Не е можно да Бог создава преку еволуција?
Теистичкиот еволуционизам можеби е најблиску до премостување на разликите, се во науката е точно, и се во теологијата ако се чита метафорички.
@filip007 мене лично не ми смета твоето верување ако те прави подобар човек, морално свесен со добра акција во светот.
Проблемот би настанал доколку во некој момент се почувствуваш повикан од бога да им го наметнеш буквално христијанството и на тие што имаат поинакво видување, историјата ни кажува дека патот до пеколот е поплочен со добри намери, сеуште гледаме остатоци од тоа.
Од друга страна, живееме во интересно време, мислам дека самата наука и атеизмот полека доаѓа, или ќе дојде, до прашањето за бог токму преку свеста и обидите да се создаде вешталка интелигенција, неминовно се поставуваат философски прашања за природата на истата.
Дали Филип ти мене би ме прифатил и прегрнал, некој што воопшто не му е битен Ноа, трите спрата на коработ ги гледа како метафора за небеса, земја и вода, Исус го гледа како симбол за жртва, а жртвата е највозвишена манифестација на љубов?