ДУИ бара во законот за бранители да влезе и ОНА

Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Политичкиот систем во Македонија им дава предност на големите партии и нивните широки коалиции, потешко е за трета опција да биде конкурента ама воопшто во Македонија тешко да се етаблира долгорочна трета опција. Претежно тоа се партии кој се одцепија од матичната партија како НСДП или ВМРО-НП значи пак исто сранје.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Ами чаре ??
Си гласала не си гласала избори порано или покасно ке има.
Да се собереме, неколку добри луѓе,да направиме една платформа зад која што ќе се обединиме а која што ќе биде различна од оние што сега се нудат, и да ја понудиме на избори,со обврска за самораспуштање на движењето/партијата кога ќе ја оствари целта (понудената платформа).

Јас би понудил работи како:
-промена на изборниот систем,враќање на мешаниот (пропорционален + мнозински),вака парламентот за кур не го бива,само пушачи и плукачи се собрани таму.

-забрана на сите партиски фирми ќерки (унии на млади сили,жени,мени и остала багра).

-забрана за бавење со политика до одредена возраст (нешто слично како што е за претседател),да мораат младите прво да живеат во реалниот свет,па после кој сака,кога веќе ќе има некакво животно искуство може и со политика да се занимава.

-носење на закони со кои ќе се сведе на минимум рекламирањето на политичките партии и владата.

-воведување на непосредни избори за судии.

-сведување на државниот апарат на минимум,преку затварање на сите куропецачки агенции и министерства и преку отпуштање на администрација/или преку преполовување на платите на административците па на кого му се малку да си оди сам.

-оф-шор банкарски закони и амнестија на капиталот.

-укинување на акцизите на горивата и цигарите.

-легализирање на производство на лесни дроги(ова бара пошироко образложување,да не ја тупам сега)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280

Некои работи држат вода, некои се технички неизводливи посебно не сега со моменталната клима во државата.
Веќе ако си правиме бајрам со умот јас би одел со нешто порадикално пошто очигледно ние не сме за демократија.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Да се собереме, неколку добри луѓе,да направиме една платформа зад која што ќе се обединиме а која што ќе биде различна од оние што сега се нудат, и да ја понудиме на избори,со обврска за самораспуштање на движењето/партијата кога ќе ја оствари целта (понудената платформа).

Јас би понудил работи како:
-промена на изборниот систем,враќање на мешаниот (пропорционален + мнозински),вака парламентот за кур не го бива,само пушачи и плукачи се собрани таму.

-забрана на сите партиски фирми ќерки (унии на млади сили,жени,мени и остала багра).

-забрана за бавење со политика до одредена возраст (нешто слично како што е за претседател),да мораат младите прво да живеат во реалниот свет,па после кој сака,кога веќе ќе има некакво животно искуство може и со политика да се занимава.

-носење на закони со кои ќе се сведе на минимум рекламирањето на политичките партии и владата.

-воведување на непосредни избори за судии.

-сведување на државниот апарат на минимум,преку затварање на сите куропецачки агенции и министерства и преку отпуштање на администрација/или преку преполовување на платите на административците па на кого му се малку да си оди сам.

-оф-шор банкарски закони и амнестија на капиталот.

-укинување на акцизите на горивата и цигарите.

-легализирање на производство на лесни дроги(ова бара пошироко образложување,да не ја тупам сега)
Сметај ме и мене само со неколку измени на твоево.

Менување на парламентот со конрес,сенат и моќта да е кај претседателот.

На ливчињата за гласање да нема никакви партиски или организациски обележја туку само имињата на кандидатите.

Тоа со партиски организации не се согласувам

Судии не смее да се бираат дека тогаш судењето ќе премине во популизам.Али директен избор на обвинители и шерифи.

Комплетна легализација НА СИТЕ дроги ако се НА ПРИВАТЕН ИМОТ.Со тоа што ако се направи кривично дело под дејство на супстанци ( алкохол,дрога) казната да рипа х2 или х3 пати.

Јас викам најголемиот проблем во Македонија е дека никој не сака да смени нешто,сите мислат дека тие на власт на крај ќе се вразумат и ќе им дадат нешто што е сосема нереално.

