Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
А што е со оние милиони христијани што не им се десила иницијацијава? Тие како одлучуваат што е симболика а што не?
За нив се е фактичко во словото, и така треба да биде, така се грижиме за нив пошто неинициран човек е потенцијално опасен за сам себе и за другите, догмата е некој начин да се држи под контрола. Нуди механизми колку толку да не се испотепаме. Но во исто време го нуди и начинот да се деси иницијацијата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Од како сум на форумов, ова твоево христијанство е петто ако не се лажам.... Имавме едно на Спирос, со совршениот ислам на Исус... Потоа тоа на Гурџи, па на Невски, Мики кец и сега ова твоево со иницирани христијани....
 
И тоа е разбирливо, пошто рисјанството е уствари многу хипи, љубофф. љубофф..

Пример ако тркнам у Индија, и сретнувам некој Рамеш, ако он ги има у себе десетте божји, он е за мене инициран рисјанин, мој брат... се гушкаме и може и да играме боливуд стајл.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Според евангелијата луѓето на кои им се обраќа Исус нема да умрат додека не се случи второто враќање, што значи или денес има луѓе што се 2000 + години стари или ништо од тоа не е точно:
Според Евангелијата види што зборува Господ во Својата Црква пред 2000 години, за “толкувачи“ како тебе:

3. Најнапред знајте го тоа дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби
Петар 2.3

6. Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон друго благовестие;
7. не затоа што има друго евангелие, но има такви, што ве смутуваат и сакаат да го изопачат Благовестието Христово.
8. Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!
9. Како што рековме порано, и сега пак велиме: оној што ви благовествува нешто поинаку од она што го примивте – нека биде анатема!
10. Во луѓето ли сега барам благоволение, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.
11. Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го благовестив, не е човечко,
12. зашто ни јас го примив, ниту го научив од човек, а преку откровението на Исуса Христа.
Гал. 1. 3-12

4. зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
Јуда 1.4

7. Тешко му на светот од соблазни, оти соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
Матеј 18.7

1. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној,
преку кого доаѓаат;
2. за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море,
отколку да соблазни еден од овие помали.
Лука 17. 1,2
Автоматски споено мислење:

И тоа е разбирливо, пошто рисјанството е уствари многу хипи, љубофф. љубофф..

Пример ако тркнам у Индија, и сретнувам некој Рамеш, ако он ги има у себе десетте божји, он е за мене инициран рисјанин, мој брат... се гушкаме и може и да играме боливуд стајл.
Корект, и апостол Павле се сложува со ова, сосе мене се разбира :cool:

14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сè по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15. поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат
16. во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.
Рим. 2. 14-16
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Според Евангелијата види што зборува Господ во Својата Црква пред 2000 години, за “толкувачи“ како тебе:

3. Најнапред знајте го тоа дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби
Петар 2.3

6. Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон друго благовестие;
7. не затоа што има друго евангелие, но има такви, што ве смутуваат и сакаат да го изопачат Благовестието Христово.
8. Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!
9. Како што рековме порано, и сега пак велиме: оној што ви благовествува нешто поинаку од она што го примивте – нека биде анатема!
10. Во луѓето ли сега барам благоволение, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.
11. Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го благовестив, не е човечко,
12. зашто ни јас го примив, ниту го научив од човек, а преку откровението на Исуса Христа.
Гал. 1. 3-12

4. зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
Јуда 1.4

7. Тешко му на светот од соблазни, оти соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
Матеј 18.7

1. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној,
преку кого доаѓаат;
2. за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море,
отколку да соблазни еден од овие помали.
Лука 17. 1,2
Автоматски споено мислење:

Корект, и апостол Павле се сложува со ова, сосе мене се разбира :cool:

