Интересни идеи но за мене премногу изгледаат радикално за да се применат во Македонија. Македонија е мала земја, нема потреба од конгрес и два дома туку треба да остане централистичка. За конгрес и два дома да имаш треба на регионите да им дадеш повеќе ингеренции а тие регион се само фиктивни пошто немаат уставна улога, после државата идат општините значи треба да воведеме региони во вид на покраини што би значело поголема федерализација. За улогата на претседателот сегашната улога мислам е најдобра да биде повеќе репрезентативен без поголеми ингеренции. Парламентарниот систем треба да остане ја сум против претседателски систем како во САД или полупретседателски како Франција пошто може да донесе непотребни компликации.
Ако те разбрав добро сакаш еден вид модел како во САД ама пак ќе кажам тој не би бил соодветен за Македонија. Овој парламентарниот добро ни одговара сосе појачаните општини. Е сега ја би рекол да се промени изборниот систем, на пример да се има од секоја општина еден пратеник и истата бројка да ја добиеме преку листи од сегашниве изборни единици како што е примерот во Германија, значи пола репрезентативен модел пола персонализиран. Така и непартиски личности би имале шанса да влезат како пратеници ама и партиите со листите ќе бидат заштитени и секој бирач има два гласа, еден за личност од општината вториот за партија.
Иначе се согласувам дека треба да се намали моќта на владава при избор на командири, правобранители, уставни судии итн. има добри примери од други држави каде што се носат тие одлуки со консензус.
Слободата е радикален концепт.Основен стадиум на секоја државна организација никогаш не е слободата туку тиранијата.Сами со константно држење на истата во страв од граѓаните може да се одржи концептот на слобода.
Ајде сега едно по едно.
1.Значи моменталниот систем каде човек кој не е директно избран на избори може да има толкава власт во Македонија ( премиерот ) е смешен.Втора работа овој тип на организација нема никаква поврзаност дирекна само со САД зошто САД ја земале основата од Рим и Индијански сојуз од северот на земјата кој опстојувал веќе 300 години.Претседателот во САД иако изгледа како нешто многу моќен на ТВ во реалност моќта му е искастрена до коска.Ако конгресот не го изгласа,а сенатот одобри он тоа што го бара он нема ништо.Он е само Врховен Командант,има право да состави влада и да ги спроведува сегашните закони и право на вето на секој нов закон освен ако не е со повеќе од 75% поминат и во долниот и горен дом.
И во Европа има доста држави кај што немаат единствен парламент туку горен и долен дом токму заради фактот да не се концентрира моќта.
Нас дека тепачи на жени и генерално веќе верувам "ретардирани експерти " ни го пишувале уставот и како ќе бидеме организирани сега сме некаков тип на Демократска Парламентарна Социјалистичка Република.И тоа мешавина од најлошите делови од сите 4 система само за да се концентрира моќта во центарот на државата.
2.Поделбата на гласање за горен и долен дом ,посебно горниот зошто е по региони нема да има никаква поврзаност со федерализација.Исто како што сегашната поделеност на изборни единици не доведе до истата.
Тоа нема да бидат региони формализирани туку само како гласачки единици зошто искрено Југот има многу поразлични барања и потреби од Северот како што и Западот има различни барања од Истокот.
Долниот дом кој е поврзан со општините е супер за директно преставување на потребите на народот.Али потребно е погенерално претставништво..
На пример ти би можел во долниот дом да освоиш добар дел од конгресмените со тоа што ќе идеш на малите општини во Македонија ( Новаци,Македонска Каменица ) и ред други така општини со популација од неколку илјади жители.Али ако другиот ги држи големите центри како ( Битола,Прилеп,Тетово,Куманово ) он ќе ги собере најголемиот дел од сенаторите ( горен дом ).
Така ќе биде и најдобра организација.Долниот дом ќе ги претставува најосновните барања и потреби директно на своите избирачи ,сенатот ќе размислува на повисоко регионално ниво додека Претседателот ќе размислува на целосно државно ниво ( дека така се бирани ) и со тоа сите 3 гранки ќе се балансираат меѓу себе.
Патем сите гранки се меѓу себе се контролираат и никоја неможе да доминира некоја друга како што имаме денес.
Со претставничкиот модел пак каде на избори се гласа САМО за луѓе а не за партии ( надвор може партијата да го подржува колку сака него како личност ) се добива многу транспарентен модел.На пример да имав сега конгресмен на општина Аеродром и законот за бранители беше во конгрес ќе му се јавев или ќе му пишев порака "Ако не гласаш ДА барај си нова работа" и генерално сите ќе го мислеа истото ,додека сега покварениците се кријат позади партиски листи.
Исто и за сенатор.На пример кога би било претставено Скопје 2014 секоја изборна единица ќе се јавеа на своите сенатори и ќе им кажеа ако толку пари се фрлат на глупости во Скопје идете бидете си сенатори во Скопје следни избори.
Народот буквално го држи во рака државниот апарат.Тогаш ќе имаме власт каква што наистина посакува народот.
.
.
--- надополнето: 28 август 2012 во 10:49 ---
Вие терајте политика само честа за кратење на државниот апарат оставете ми ја мене
Мислам дека може и да се напуни државниот буџет преку кратењето .Може да се има како реалити ТВ шоу каде ти леандра седиш на фотеља влегуваат 6 административци ти кажуваат што сработиле од кога се вработени и ти им викаш само ОТПУШТЕН/А СИ и тука они плачат цмиздрат се закануваат дека ќе паѓа влада влегува полиција малце ги тепа и доаѓа следна тура.Секако ако има докази за корупција би можела да му речеш и УАПСЕН СИ при што влегува полиција му става торба на глава додека седи и го носи да му биде судено.
Би било доста гледано мислам.