Никој не ти дава ништо освен ако не му го земе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Супер, уште да кажеш како ќе овозможиш медиумски простор за презентација на идеите, како ќе ја формираш структурата (која без младина и жени е од старт десеткувана) и од каде ќе најдеш пари? Па на крај најважното прашање, како планираш да победиш на избори?
 
Јас ќе го одговорам тоа прашање само нека се најдат луѓе кои сакаат да почнат.

А и не разбирам зошто без младина и жени ? од кај го извади тоа.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Какво легализирајне на дроги луѓе, бидете реално ако веќе сакате трета опција вака тешко за успех на избори. Треба промени во политичкиот систем, сегашниов модел им дава предност на големите партии и тоа треба да се смени, на пример една изборна единица (ја сум против пошто алб. партии ќе имаат предност), отворени листи, мешан изборен систем, укинувајне на чојк-партии, итн.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
Какво легализирајне на дроги луѓе, бидете реално ако веќе сакате трета опција вака тешко за успех на избори. Треба промени во политичкиот систем, сегашниов модел им дава предност на големите партии и тоа треба да се смени, на пример една изборна единица (ја сум против пошто алб. партии ќе имаат предност), отворени листи, мешан изборен систем, укинувајне на чојк-партии, итн.
Грешка си, сегашниот систем ја укинува моќта на мнозинството на сметка на малцинството а тоа во најмала рака се коси со основниот принцип на демократијата каде потребите на мнозинството се побитни од потребите на поединци.
Ова не е демократија туку карикатура од демократија.
Да беше државата пациент и на интензивна нега да беше и на сите апарати да беше приклучен пак ке умреше.
 
Абе тоа во никој случај не може да биде главниот дел на кампањата.

Промени во политички систем.
Поедноставување на законикот
Промени на економскиот систем
Намалување на даноци
Реформа на владата
Реформа на државната организација

Ете тоа се точки врз кои се гради партија.

Притоа што кажа за политички систем.Баш заради тоа системот со Конгрес и претседател.

Претседателот ќе се бира на избори во една целосна единица.Конгресот пак би бил составен од горен и долен дом.

Горниот дом би бил биран регионски ( регионите би биле како што се сега изборните единици ) .Секој регион би имал по 2ца сенатори + уште 20 сенатори кои би биле поделени според популација.

Долниот дом пак би бил според општините (120 општини ) при што секоја општина би имала по еден свој претставник.

За долен дом би се гласало секој 2 години додека за горен на секој 3.

Исто така јавните обвинители и шерифи ( локална општинска полиција ) би биле гласани на избори секој 2 години.

На ливичињата на избори би смееле да стојат само имињата на кандидатите и никакво обележје од кој било тип.

Претседателот би имал комбинирани ингеренции на сегашните премиери и претседател.

Горниот и долниот дом би ги имале ингеренциите на сегашниот парламент али поделени меѓу себе за да нема апсолутна власт.(При што според мене горниот дом треба да го превземе легалниот дел од ингеренциите , додека долниот дом да е одговорен за буџет,објавување војна и останатиет практични ингеренции на сегашниот парламент ).
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Супер, уште да кажеш како ќе овозможиш медиумски простор за презентација на идеите, како ќе ја формираш структурата (која без младина и жени е од старт десеткувана) и од каде ќе најдеш пари? Па на крај најважното прашање, како планираш да победиш на избори?
Презентација на идеите/платформата може да се прави на алтернативен/ефтин начин,преку интернет,лични контакти со новинари па преку нив и учество во тв емисии.
Структурата нема да биде формирана на класичен начин,пошто ова и не е замислено како класична партија која има за цел да дојде и остане на власт,туку како партија/движење кое има за цел да ја оствари својата агенда и да се самораспушти.
Жени ќе има,ама нема да има моронски организации(фирми ќерки) во стилот на сегашните унии.
На избори ако добиеме,го правиме тоа што сме го замислиле и чао.Ако не добиеме,да сме живи и здрави,нема да биде крај на светот.
Ако ти се допаѓа идејата,не прашувај,кажувај што би додал,одзел..
Јас ќе го одговорам тоа прашање само нека се најдат луѓе кои сакаат да почнат.