14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сè по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;
15. поради тоа што делото на Законот е напишано во нивните срца, та затоа се управуваат според Законот, бидејќи нивната совест им сведочи за тоа, и нивните мисли помеѓу себе се обвинуваат или оправдуваат
16. во оној ден, кога, според моето благовестие, Бог преку Исуса Христа ќе ги суди тајните на луѓето.
Рим. 2. 14-16
Би додал уште еден стих на погорниот список стихови од Liberij,
Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и откако се повратат, да не ве раскинат.
Матеј 7:6 MK1990
и ја заклучувам темава(пошто многумина изразија таква желба за цензура, дури ме прогласија и за забеган, да не речам луд, така да можат администраторите да ја инквидираат) онака како што и ја почнав со последните стихови од Библијата:
Еве ќе дојдам скоро. Да, дојди Господе Исусе.Амин.
Маран Ата.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според Евангелијата види што зборува Господ во Својата Црква пред 2000 години, за “толкувачи“ како тебе:

3. Најнапред знајте го тоа дека во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби
Петар 2.3

6. Се чудам дека така брзо се одвратувате од Оној, Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон друго благовестие;
7. не затоа што има друго евангелие, но има такви, што ве смутуваат и сакаат да го изопачат Благовестието Христово.
8. Но дури и ние, или ангел од небото да ви благовестеше нешто друго од она, што ви благовестевме ние, нека биде анатема!
9. Како што рековме порано, и сега пак велиме: оној што ви благовествува нешто поинаку од она што го примивте – нека биде анатема!
10. Во луѓето ли сега барам благоволение, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.
11. Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го благовестив, не е човечко,
12. зашто ни јас го примив, ниту го научив од човек, а преку откровението на Исуса Христа.
Гал. 1. 3-12

4. зашто се вовлекоа некои луѓе, чија осуда е одамна определена, безбожници, што ја обрнуваат благодатта Божја во нечистотијата и се одречуваат од Единиот Господар Бог и Господ наш Исус Христос.
Јуда 1.4

7. Тешко му на светот од соблазни, оти соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого доаѓа соблазната.
Матеј 18.7

1. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној,
преку кого доаѓаат;
2. за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море,
отколку да соблазни еден од овие помали.
Лука 17. 1,2
Јас не толкувам, читам. Вие тврдите дека им треба толкување на стиховите. Во цитативе што си ги навел овде, негледам ништо што го побива кажаното во оние стихови што ги посочив. Во времето кога не била изумрена генерацијата за која зборува Исус немало луѓе што живееле според свои желби? Или што сакале да изопачат нешто?
Кој е критериумот да се толкува? Вие тврдите дека е потребно толкување, не јас.
Автоматски споено мислење:

Библијата:
Еве ќе дојдам скоро. Да, дојди Господе Исусе.Амин.
Маран Ата.
До колку милениуми се смета за скоро? Еве два поминаа.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Би додал уште еден стих на погорниот список стихови од Liberij,
Светињата не ја давајте на кучињата, и не си го фрлајте бисерот пред свињите, за да не го изгазат со своите нозе, и откако се повратат, да не ве раскинат.
Матеј 7:6 MK1990
и ја заклучувам темава(пошто многумина изразија таква желба за цензура, дури ме прогласија и за забеган, да не речам луд, така да можат администраторите да ја инквидираат) онака како што и ја почнав со последните стихови од Библијата:
Еве ќе дојдам скоро. Да, дојди Господе Исусе.Амин.
Маран Ата.
Нема зошто да ти се затвара темата. Еден од тие што сака да ти се затвори...
...има своја тема, за својата света книга „Книгата на Законот“ во која објавува цитати од истата. Неговата религија се вика „Телема“ и истата е агресивно наклонета кон твоите верувања, поради тоа пробува да саботира све што е поврзано со христијанството.

