Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
z
Би те прегрнал брате.Токму тоа го велам цело време дека скренавме од тената.А најважно од се е дека Бог е љубов.
Автоматски споено мислење:

Разновидноста на луѓето е доказ дека Адам и Ева во себе носеле разнолики гени!
Токму така, љубов, затоа Исус е јак симбол, и се додека не се разбуди во човек чиста неусловна љубов кон се околу себе, никогаш нема да свати, и ќе се фаќа за колку спрата имала Арката, зошто свинско Не, каков бил геномот на Адам и Ева, тотално промашена поента и разглабање на небитни работи.
Имам еден од малкуте омилени комшии кој е длабок, вистински верник како ти, Либериј и слични... кога разговараме јазикот ни е љубов и многу убаво се разбираме.
Ти препорачувам истото, на атеист да не му пристапуваш со цитати од Библијата, левата хемисфера, рационалниот ум секогаш ќе бара логика и физички доказ....

И јас би те прегрнал!

И во духот на темата, Исус не се чека да дојде, Исус се буди во тебе... победа на Љубовта наспроти Себичноста.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447

Цело време сум со исто мислење како и ти, ама ме сардисаа со прашања.Морав да се бранам.Нека прости Господ ако нешто погрешив во тоа.!
Автоматски споено мислење:

Знаеш што значи зборот доказ, така?
Ај нека не е доказ, нека е показател.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Разновидноста на луѓето е доказ дека Адам и Ева во себе носеле разнолики гени!
Аман, од каде разнолики гени?
Адам има единствени гени, не можат да бидат разнолики. Не може тој да има во себе гени за сини очи, кафеави очи, црни очи... Неговите гени се (да претпоставиме) за сини очи, за кафеава коса, нос како пиперка, клемпави уши, долги раце, уште подолги прсти...
Ева ги има потполно истите гени, баш до последен (се чудам како Ева не е со мадиња). Од каде сега разнолики гени, не е возможно. Сите нивни деца (и внуци, правнуци, пра-правнуци, пра-пра-пра...) ќе бидат со сини очи, кафеава коса, нос како пиперка, клемпави уши, долги раце, уште подолги прсти...
 
Според тебе кога некој прави комјутер ќе го направи со ограничени, еднолични и едноставни функции и со неспособност на него да се инсталираат најразновидни програми?Во ред е ти си имаш едно мислење јас друго.Не би требало веќе да спориме.Верата во Бога треба да спојува, а не да раздвојува.А ако некој не верува нека си ја проба среќата на друго место во форумов, на друга тема.Јас сум одлучил да верувам во бога и доколку Тој постои или не постои пак ништо нема да изгубам, а оној кој не верува, а Тој постои, ќе изгуби и тоа колку!Поздрав.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
ПРОЧИТАВ МНОГУ КНИГИ
НО БИБЛИЈАТА МЕНЕ МЕ ЧИТА

Еден грешник рече:
„Има една работа што ми го одзема целото задоволство на животот.
"Навистина", одговори неговиот пријател, "што е тоа?"
"Се плашам дека Библијата е вистинита. Да знам со сигурност дека смртта е вечен сон, ќе бидам среќен. Но, имам трн во око.
Тоа е зборот што ја пробива мојата душа: Ако Библијата е вистинита, јас сум изгубен засекогаш затоа што го отфрлам Спасителот Исус Христос “.

Илјадници луѓе не ја сакаат Библијата затоа што таа се спротивставува на нивниот животен стил. Не ја сакаат затоа што ги открива сите наши лаги што сакаме да ги скриеме. Библијата нè прикажува онакви какви што сме навистина. Без да разубавува и лиже никого. Нè предупредува преку совеста кога сакаме слободно да „уживаме“ во гревот.
Луѓето не ја одбиваат Библијата затоа што таа се спротивставува на самата себе, туку затоа што им се спротивставува ним.
Други книги ни се дадени за информации.
Библијата е дадена за трансформација, тотална, целосна, одвнатре.
Вие не можете да разберете сè што читате во Библијата, но можете да бидете послушни на она што го разбирате.
Три особено застрашувачки гревови денес се: незаинтересираност, негирање и непочитување на Божјата реч.