А и не разбирам зошто без младина и жени ? од кај го извади тоа.
Ме нервира што децава уште не прооделе а веќе им го перат мозокот со политика.Уште во старт им го уништаваат потенцијалот.
Целта на мерките е да се намали/ограничи дејството,ширината на политичките партии,да се сведе на минимум,пошто е навлезена во сите пори на општеството.
Затоа ги спомнав фирмите ќерки,како унии на млади сили,жени,мени ова-она.Не мислев на ограничување на учеството на жените во политиката.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Грешка си, сегашниот систем ја укинува моќта на мнозинството на сметка на малцинството а тоа во најмала рака се коси со основниот принцип на демократијата каде потребите на мнозинството се побитни од потребите на поединци.
Ова не е демократија туку карикатура од демократија.
Да беше државата пациент и на интензивна нега да беше и на сите апарати да беше приклучен пак ке умреше.

Прво не сме демократија туку сме Република.

Во деморкатија 51% прави што сака.

Во република 51% може да прави што сака СЕ ДОДЕКА НЕ Е СПРОТИВНО НА УСТАВОТ.

Проблемот е што уставот ни го имаат пишувано екс-комунисти кои буквално препишале социјалистички устав и сите слободи што треба да ги имаме се ограничени до максимум за сметка на давање моќ на владеачките структури со што се губат сите предности на Република.

На пример во вистински устав правото на слободен говор е абсолутно али кај нас во старт е убацен делот клевета.

Имаме право на приватен имот но и веднаш е внесен и данок на имот со што ти практично не го поседуваш имотот туку го изнајмуваш од државата.

И така за ред други уставни права кој Фрчко и компанија ги средиле ептен убаво.
--- надополнето: 28 август 2012 во 01:55 ---
Ме нервира што децава уште не прооделе а веќе им го перат мозокот со политика.Уште во старт им го уништаваат потенцијалот.
Целта на мерките е да се намали/ограничи дејството,ширината на политичките партии,да се сведе на минимум,пошто е навлезена во сите пори на општеството.Затоа ги спомнав фирмите ќерки,како унии на млади сили,жени,мени ова-она.Не мислев на ограничување на учеството на жените во политиката.
Тоа не е бавење со политика.

Бавење со политика е да читаш книги на теми политичка филозофија.Да читаш за Џеферсон ,Френклин ( или кој било преставник на идеологијата за која си заинтересиран ).Да го правеа сите тоа и навистина да се бавеа со политика кај ќе ни беше крајот.

Немаше да имаме "десничарска" партија која има рекордни вработувања во државна администрација и дели субвенции и "левичарска' партија која сака да доприватизира се.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Грешка си, сегашниот систем ја укинува моќта на мнозинството на сметка на малцинството а тоа во најмала рака се коси со основниот принцип на демократијата каде потребите на мнозинството се побитни од потребите на поединци.
Ова не е демократија туку карикатура од демократија.
Да беше државата пациент и на интензивна нега да беше и на сите апарати да беше приклучен пак ке умреше.
Пример изборните единици: Да имаше една ВМРО-НП ќе имаше пратеници во собранието на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Но поради изборните единици сите гласови им се губат. Тоа е само еден пример ама во последните избори најмногу падна во очи.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
Прво не сме демократија туку сме Република.

Во деморкатија 51% прави што сака.

Во република 51% може да прави што сака СЕ ДОДЕКА НЕ Е СПРОТИВНО НА УСТАВОТ.

Проблемот е што уставот ни го имаат пишувано екс-комунисти кои буквално препишале социјалистички устав и сите слободи што треба да ги имаме се ограничени до максимум за сметка на давање моќ на владеачките структури.
Добро ајде република каде 51% не може да прави што сака се додека не е спротивно на уставот затоа што оние 49% имаат повеќе право од оние 51% пошто биле помалце и се загрозени. Добро се изразив сега ??
Ебати таква демократија и република.
Кога сме кај правата и слободите јас мислам да се седни и да се крати се по список. Многу се а не знаеме што со нив, таман работа да се додадат. Дури тогаш ке биди весело.
--- надополнето: 28 август 2012 во 02:06 ---
Пример изборните единици: Да имаше една ВМРО-НП ќе имаше пратеници во собранието на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Но поради изборните единици сите гласови им се губат. Тоа е само еден пример ама во последните избори најмногу падна во очи.
Зошто би имала пратеници кога мнозинското население не ги сака. А така би влегле во парламентот и би делувале на животот на цела држава не само на некоја општина. Затоа има локални избори па таму нека решаваат каде што ги сакаат и ги гласаат.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Добро ајде република каде 51% не може да прави што сака се додека не е спротивно на уставот затоа што оние 49% имаат повеќе право од оние 51% пошто биле помалце и се загрозени. Добро се изразив сега ??
Ебати таква демократија и република.
Кога сме кај правата и слободите јас мислам да се седни и да се крати се по список. Многу се а не знаеме што со нив, таман работа да се додадат. Дури тогаш ке биди весело.
Абе види ако сакаш ќе ти дадам линк фати авион уште за една недела можеш да живееш во големата држава Северна Кореја.Таму нема да имаш никакви права и ќе ти биди супер.

Срамота е колку векови Македонска крв се леела за да се добие слобода и некој денеска да посакува диктатури.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Абе тоа во никој случај не може да биде главниот дел на кампањата.

Промени во политички систем.
Поедноставување на законикот
Промени на економскиот систем
Намалување на даноци
Реформа на владата
Реформа на државната организација

Ете тоа се точки врз кои се гради партија.

Притоа што кажа за политички систем.Баш заради тоа системот со Конгрес и претседател.

Претседателот ќе се бира на избори во една целосна единица.Конгресот пак би бил составен од горен и долен дом.

Горниот дом би бил биран регионски ( регионите би биле како што се сега изборните единици ) .Секој регион би имал по 2ца сенатори + уште 20 сенатори кои би биле поделени според популација.

Долниот дом пак би бил според општините (120 општини ) при што секоја општина би имала по еден свој претставник.

За долен дом би се гласало секој 2 години додека за горен на секој 3.

Исто така јавните обвинители и шерифи ( локална општинска полиција ) би биле гласани на избори секој 2 години.

На ливичињата на избори би смееле да стојат само имињата на кандидатите и никакво обележје од кој било тип.

Претседателот би имал комбинирани ингеренции на сегашните премиери и претседател.

Горниот и долниот дом би ги имале ингеренциите на сегашниот парламент али поделени меѓу себе за да нема апсолутна власт.(При што според мене горниот дом треба да го превземе легалниот дел од ингеренциите , додека долниот дом да е одговорен за буџет,објавување војна и останатиет практични ингеренции на сегашниот парламент ).
Интересни идеи но за мене премногу изгледаат радикално за да се применат во Македонија. Македонија е мала земја, нема потреба од конгрес и два дома туку треба да остане централистичка. За конгрес и два дома да имаш треба на регионите да им дадеш повеќе ингеренции а тие регион се само фиктивни пошто немаат уставна улога, после државата идат општините значи треба да воведеме региони во вид на покраини што би значело поголема федерализација. За улогата на претседателот сегашната улога мислам е најдобра да биде повеќе репрезентативен без поголеми ингеренции. Парламентарниот систем треба да остане ја сум против претседателски систем како во САД или полупретседателски како Франција пошто може да донесе непотребни компликации.

Ако те разбрав добро сакаш еден вид модел како во САД ама пак ќе кажам тој не би бил соодветен за Македонија. Овој парламентарниот добро ни одговара сосе појачаните општини. Е сега ја би рекол да се промени изборниот систем, на пример да се има од секоја општина еден пратеник и истата бројка да ја добиеме преку листи од сегашниве изборни единици како што е примерот во Германија, значи пола репрезентативен модел пола персонализиран. Така и непартиски личности би имале шанса да влезат како пратеници ама и партиите со листите ќе бидат заштитени и секој бирач има два гласа, еден за личност од општината вториот за партија.
Иначе се согласувам дека треба да се намали моќта на владава при избор на командири, правобранители, уставни судии итн. има добри примери од други држави каде што се носат тие одлуки со консензус.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom