Волците во овча кожа.
Имаше на времето една Бела книга за тероризмот на ОНА издадена од МВР на Македонија, со графички фотографии од убиените, масакрирани, спалувани припадници на безбедносните сили на Македонија, со детални прегледни на настаните во 2001 година, списоци на убиените и повредени бранители, киднапираните и измачувани цивили.
Тоа е ДУИ.
Книгата денес е избришана од секаде каде беше прикачена на интернет, најверојатно со интервенција на јенките, за да се заборават злосторствата против човештвото кои не застаруваат никогаш (пази, преку амнестија, надвор од сите меѓународни правни принципи).
Македонија 20 години е заложник на оваа терористичка организација, која упорно работи на федерализација, отцепување и формирање Голема Албанија. Ова во меѓувреме е наплата на фактурата испорачана во 2001, првин мора да се обогатат на сметка на Македонецот.
Крајната цел на Западот е Македонецот да се омаловажи материјално, морално, психички, национално, религиски, до тоа ниво, да сам побара одвојување.