Драг пријателе, не дозволувај да ја испуштиш можноста за вечен живот што ти е понудена.
Прифатете го Исус Христос како свој Господ и Спасител сè додека не биде предоцна, бидејќи по смртта нема спас.
Исус ги изми нашите гнасни гревови со Својата света крв, за да се исчистат нашите грешни срца одвнатре и бидат достојни за вечен живот.
Исус е лек за најлошиот вирус што нè убива за нашите гревови, а тоа е смртта.
Исус дојде да нè спаси од втората вечна смрт, и сите сме осудени на првата смрт, сакале или не.

Исус, воплотениот Бог, е добра вест за сите луѓе кои бараат спасение и излез од овој болен свет во кој живееме.

Евангелието за Исус Христос одекнува низ целиот свет и им се нуди на сите:
1 Сега, браќа, ти го објавувам евангелието што ти го проповедав, и кое исто така си го примил и во кое стоиш;
2 со кој си спасен, ако се сеќаваш на она што ти го проповедав, освен ако не веруваше залудно.
3 Зашто, пред сè, ти го доставив тоа што и јас го добив, дека Христос умре за нашите гревови според списите.
4 и дека беше погребан и дека воскресна третиот ден според списите

БИБЛИЈА: 1. Коринтјаните 15: 1-4
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Според тебе кога некој прави комјутер ќе го направи со ограничени, еднолични и едноставни функции и со неспособност на него да се инсталираат најразновидни програми?Во ред е ти си имаш едно мислење јас друго.Не би требало веќе да спориме.Верата во Бога треба да спојува, а не да раздвојува.А ако некој не верува нека си ја проба среќата на друго место во форумов, на друга тема.Јас сум одлучил да верувам во бога и доколку Тој постои или не постои пак ништо нема да изгубам, а оној кој не верува, а Тој постои, ќе изгуби и тоа колку!Поздрав.
Твое право е да веруваш и јас тоа не ти го оспорувам.
Ги оспорувам само твоите тврдења каде се обидуваш (покрај толку многу противречности кои не сакаш да ги согледаш) Библијата да ја претставиш како книга на вистината.
Поздрав.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
333
Поени од реакции
447
Твое право е да веруваш и јас тоа не ти го оспорувам.
Ги оспорувам само твоите тврдења каде се обидуваш (покрај толку многу противречности кои не сакаш да ги согледаш) Библијата да ја претставиш како книга на вистината.
Поздрав.
Нема потреба јас да ја претставам.Седни, прочитај ја, таа сама се претставува.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Нема потреба јас да ја претставам.Седни, прочитај ја, таа сама се претставува.
Ако не сум ја прочитал не би можел да ти укажувам на противречностите во неа.
Не знам како ти не ги забележуваш, некои се толку очигледни.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Среќа наша што Бог не размислувал како тебе!
Ne e stvar na razmisluvanje, oti ako e - togas koga ednas potopil ne bi imal problem pak, nesto kako porok, ne mozes da veruvas na narkoman deka nema pak da zede kind of situacija

Tuku vetil deka nema pak taka da se glupira
Zarem vinozitoto ne e znak potsetnik deka nema nikogas povtorno da ne potopi?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.800
Поени од реакции
42.431
членот @filip007 ми рече дека ќе одам во пеколот зошто сум неверник, а он што носи никнејм и аватар по ладнокрвен убиец за англиската тајна служба што води развратен живот и спие со милион жени ќе оди у рајот.
 
Бонд е како Брус Вејн, својата среќа ја има ставено под Б, под А му е да помогне, воден е од алтруизам во борбата против злите сили, често тоа изискува и впуштање во сексуален чин со пожелни припаднички на понежниот пол, се тоа е дел од планот.
 
Брус Вејн никогаш не убива, за разлика од бонд кој е животно и машина за убивање, е вакви идоли имаат значи чесните верници како @filip007 . Можам да замислам тој што би правел во слична ситуација на моќ. Сигурно кога ќе го изврши делото ќе оди во црква да запали свеќа и да се помоли за нивните души, и ќе остави 2 денари за нивните фамилии. И кило зејтин и едно кафе за секоја вдовица.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
За оние кои читаат површински, и намерно или не намерно извртуваат должен сум да повторам.
Библијата како книга на Црквата не е научна елаборација на минатото, тоа е Живиот збор на Вечноживиот Бог во дијалог со човекот, како начин на постоење од Историјата на создавањето за Вечноста, кое преку Литургиското искуство Христијаните го сведочиме уште овде и сега, а во полнота кога Христос повторно ќе дојде по Своето ветување во кое не' увери со Жртвената Љубов(спасително, егзистенцијално дело) на Крстот.
Оттука, обидот научно да се спекулира врз база на Библијата е измачувачко од "обете страни", иако има консултативен, научен опсег за времето кое го опишува како реален контекст и извор на податоци, повторувам, Господ не дојде како научник(тој потенцијал му го дал на човекот за вечно да се надградува....), туку да му обезбеди вечно постоење, егзистенција на човекот и созданието.
Христос е Синот на Живиот Бог, Отец, Пантократор, и го направи она што не успеа Адам, слободно, личносно да го поврзе човекот и сето создание со Бог.
Така во тој случај, Адам ќе станеше Адам Христос, бог по благодат(Божјата енергија), што е призив од Бог и за сите нас. :)
Автоматски споено мислење:

Библијата е контрадикторна за оние што ја читаат, толкуваат “однадвор“ т.е. без разбирањето,толкувањето преку и во Црквата како Автор на Библијата, тоа е суштинско, елементарно нешто што се подразбира. Имено Библијата, Стариот и Новиот Завет, се пишувани во Црквата преку Светиот Дух, оттаму единствено автентично разбирање може да произлезе од Црквата, тоа никако не значи дека останатите не смеат, немаат право итн., да читаат, толкуваат, напротив, но сепак треба да се земе предвид автентичноста, лишеност, редукционизам..., без таа основа. :)

Од таа позиција, потоа пристапуваме со одредено „предразбирање“, како важен израз во херменевтиката, бидејќи човекот не толкува како „табула раза“, но со извесна свест, во нашиов случај, Христијанска.
Стариот завет не е полнота на Вистината, туку насетување на доаѓањето на Вистината, Христос...
Затоа, нерелеванто е да се толкува од нашата, актуелна хуманистичка перспектива наративи од минатото, особено од С.З., тоа се сосема различни конетксти, нивоа на свест, етика, егзистенција...

Ова никако не значи дека Бог ги одобрува, бидејќи допушта(но никако не сака) да се случуваат, но ги допушта заради Божјата педагогија да го ослободи човекот од смртта, еве да земеме пример со гнасниот пример(од наше гледање) со Лотовите ќерки, кои сексуално општат со својот татко откако ќе го испијанат, од нив се произлезени два народа Моавците и Амонците.
Но, како ги третира библијата? Народи кои војуваат со Израилот, ПОГАН непријател, род ИНЦЕСТЕН, ШЉАМ...

Исто така треба да земеш во предвид дека во тоа време полигамијата, левиратскиот брак, робовладеачките односи..., Стариот Израил ги дели тие норми со останатите народи од тоа доба. Парадоксално, денес пак сме сведоци на декадентната, деструктвина, глобалистичка политика која сака да го владее целиот свет, токму на такви норми, принципи кои ги користат за својата опскурна цел.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom