не сакам да испровоцирам никаква реакција кај тебе,посебно,оти никогаш не си ми бил близок или интересен,бевме роднини оти така ни налагаше окултната "задруга",
единствена заедничка работа ни беше
"Книгата на Законот",а веќе не ни е,
значи немаме ништо заедничко.
Не знам зошто јас немам право да станам христијанин?
Не ти ја сфаќам поентата.
А и пак ќе ти кажам "проповедај си,не те чепкам",што к. сега ме најде мене,да не сакаш сега да се спријателиме,после толку време во О.Т.О. кога избегаваше комуникација со мене заради свои причини :)
Што ти згрешив толку,па сега,дури кога искочив од О.Т.О. некако почна да комуницираш со мене ?
Јас сум сакал да се спријателам со тебе?! Што сум имал против тебе?! На што дроги си бе човек? Ме спомна индиректно затоа ти се обратив, а тоа дали сум ти бил близок или не, баш ме заболе искрено.
дал да ти одговорам
дал да се смеам
дал да те сожалувам
...
дилеми
Лупни еден пост дека Кроули жртвувал деца и решена дилема.
Автоматски споено мислење:

Нели примирје у новиот ејџ оф аквериус.... оти вака сега?
Затоа што знам да препознам кога некој се обидува да трола.
 
H

Hyperion VI

Гостин
И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој; зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина.
Матеј 24:4‭-‬5
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Кое подло човече си ти....ама нема да ме испровицираш, џабе ти е. Ти многу добро знаеш дека во скопје живеам само последниве 5 години, на тие дружби не сум доаѓал затоа што ми било проблем да најдам слободно време. А и кога се преселив добив дете, што значи дополнителни обврски! Па и покрај тоа сум наоѓал време на побитни собири да присуствувам! Но што би знаел ти за тоа....
Искрено прашање до тебе
Со целиот родителски хабитус, свест и одговорност би го вовел ли сопственото дете во О. Т. О., како воопшто размислуваш од татковски аспект?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Искрено прашање до тебе
Со целиот родителски хабитус, свест и одговорност би го вовел ли сопственото дете во О. Т. О., како воопшто размислуваш од татковски аспект?
Би бил најсреќен човек на светот доколку реши да се иницира и тоа да е лично нејзина одлука.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom