liberij
ТЕРИРЕМ
- Член од
- 3 април 2012
- Мислења
- 2.037
- Поени од реакции
- 1.018
Телемитизмот има своја мисија и веќе реков, со среќа нека му е се додека го респектира цивилизираниот лимит што го спомнав, при што Ипси-ликовите се природен супстрат, најчесто досадни немајќи што ново да кажат се “изживуваат“ со нас(барем така веруваат), се надевам ќе им здосади да бидат досадни.
Она што е хендикепт во овие теми за дијалог и поширок издржан муабет, и во принцип замерувам на сите нас Македонци е, сериозното непознавање на Христијанството кое како општествен феномен се култивира од нас самите 2000 години, бесмислено е да го напаѓаме или поддржуваме на таа основа.
Антрοполошката претпоставка за вечното, како порив во човекот, е она што Христијанскиот егзистенцијализам го открива со милениуми веќе како реална опција посведочена и реализирана во Црквата, по кој пат оди реално човечкиот цивилизациски телос е токму израз на таа премиса, откровение кое го гледаме во актуелниот историски контекст како трансхуманизам, за кој, се сложувам со тебе и веќе реално се гледаат можните импликации на автонеоколонијализам.

Со среќа и на тебе во потрагата и осмислувањето, интересно размислуваш, има нешто тука од набројаново и Декартовско-cogito ergo sum егзистенцијално, опортунистичко само-исполнување, кое бара емпириско надминување и заклучување на одредени когнитивни фази, предуслов за надумното поимање на стварноста..., но ко што кажуеш, за на други теми може да оди муабетотВеројатно ако има нешто таму (и тука и сегде), ја веруем дека пантеизмот и панпсихизмот се најблиску до тоа нешто. Исто така веруем дека ние сите сме дел од тоа нешто. Ова што го веруем не се уклапа со милитантните атеисти, а за чудо, поблиску е до упанишадите у комбинација со Хегел. Но тоа нешто, сите вие го допирате со одредени симболики/аватари и слично. Како? Кога размишљаш на определени религиозни симболи и доживуваш определени гностички состојби на свеста, ти се случува нешто во умот (на несвесно, прасвесно и свесно ниво). Ако свеста е особина на Универзумот, тие стања кажуваат нешто за начините на кои „Бог“ може да размислува пошо ние сме дел од нештото. И сите вери во нашиот Ум, како и сите логичко-математички, вербални, емотивни и др. феномени, кажуваат на какви све начини може да постои Свеста. Но расправиите за религиозните наративи ми се некако многу, како што би рекол еден голем форумски мислител, профани (се зезам). Но не знам дали е така и неам докази. Метафизиката е ван индуктивниот метод и општо, науката. Науката сама се потпира на метафизиката и онтологијата (онтолошкиот натурализам), со што, има практична примена во определен опсег на оперирање у реалноста.
Ова што го зборуем нема благе везе со второто доаѓање на Исус, така да тука ќе го прекинам муабетот. Има други теми за овие дискусии.