И ДУИ и Достоинство на расправата за законот за бранителите
И Достоинство ќе учествува на комисиската расправа за предлог законот за бранителите. В понеделник ќе побараат, а претседателката на собраниската комисија за труд и социјала, Цветанка Иванова ќе му дозволи на претседателот на Достоинство да присуствува, за да им каже на пратениците каков сметаат бранителите дека треба да биде законот, за навистина да им ги овозможи правата кои тие со години ги бараат.
,,Засега немаме никого покането,ја подготвуваме седницата, но ако некој достави барање и покаже заинтересираност да учествува, ќе одлучиме за тоа, има време до среда,,- вели претседателката на собраниската комисија за труд и социјална политика, Цветанка Иванова од СДСМ.
Од Достоинство тврдат дека е потребен целосно нов закон,затоа сметаат дека колку и измени да се предлагаат нема да помогнат. Тие ќе побараат само измена на делот во кој стои дека отштетата од 50 просечни плати да се однесува на висината на платите во моментот на исплатата на отштетата, а не висината која била во 2001-ва.
,,
За овој амандман ги повикуваме не само пратениците од опозицијата, туку и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат, ако навистина им мислат добро на бранителите и на нивните семејства. Овој предлог закон е измама од страна на власта и подигрување со интелигенцијата на бранителите, дециден е лидерот на ,,Достоинство,, Стојанче Ангелов.
Не само што Достоиство не се задоволни од предлог законот, него не го сака ни ДУИ, но тие планираат целосно да го блокираат неговото донесување. Сметаат дека вака како што е замислен ќе направи штета на меѓуетничките односи, не само со содржината,туку и со изразите кои се употребени внатре, но и поради тоа што ќе биде донесен со надгласување по етничка основа.
,,Во интерес на државата, во интерес на демократијата, во интерес на принципите воспоставени со Рамковсниот договор ние ќе направиме се за да го блокираме донесувањето на овој закон. Не само поради штетата што ќе ја направи на меѓуетничките односи поради дискриминацијата на едната или другата страна во конфликтот во 2001, туку и затоа што ќе воспостави принцип на мајоризација, што ќе не врати 10 години назад,,- го објаснува Бујар Османи ставот на ДУИ.
Ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, која го поднесе, е дека предлог-законот нема да биде повлечен и не постои можност да биде доработен според барањата на ДУИ и да се однесува на правата на сите учесници во конфликтот во 2001-ва.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=54388