Правилата на подфорумов дозволуваат секој да отвара теми и да шпекулира за својата вера без никакви рестрикции и ограничувања. Иронично, еден од нивната банда зборуе за слобода на говор на неговата фејсбук страна (дека не смеат да го ограничат да зборува за Телема), а не му пречи кога неговиот „брат“ бара да се затвараат вакви теми за вери кои се во конфликт со нивната поради двојни аршини. Исто така, тој е фрагилен кога некој пишуе критика за неговата вера, ама нема проблем со тоа неговите браќа да киснат на форум и да напаѓаат христијани по цел ден. Без разлика дали некој мисли дека бладаш и зборуваш работи кои не се точни, ти имаш слобода да отвориш тема за религија и додека не навредуеш некој, имаш право да си пишуваш што сакаш; исто како што секој има право да не се согласуе со тебе, да дебатира за темата и да мисли дека ова што го зборуеш е лудо.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.470
...има своја тема, за својата света книга „Книгата на Законот“ во која објавува цитати од истата. Неговата религија се вика „Телема“ и истата е агресивно наклонета кон твоите верувања, поради тоа пробува да саботира све што е поврзано со христијанството.
Стварно не сум сигурен колку Телемата е антихристијански настроена, а колку е антихристијанството на телемитиве форумски, лично, поради сатанистичко минато и др.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Стварно не сум сигурен колку Телемата е антихристијански настроена, а колку е антихристијанството на телемитиве форумски лично, поради сатанистичко минато и др.
И самата Телема е антихристијански настроена. Наративот за староеонските патријахални религии од еонот на Озирис, а и Црното Братство кое го задржува истиот дух во еонот на Хорус, е јасен индикатор дека Телема е конфликтна со христијанството.

Crowley also says of the Aeon of Osiris in Equinox of the Gods:
The second [Aeon] is of suffering and death: the spiritual strives to ignore the material. Christianity and all cognate religions worship death, glorify suffering, deify corpses
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.035
Поени од реакции
83.470
И самата Телема е антихристијански настроена. Наративот за староеонските патријахални религии од еонот на Озирис, а и Црното Братство кое го задржува истиот дух во еонот на Хорус, е јасен индикатор дека Телема е конфликтна со христијанството.

Crowley also says of the Aeon of Osiris in Equinox of the Gods:
Да, да, знам. Ама прашањето ми беше - колку?

Не ми личи толку, колку што двајцава тука покажуваат.
Автоматски споено мислење:

Пример, Исламот не толку антихристијански настроен, колку што се муслиманите.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
До колку милениуми се смета за скоро? Еве два поминаа.
Тие два милениума се помалку од еден божји ден. Барем според верувањето на јеховистите, а тие исто се управуваат според Библијата.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Да, да, знам. Ама прашањето ми беше - колку?

Не ми личи толку, колку што двајцава тука покажуваат.
Претпоставуем дека е релативно. Хептаграм и Ипсисимус немаат исти сентименти кон христијанството. Но, од моја лична перспектива, Телемата зборува од некој пантеистички аспект за промената на духот на човештвото (Хегел го начнува духот од слична панпсихистичка перспектива) низ призма на некој историцизам. Како што човештвото живее низ времињата, така различните еони ја отсликуваат глобалната спиритуална свесност на цело човештво кое се гледа како колективна свесност. У добата на Озирис, тие религии биле нужни за човештвото да стигне до оваа доба на либерално поимање на светот (нешто како што капитализмот е нужна етапа за човештвото да еволуира до социјализам според Маркс). У ова доба, христијанството, исламот итн. се оставштини од минатото кои го запираат прогресот на општеството и спиритуалниот развој на секој човек. Со тоа, Црното Братсво е дел од несвесните остатоци од минатиот еон (ова е ко некоја метафизичка сила што е реминисценција од минатиот еон), делумно опасно за остварување на својата Вистинска Волја, Агапе итн. итн. Телемата има етички систем кој не дозволуе такви работи ако сакаме да напредуеме кон спиритуалниот сингуларитет. :)
Кроули е нешто ко Мухамед за добата на Хорус, задњиот пророк со нови инструкции од таму горе. Следниот еон ќе има нов Кроули beta кој ќе ги добие упатствата за новиот еон. :D

Сума сумарум, староеонските религии треба да умрат од колективната свесност според Телема. Тоа, чинам, објаснуе колку Телемата е против христијанството.
Автоматски споено мислење:

Тие два милениума се помалку од еден божји ден. Барем според верувањето на јеховистите, а тие исто се управуваат според Библијата.
Ја не сум го пишал ова што го цитираш. Ипсисимус го пишал.
 
Да, класичен пантеизам, само “нови“ пакувања-Телема, за безличен бог, човек..., без онтолошки одговори, решенија за егзистенцијалните прашања кои реалноста ги наметнува, напротив се игнорираат во бодријарски естетики на забава и квази-романтичарско глумење слобода “трошејќи“ го времето на животот со цел да се промаши, замагли реалноста. Во тоа се состои и “конфликтноста“ со Христијанството како однос и разбирање на смислата за постоењето, животот..., Господ ни ја дал, или ако сакате ја имаме, таа слобода различно да размислуваме, градиме ставови, концепти се разбира до ад хомини лимит да не се истребиме, што е само по себе бесмислено.
 
Он е у војна со Црното Братство. Ипси, овие форумски преписки ги гледа како начин за отстранување на дамките од стариот Еон и глобално прочистување на човештвото. Со тоа што ќе ги победи вашите архајски конструкти, ќе допридонесе човештвото, на глобално ниво, да стане полиберално и поспиритуално. Секое неиницирано животно да добие еднаква шанса за да си ја дознае Вистинската Волја у неговиот Ред.

Јас не знам дали со промената на религиозните наративи низ времињата човештвото напредуе у некоја форма на социјална еволуција, можеби све тоа се мења у некакви дискретизирани Еони (ама не тие на О.Т.О.). Ја мислам дека истите идеи се рециклираат у нови наративи, а суштинските пориви се истите. Телема е само наратив. Од друга страна, ја сум на слична линија околу некои прашања со нив и со вас, ама доста супротен на други планови.
Сметам дека религиозната мисла начнува битни прашања, ама дека Телема и христијанството даваат погрешни одговори или даваат одговори кои опфаќаат само мал аспект од тоа што се дешава. Ова може да го кажам за христијанството само ако го толкуем симболички. Буквалното толкување ми е навреда за разумот. Од друга страна, праксите на Телема доведуваат до некои психолошки модулации на умот кои не чинам дека се вистинскиот правец (ако воопшто може да зборуваме за „вистински" и „погрешни" правци, ќе дообјаснам). Од трета страна, и јас мислам дека човештвото како социјална структура е некој повисок емергентен феномен на колективна свесност во стилот на Феноменологијата на Духот. Мислам дека трансхуманизмот директно ќе го однесе човештвото у друг правец и тоа е једин начин за менување на човечката природа, со можни непосакувани последици ако го утнеме штимот и заебеме нешто што природната селекција полека, полека го праела. Социјалните промени може да ја сменат глобалната евгеника и културолошко милје, па природната селекција по некој спонтан пат да го однесе човештвото во некоја насока, но Телема не веруем дека нуди такво решение. Сепак, разликата меѓу мене и фанатиците од другите верувања е тоа што јас не сум сигурен дека иам право, мојата позиција е во најголема рака шпекулација за која сум спремен секогаш да биде побиена со разумни аргументи. Тука се разидувам со вас христијаните, телемитите и сите други социјални групи кои се пресамоуверени во својот модел и не се спремни со отворен ум да го побијат. И сите се уверени поради причини кои не се доволни за мене.

Веројатно ако има нешто таму (и тука и сегде), ја веруем дека пантеизмот и панпсихизмот се најблиску до тоа нешто. Исто така веруем дека ние сите сме дел од тоа нешто. Ова што го веруем не се уклапа со милитантните атеисти, а за чудо, поблиску е до упанишадите у комбинација со Хегел. Но тоа нешто, сите вие го допирате со одредени симболики/аватари и слично. Како? Кога размишљаш на определени религиозни симболи и доживуваш определени гностички состојби на свеста, ти се случува нешто во умот (на несвесно, прасвесно и свесно ниво). Ако свеста е особина на Универзумот, тие стања кажуваат нешто за начините на кои „Бог“ може да размислува пошо ние сме дел од нештото. И сите вери во нашиот Ум, како и сите логичко-математички, вербални, емотивни и др. феномени, кажуваат на какви све начини може да постои Свеста. Но расправиите за религиозните наративи ми се некако многу, како што би рекол еден голем форумски мислител, профани (се зезам). :D Но не знам дали е така и неам докази. Метафизиката е ван индуктивниот метод и општо, науката. Науката сама се потпира на метафизиката и онтологијата (онтолошкиот натурализам), со што, има практична примена во определен опсег на оперирање у реалноста.

Ова што го зборуем нема благе везе со второто доаѓање на Исус, така да тука ќе го прекинам муабетот. Има други теми за овие дискусии.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom